Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Планираната средба меѓу претставници на Соединетите Американски Држави и Иран, која требаше да се одржи во петок во швајцарското одморалиште Бургеншток, е откажана, потврди швајцарското Министерство за надворешни работи. Со тоа се отвораат нови прашања околу иднината на дипломатските контакти меѓу Вашингтон и Техеран, како и околу натамошната примена на неодамна постигнатиот привремен договор меѓу двете земји. Според информациите од ...
Британската актерка Ема Хусен е обвинета во Австралија за обид за шверц на 320 килограми метамфетамин. Австралиската полиција тврди дека дрогата, чија вредност се проценува на речиси 300 милиони австралиски долари, била скриена во вреќи со јаглен испратени од Гана. Истрагата започнала откако царинските служби откриле сомнителна бела кристална материја во контејнери пристигнати во пристаништето во Сиднеј. Хусен била уапсена во предградие на ...
Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“, на кој беше регистрирано жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти директорот на Светската здравствена организација. Според СЗО, биле потврдени 12 случаи на инфекција и еден поврзан случај, при што три лица починале. Бродот испловил од Ушуаја на 1 април и посетил повеќе острови во Јужниот Атлантик пред ...
Во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игри на среќа пред Комисијата за финансирање и буџет. Седницата е закажана за 10:30 часот, а се очекува на неа да учествуваат претставници од засегнатите страни кои ќе ги изнесат своите ставови и забелешки за предложените законски измени. Јавната расправа доаѓа по политички реакции околу закажувањето на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно ја повикаа претседателката на ...
Раководството на АБА лига денеска соопшти дека од следната сезона натпреварувањето ќе брои вкупно 20 клуба, со што лигата влегува во нова фаза на проширување. Како што е наведено, одлуката е донесена на Собранието на лигата, а веќе е потврдено враќањето на хрватскиот клуб Цибона, кој повторно ќе настапува по пауза од една сезона. Новитет во регионалната елита е и словачкиот клуб Слован Братислава, кој за првпат ќе учествува во АБА ...
Седумдесет и петгодишна државјанка на Македонија го загубила животот на Халкидики, откако била извлечена од морето во туристичкото место Неа Каликратија. Според информациите од грчката Крајбрежна стража, инцидентот се случил вчера, по што на местото веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Жената била пренесена во Здравствениот центар во Неа Мудања, каде лекарите констатирале смрт. Надлежните грчки служби информираат дека е ...
Бугарскиот претседател Румен Радев упати нови пораки до официјално Скопје, оценувајќи дека македонското раководство прави сè што може за да го одложи патот на државата кон Европската Унија. Тој порача и дека во моментов не гледа потреба од средба со премиерот Христијан Мицкоски. Изјавите на Радев доаѓаат по усвојувањето на најновиот извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, во кој остануваат нотирани обврските што земјата ...
Три девојки од тетовското село Селце се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, откако четирицикл излетал од коловозот. Според информациите од СВР Тетово, несреќата е пријавена на 17 јуни во 13 часот, а во неа учествувало четирицикл со тетовски регистарски ознаки. Најтешко е повредена 25-годишната Е.Т., која го управувала возилото, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и ...
Партиски делегации предводени од лидерите на Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски во сабота ќе одржат средба посветена на најавената реконструкција на Владата. Од ЗНАМ – За наша Македонија најавуваат дека на состанокот ќе побараат појаснување за опфатот на реконструкцијата, нагласувајќи дека таа не се однесува само на министерските позиции, туку и на поширок круг на именувани функционери во вториот и третиот ешалон на власта. Министерот ...
Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, пречека во својата канцеларија младите фудбалери на ФК „Албарса“, заедно со нивниот тренер Меритон Бериша, кои се закитија со шампионската титула во Лигата на фудбал на РСМ во категоријата У13. Тој истакна дека младите спортисти со своите настапи и резултати претставуваат причина за гордост и доказ за континуираниот развој на спортот во Чаир. Според Меџити, ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со колеги од Македонија и претставници на други општини, учествуваше на повеќедневна студиска посета на Република Хрватска, посветена на запознавање со концептот и функционирањето на граѓанските енергетски заедници. Во рамки на посетата, делегацијата ја посети Зелената енергетска задруга во Загреб, каде што беа презентирани моделите на граѓанско учество во енергетскиот сектор, ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави дека од 17 до 19 јули Прилеп повторно ќе биде центар на забавата и добрата атмосфера со одржувањето на 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал. Според Проданоски, Општина Прилеп и годинава ја дава својата поддршка за организацијата на една од најпознатите културно-забавни манифестации во државата, која се реализира во организација на здружението „Вајб Евентс“. „И оваа ...
Македонија испиша нова страница во заштитата на своето природно богатство. Македонскиот рубин официјално е заштитен како национален полускапоцен камен, со што државата за првпат добива официјално заштитен минерален симбол од ваков вид. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска соопшти дека е заокружен процесот на институционална заштита на македонскиот рубин, минерал кој претставува непроценлив дел ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.758,05 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 13,73 поени, односно за 0,14%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...
Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар ...
Пензионерите кои се во добра здравствена состојба и сакаат да останат активни на пазарот на трудот треба да добијат законска можност за вработување, особено во приватниот сектор, смета директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. На тркалезната маса посветена на недостигот од работна сила и можностите за активно стареење, Мемов истакна дека пазарот на трудот има потреба од искусни кадри и дека пензионерите можат ...
Се подготвуваат законски измени со кои ќе се регулира користењето на електричните тротинети и ќе се зајакне безбедноста во сообраќајот, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изработени врз основа на препораките на експертите и стручните служби на Министерството за внатрешни работи. Според ...
Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување на штети предизвикани од природната непогода – голомразица, која во почетокот на мај го зафати подрачјето на општината. Од локалната самоуправа информираат дека земјоделците ќе можат да поднесуваат пријави за настанатите штети најдоцна до 30 јуни. Станува збор за штети предизвикани од голомразицата регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, која нанесе последици врз земјоделските насади во ...
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55); На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02); На ...
ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Струмица го одбележа 36-годишниот јубилеј од основањето на партијата, на свечен настан на кој присуствуваа членови, симпатизери и поддржувачи. Пред присутните се обрати претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, кој испрати повеќе политички пораки и најави промени во владиниот тим, со почеток на реконструкција на Владата во претстојниот период. Мицкоски нагласи дека дел од носителите на јавни функции се ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана. Средбите се посветени на зајакнување на колективната одбрана, зголемување на инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата. На состаноците се разгледува натамошното унапредување на одбранбените способности на НАТО преку континуирани ...
Министерството за образование и наука најавува презентација на нов проект со кој треба да се воспостави системски и одржлив механизам за рано препознавање и соодветно постапување во случаи на семејно насилство врз деца. Проектот ќе биде координиран од Министерството за образование и наука, а во неговата реализација ќе учествуваат Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, ...
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Варвара во општина Сопиште. Планиран прекин ќе има и во населбата Бардовци во општина Карпош, каде дел од ...
Дел од корисниците во централното градско подрачје денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е предвиден поради замена на вентил на улицата „Димитрие Чуповски“. Без вода ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Според најавата од ...
Соединетите Американски Држави и Иран електронски потпишале меморандум за разбирање со кој, според наводите, започнува процесот за прекин на воените дејствија и нормализација на односите меѓу двете земји. Според американски извори, документот веќе стапил во сила и бил потпишан од претседателот Доналд Трамп, додека официјалната церемонија е најавена за петок во Швајцарија. Меморандумот предвидува итен и траен прекин на воените операции меѓу ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места, особено во источните делови на земјата, ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат меѓу 9 и 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер ...
Непријатниот мирис што се шири од одводите за време на дождливите денови е чест проблем во многу домови. По обилни врнежи, од цевките може да се почувствува силен мирис на канализација кој се шири низ бањата, а понекогаш и во другите простории. Многумина во такви ситуации веднаш посегнуваат по скапи средства за чистење или бараат помош од мајстори, но експертите посочуваат дека решението често е многу поедноставно и поевтино. Најчеста ...
Пријава за починато лице на местото викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут била евидентирана вчера во 13 часот во полиција, информираат надлежните служби. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки е утврдено дека починатиот е С.Ј. (52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи. Лекар на местото на настанот констатирал смрт, по што, по наредба на јавен ...
Во СВР Скопје е пријавен физички инцидент што се случил на подрачјето на Карпош, во кој биле инволвирани 75-годишен маж и две други лица, поврзани со спор околу стан под закуп. Според пријавата, на 15 јуни околу 16:00 часот, Б.Т. (75) од Скопје, во придружба на својот внук, дошол пред зграда каде што имал стан под закуп, со намера да го раскине договорот за закуп. Таму, како што се наведува, бил пречекан од С.К., сопственик на станот, и ...
Уставните судии денеска ја укинаа одлуката од 2007 година со која во Тетово се изврши преименување на повеќе улици и на градскиот плоштад. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Судот пред неколку месеци поведе постапка со образложение дека тогашниот Совет на Општината не добил согласност од Владата иако тоа го предвидува законот за определување улици, плоштади и други инфраструктурни проекти. Како резултат на тогашната одлука на ...