Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Бразилската репрезентација се соочува со сериозен проблем на Светското првенство, откако стана јасно дека Нејмар најверојатно нема да настапи во ниту еден натпревар од групната фаза. Ѕвездата на „Селесао“ ремито 1:1 против Мароко го следеше од трибините во Њу Џерси, а неговото отсуство дополнително ја зголеми загриженоста кај бразилските навивачи. Селекторот Карло Анчелоти потврди дека напаѓачот сè уште не е подготвен за настап. „Нејмар е ...
Лионел Меси одигра извонреден натпревар за Аргентина и со хет-трик ја предводеше својата репрезентација до убедлива победа од 3-0 против Алжир на стартот од Светското првенство. Со овој настап тој се израмни со Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци на мундијалите, со по 16 погодоци. Дополнително, Меси испиша историја и како најстар фудбалер кој постигнал хет-трик на Светско првенство. По завршувањето на натпреварот, следуваа ...
Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот Молдавија, а постигна победи против Косово и носителот Грузија. – Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше ...
Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и само одржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк. ...
Европскиот парламент со 411 гласа „за“ и 120 „против“ ја усвои конечната верзија на Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, подготвен од известувачот за земјата Томас Вајц. Во рамки на гласањето не беше прифатен амандманот број 3 предложен од Вајц, со кој се бараше бришење на параграфот 73 од документот. Во овој дел од извештајот се споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање порача дека партијата во периодот од 2017 до почетокот на 2019 година била изложена на силни политички притисоци и прогон, додавајќи дека во тој период постоеле и иницијативи од тогашното раководство на СДСМ за законско укинување на името ВМРО. Осврнувајќи се на развојот на партијата, Мицкоски истакна дека денес, осум години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ останува значаен политички ...
Трагичен случај во Грција повторно ја актуализира опасноста од тешките алергиски реакции по убод од оса. На островот Евија почина 21-годишна девојка, откако по убодот развила сериозна реакција на отровот. Иако кај најголем дел од луѓето убодот од оса предизвикува само болка, црвенило и оток на местото на убодот, кај лицата алергични на отровот може да дојде до анафилактичен шок – животозагрозувачка состојба која бара итна медицинска ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека ќе биде намален број на војници во мировната мисија на Алијансата во Косово (КФОР) и ќе има од 3.000 до 3.500 војници. Тој наведе дека намалувањето на бројот на војници на КФОР е позитивно, бидејќи ситуацијата во Косово континуирано се подобрува. – Во моментов, КФОР има околу 4.700 војници. Она што ќе го направиме е да се вратиме на нивото од пред 2023 година. Секако, во зависност ...
Џеф Безос се качи на сцената во VivaTech во Париз во среда за да го изнесе аргументот дека човештвото мора да се пресели на Месечината и на крајот подалеку, не само заради истражување, туку и за да ја спаси планетата од ефектите на технологијата и индустријата. Зборувајќи заедно со извршниот директор на Blue Origin, Дејв Лимп, на сесија модерирана од поранешниот астронаут на НАСА, Мајк Масимино, основачот на Amazon и извршен претседател на ...
Европската ракометна федерација го објави списокот на сигурни учесници за новата сезона во Лигата на шампионите, додека македонскиот првак Вардар сè уште ја чека одлуката за доделување на вајлд-карта. Меѓу клубовите кои веќе имаат обезбедено место во елитното натпреварување се Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и освојувачот на Европската лига, Мелсунген. Вардар нема ...
Кристијано Роналдо испиша нова страница во историјата на Светските првенства, откако постави рекорд како најстар фудбалер во поле што започнал натпревар во стартниот состав на мундијалите. Португалската ѕвезда настапи од првата минута на мечот против ДР Конго и на возраст од 41 година и 132 дена го надмина досегашниот рекорд во оваа категорија. Апсолутен рекордер по старост на Светските првенства и понатаму останува легендарниот египетски ...
Кејот на реката Вардар, едно од најпосетените места за рекреација и прошетка во Скопје, добива нова урбана опрема, информираат од Град Скопје. Во рамки на активностите се поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да биде поуреден, почист и пофункционален за граѓаните кои секојдневно го користат кејот. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека интервенциите се реализираат по барање на жителите и како ...
Општина Охрид, во пресрет на летната туристичка сезона, упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на Охридското Езеро на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот, како и долж крајбрежјето во туристичката населба Пештани. Во повикот се наведува дека мерката се спроведува поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел обезбедување уреден простор и непречено користење за ...
Во петок и сабота коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе одржат состаноци посветени на можната реконструкција на Владата. Информацијата ја потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека очекува продолжување на добрата соработка со ВЛЕН. „Имаме коректна и пријателска соработка со нашиот коалициски партнер ВЛЕН и очекувам тоа така и да продолжи. По изборите во 2024 година следеа локални избори на кои тие остварија убедлива ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение дека сториле кривично дело поврзано со терористичка организација. Постапката е покрената по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, а предметот е резултат на координирани активности реализирани од Секторот за борба против тероризам, насилен ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на завршувањето на градежните активности за реконструкција на ЈЗУ Општа Болница во Струмица. Тој најави дека објектот, по финалното доопремување, ќе биде целосно пуштен во употреба на почетокот на есента. Премиерот потенцираше дека по цели четири децении чекање, овој крупен проект конечно влегува во својата завршна фаза за испорачување на современи медицински услови. „Добар ...
Утрово во скопската населба Кисела Вода, кај местото познато како „Рампа“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко и товарно возило. Според првичните информации, дошло до судир меѓу автомобил и камион, по што двете возила останале на коловозот и предизвикале привремен застој во сообраќајот на овој фреквентен патен правец. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините што довеле до несреќата. Надлежните ...
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години од своето формирање, со централна манифестација што ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица. Собирот започнува во 20:00 часот, а партијата упатува покана до сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредок, работа и развој на државата, да присуствуваат и заеднички да го одбележат јубилејот. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ...
Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот. Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради уличен дефект, од 05:25 часот утринава е прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“ во општина Кисела Вода. Од претпријатието посочуваат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот со цел што побрзо нормализирање на снабдувањето со вода. Според информациите, жителите од погодените улици ќе останат без вода ...
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска дел од корисниците во општина Гази Баба ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе трае од 05:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Архимедова“. Без електрична енергија ќе останат и објекти во близина на студентскиот дом „Стив ...
Најмалку четири лица ги загубија животите во текот на ноќта во нов бран руски напади врз Украина, соопштија локалните власти. Во Доњецката област, три лица загинале, а уште петмина биле повредени при напад врз градот Славјанск, кој претставува една од клучните точки на украинската одбрана во регионот Донбас. Во меѓувреме, градот Запорожје бил нападнат со беспилотни летала, при што загинало најмалку едно лице, а седум други биле повредени. ...
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ќе се изјасни за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија, чиј известувач е Томас Вајц. Гласањето се одржува во период на зголемени политички тензии меѓу Скопје и Софија, особено по поднесувањето на амандман со кој се предлага бришење на дел од текстот што се однесува на Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу двете земји. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со подолги сончеви периоди, но во попладневните часови се очекува развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, на одделни места атмосферските процеси може да бидат поинтензивни, со пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека ...
Бранителот на светската титула Аргентина успешно го отвори настапот на новото Светско првенство во САД, Канада и Мексико, откако во натпревар од групата Ј славеше убедлива победа од 3:0 против Алжир. Главна фигура на средбата беше капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси, кој ги постигна сите три погодоци и го запиша првиот хет-трик на шампионатот. Возбудувањата започнаа уште во воведните минути кога по еднаш се затресоа двете мрежи, но ...
Здравјето на срцето и крвните садови во голема мера зависи од секојдневните навики, при што правилната исхрана се издвојува како еден од клучните фактори. Стручњаците од областа на кардиологијата постојано укажуваат дека редовната консумација на овошје може значително да придонесе за подобра работа на кардиоваскуларниот систем, благодарение на богатството од витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Јаболката се наоѓаат на врвот на листата ...
Во скопската населба Бирарија започна реконструкцијата на улицата „Томе Арсовски“, како дел од инфраструктурните активности во Општина Кисела Вода. Проектот се реализира со средства од унгарскиот кредит, во рамки на втората фаза од пакетот проекти финансирани преку овој извор, согласно договорот меѓу Владата и Министерството за транспорт. Од Општина Кисела Вода информираат дека со овој зафат се предвидува целосна реконструкција на улицата, ...
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ реализираше акција за генерално чистење во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, во рамки на активностите за одржување на чиста и здрава животна средина. Од претпријатието информираат дека во текот на акцијата биле собрани и транспортирани околу 20 кубни метри претежно кабаст отпад, кој бил отстранет од училишните простории и од дворот на гимназијата. „ЈП ‘Комунална хигиена’ секоја година ...
Рускиот претседател потпиша указ со кој официјално се распишуваат изборите за нов состав на Државната дума, долниот дом на Федералното собрание на Руската Федерација. Според документот, изборите ќе се одржат на 20 септември, а указот стапува во сила веднаш по неговото официјално објавување. Овие избори ќе бидат значајни бидејќи за првпат право на учество ќе имаат и жителите на Донбас и Новоросија, територии кои Русија ги анектираше по ...
Заменик-министерот се осврна на актуелната состојба на копнените гранични премини, со посебен акцент на спроведувањето на новиот систем за ефикасност на европските граници. Како што истакна, приоритет е подобрување на протокот на патници и намалување на задржувањата на граничните премини. Тој ја нагласи важноста на можноста за привремена суспензија на биометричката регистрација, која е предвидена со европската регулатива, а која може да се ...