Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Денеска завршува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваат по електронски пат преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи ги своите кориснички сметки на платформата schools.mk. По електронската апликација, кандидатите треба да ја достават потребната документација во училиштето во кое конкурираат. Во јуни се предвидени две електронски пријавувања. Првото ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски порача дека нема намера да бега од државата по најавите за издржување затворска казна и упатниот акт за затворот во Шуто Оризари. Јакимовски рече дека не се гледа себеси во сценарио слично на она на поранешниот премиер Никола Груевски и нагласи дека ќе ја почитува судската одлука, иако, според него, случајот против него е политички конструиран. Поранешниот градоначалник откри и дека има ...
Шведска имаше фантастичен старт на Светското првенство, откако со убедливи 5-1 го совлада Тунис и испрати силна порака уште во првото коло. Швеѓаните рано го отворија резултатот преку Ајари во седмата минута, а Исак во 30. минута ја удвои предноста. Тунис успеа да ја врати неизвесноста пред паузата кога Рекик погоди за 2-1. Сепак, второто полувреме донесе целосна доминација на Шведска. Ѓокереш во 60. минута зголеми на 3-1, Сванберг во 84. ...
САД и Иран соопштија дека постигнале договор за прекин на непријателствата меѓу двете земји, кој треба официјално да стапи на сила во петок по церемонија на потпишување во Швајцарија. Иако целосниот текст на договорот сè уште не е јавно објавен, и Вашингтон и Техеран потврдија дека преговорите се успешно завршени. Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа „Трут Соушал“ објави дека договорот со Исламската Република Иран е ...
Најмалку шест лица загинаа по судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, Бразил. Властите проверуваат информации според кои меѓу жртвите можеби се наоѓа и американскиот пејач и комичар Oliver Tree. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што двете летала се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При ударот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 возила. Противпожарните служби соопштија дека сите ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер. Во западните делови ќе дува ветер од западен правец, кој повремено ќе засилува, додека долж Повардарието и во источните региони ќе преовладува југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува слично време – сончево и топло со слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. ...
Од денеска стапуваат во сила нови правила за плаќање на патарините во Македонија, со кои се менува начинот на користење на лентите за електронска наплата. Според новите правила, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски тагови. За разлика од досегашната практика, на овие ленти повеќе нема да биде овозможено плаќање со MCard. Возачите кои користат MCard ќе треба наплатата да ја вршат на останатите ...
Цените на нафтата денеска забележаа значителен пад на азиските берзи по објавата дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Нафтата од типот „Брент“ поевтини за 3,8 проценти и се тргуваше по цена од 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта забележа пад од 4,1 процент, достигнувајќи цена од 81,40 долари за барел. Веста за договорот првично ја објави Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање ...
Дваесет и шестгодишна девојка од струшкото село Ливада го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 11:30 часот се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија. Според првичните информации, во несреќата учествувале автомобил управуван од жителка на Корча и возило со струшки регистарски таблички, кое го управувала македонска државјанка од Ливада. Во судирот животот го загубила 26-годишната Е.Л., која била ...
Германија има предност од 3-1 по првото полувреме од натпреварот против дебитантот Курасао на Светското првенство. Германците ја оправдаа фаворитската улога уште во првите 45 минути. Во листата на стрелци се запишаа Феликс Нмеча и Нико Шлотербек, двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд, додека третиот гол падна од пенал што го изнуди Нмеча, а сигурен реализатор беше Каи Хаверц. Сепак, најголемо внимание привлече историскиот погодок на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека денешниот израелски напад врз Бејрут не требало да се случи и предупреди дека не смее да се загрози можноста за постигнување договор со Иран. Во објава на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, Трамп истакна дека сите страни треба да покажат воздржаност, особено во момент кога, според него, Вашингтон и Техеран се многу блиску до рамковен мировен договор. „Не треба да има повеќе напади од ...
Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос наскоро ќе престојува во Македонија во рамки на нејзината редовна обиколка на земјите од регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека станува збор за една од вообичаените посети на европските претставници на земјава и ја искористи можноста да ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Владата е меѓународно изолирана. Мицкоски нагласи дека во изминатите два ...
Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност. Од партијата тврдат дека и покрај информациите дека системот повторно е ставен во функција, корисниците и натаму се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата. Според СДСМ, нефункционалноста на системот доаѓа ...
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, по што ќе започнат разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека по настанот, кој ќе се одржи на стадионот во Струмица, ќе следуваат консултации за можните промени во владините редови. Осврнувајќи се на прашањето за евентуални предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека ставот на ...
Бразил и Мароко ги поделија бодовите играјќи 1-1 на стадионот „МетЛајф“, додека Шкотска со минималната победа од 1-0 над Хаити се искачи на првото место во групата. Мароканците оставија подобар впечаток во поголемиот дел од натпреварот и беа поблиску до победа, додека избраниците на Карло Анчелоти повторно покажаа дека имаат простор за напредок доколку сакаат сериозно да се борат за светската титула. Африканската селекција подобро го отвори ...
Општина Чаир продолжува со инвестициите за подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денеска, на територијата на општината започна поставувањето на 100 нови контејнери на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни делови на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од ...
Сончевото и топло време ќе продолжи и во текот на денешниот и утрешниот ден, додека од вторник се очекува постепена промена на временските услови. Според прогнозата на синоптичарите, во вторник локално, а во среда во поголем дел од земјата ќе има врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на грмежи. За денеска се најавуваат утрински температури од 7 до 17 степени, додека дневните ќе се движат од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 08.06.2026 до 12.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазари во редовното тргување изнесуваше 79.692.253 денари. Во неделниот извештај се евидентирани 370 трансакции и вкупна количина од 41.437 хартии од вредност. Со вклучување на блок-трансакциите, вкупниот промет достигна 1.171.853.596 денари. Во блок-сегментот беа реализирани ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров. Тој истакна дека за првпат од нејзината изградба улицата целосно се реконструира, при што ќе се изведе целосна обнова на коловозот во должина од повеќе од 1.000 метри. Проектот опфаќа и изградба на попивателни бунари, уредување на просторот ...
Швајцарија, земја која традиционално се смета за отворена за странски инвестиции и слободно движење, ќе одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за можни ограничувања на растот на населението и имиграциската политика. Гласањето доаѓа во период кога населението во земјата значително се зголемило, достигнувајќи околу 9,1 милион жители до крајот на 2025 година, што претставува раст од околу 10 проценти во последната деценија. За првпат, ...
28-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината 56-годишна свекрва, која ѝ го оштетила и возилото, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, кога свекрвата С. О. најпрво го оштетила нивното возило „пежо боксер“, а потоа со употреба на физичка сила ја извлекла од возилото и ја турнала на земја. При падот, младата жена се здобила ...
Случаен минувач вчера спасил 83-годишен маж кој се давел во реката Вардар, во близина на Карпош, информира полицијата. Станува збор за лицето Д. И. (83), кое имало здравствени проблеми и по укажаната помош било пренесено во Градската болница „8 Септември“ за понатамошно лекување. Настанот се случил вчера околу 07:00 часот, а брзата реакција на минувачот спречила трагедија. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Случаен минувач вчера ...
Репрезентацијата на Англија се соочи со сериозен проблем во пресрет на својот прв натпревар на Светското првенство, откако од нивниот камп била украдена поголема количина спортска опрема. Според информации објавени во американските медиуми, меѓу исчезнатите предмети се копачки на фудбалерите, тренинг-опрема, реквизити на стручниот штаб, топки, како и официјални дресови и друга опрема наменета за натпреварите. Во англискиот табор веднаш била ...
САД и Иран се блиску до постигнување договор за ставање крај на конфликтот, а според извори запознаени со преговорите, документот би можел да биде потпишан веќе во недела во Женева. Висок претставник на американската администрација изјавил дека двете страни веќе се согласиле околу текстот на почетниот договор и дека Вашингтон очекува негово формализирање во наредните денови. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи оцени дека ...
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:22 часот во областа на Егејското Море, во близина на турскиот град Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од Измир, а поради релативно малата длабочина, земјотресот можел да биде почувствуван во пошироката околина. Податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот се наоѓал на ...
Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж осомничен за продолжено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Според информациите од Обвинителството, осомничениот во периодот од јануари до јуни годинава во повеќе наврати имал сексуални односи со 12-годишно девојче. Покрај ова, тој се сомничи и за кривично дело прикажување порнографски материјал на дете. Од ...
Изградбата на автопатот Скопје – Блаце треба да започне во текот на летото, откако е завршена постапката за избор на изведувач на проектот, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според информациите што Министерството ги добило од Европската банка за обнова и развој, за реализација на проектот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“. Николоски оцени дека изборот на македонска ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа Икс оцени дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за првпат јавно изнела ставови кои според него СДСМ и граѓанскиот Фронт за вистина и правда ги застапуваат подолг период. Филипче се осврна на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку историски и идентитетски дебати, нагласувајќи дека ...
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не претставуваат крај на барањата, туку можен почеток на нови условувања што Бугарија би можела да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот може да доведе до дополнителни притисоци и нови предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и ДУИ со своите досегашни политики ја довеле државата во, како што велат, подредена позиција, со што се ...
Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански дронови кои се обиделе да нападнат трговски бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас. Според Централната команда на САД (CENTCOM), сите беспилотни летала биле уништени, а поморскиот сообраќај продолжил без прекин. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека американската морнарица спроведува ...