
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Дискотеката „Пулс“ во Кочани работела нелегално, што е документирано и потврдено. Истрагата треба да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се очигледни, велат од СДСМ. Повикувајќи се на податоците објавени во Бизнис мрежа, од партијата додаваат дека фирмата-сопственик на дискотеката работела со блокирана сметка дури 217 дена и сè уште не е тргната. Време е конечно да има целосна и неселективна, дисциплинска, кривична и политичка ...
Последен поздрав за Сара Пројковска-Николовска, еден од пратечките вокали која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со групата ДНК. На комеморацијата во нејзина чест, последен поздрав за Сара од колегите, соработници но и ученици во Музичко балетскиот училиштен центар во кој таа беше вонреден професор. Сара дипломирала во 2.000 година со највисок просек 10. За време на своето образование учествувала на ...
Во општеството присутна е генерална партизација на институциите, тоа го ослабува нивниот капацитет, а државата ја прави нефункционална, истакна претседателот на МАНУ Живко Попов во неговото излагање. Со вака конципирани институции, државата многу тешко ќе се справи со предизвиците при отворањето на поглавјата за членство во ЕУ – укажа Попов. Имало периоди кога во МАНУ македонските академици не биле мнозинство. Во овој изборен циклус, МАНУ ќе се ...
Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, информираше на денешната прес- конференција владината портпаролка Марија Митева. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите ...
На покана на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од редовното годишно Собрание на оваа највисока научна институција во земјава. Настан кој, покрај резимето на академските достигнувања, ја отвори и неопходната дебата за системските предизвици и реформите кои ни претстојат. Академската заедница е еден од клучните столбови врз кои треба да се ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик. Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита ...
По спроведената анкета за задоволство на корисниците за 2024 година, средна оценка од задоволството на сите компании корисници на ТИРЗ изнесува 4.48 од максимум 5.00. Ова претставува позитивен тренд и раст во однос на 2023 година, кога просечната оценка изнесуваше 4.42, што укажува на континуирани подобрувања во квалитетот на услугите и поддршката што ја нуди Дирекцијата за ТИРЗ. Како што информрираат од ТИРЗ, анкетата ги опфати сите главни ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им ...
Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лаптоп компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ...
Во моментов на скопските клиники се лекуваат 23 пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани, а над 20 се испратени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од хоспитализираните, четворица се на скопските клиники, двајца на Клиниките за пластична хирургија, двајца на токсикологија, во хируршкиот клинички центар „Св. Наум Охридски“ има шест пациенти, во „8 Септември“ девет, додека во приватната болница ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја, истакна вицепремиерот и министер за транспорт ...
Овој зеленчук има многу малку калории, но содржи многу нутритивни вредности. Зеленчук богат со витамин Ц, а покрај тоа што ја прави кожата блескава, краставицата содржи и над 90 проценти вода, а е идеална храна за хидратација на организмот, обезбедувајќи ви енергија и елиминирање на токсините. Покрај тоа, оваа храна е богат извор на влакна, па затоа е одличен избор за секоја летна диета. Калиумот, кој го содржи краставицата, помага во ...
Постигнат е голем напредок во обидот да се постигне прекин на огнот меѓу Украина и Русија, уверува американскиот претседател. Трамп потврди дека во процесот на следење на примирјето ќе бидат вклучени и трети земји. Иако договорот се смета за прв чекор кон поширок прекин на огнот, експертите предупредуваат дека тоа нема значително да ја промени ситуацијата на теренот. „Во длабоки разговори сме со Русија и Украина. И јас би рекол дека оди добро, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6:2, 6:2. Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра. Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови. Ѓоковиќ ја искористи ...
Фудбалската репрезентација на Македонија и Велс синоќа одиграа нерешено 1:1 (0:0) во 2. коло од квалификациите за СП 2026. Бојан Миовски го отвори резултатот во 91-та минута од натпреварот, додека Дејвид Брукс израмни во последните секунди од судиското продолжение кое траеше шест минути. Навивачите во 59-тата минута со громогласен аплауз им оддадоа почит на 59-те жртви во трагичната несреќа во Кочани што се случи на 16-ти март. По првите две ...
Американскиот претседател изјави дека го поддржува советникот за национална безбедност Мајкл Волц и потенцираше дека по „аферата Сигнал“, тој си ја научил лекцијата. Говорејќи за инцидентот во кој највисоки претставници на администрацијата на САД по грешка вклучија новинар во разговор на платформата Сигнал за претстојниот напад на САД врз јеменските Хути, Трамп рече дека во таа комуникација немало доверливи податоци. „Секако ќе го разгледаме ...
Украинскиот претседател е песимист дека Русија ќе ги почитува условите за прекин на огнот предложени од САД. Украина ќе направи се за да функционираат договорите и да нема напади, но русите мора да сфатат дека ако нападнат, ќе добијат силен одговор, истакна Зеленски. По маратонски преговори, американски, руски и украински претставници во Саудиска Арабија постигнаа договор за безбедна пловидба во Црно Море и запирање на нападите на енергетската ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој изјави дека под физичка тортура бил принуден да потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерале да каже дека го познаваа таткото на девојчето. Видевски беше испитуван од страна на неговиот адвокат, а неговото сослушување треба да продолжи и денеска. ...
Полицијата и Обвинителството интензивно работат на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Нови претреси и распити. Се собираат докази од канцеларии на Пазарниот инспекторат во Кочани и во Виница, под лупа и друг објект на сопственикот на „Пулс“. Во полициската станица беа повикани и сопругата и ќерката на газдата на кабарето. Кочанскиот суд одлучува по пристигнатите жалби. Од 22 пристигнати, за 14 е одлучено да остане мерката 30 ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на кои им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со ...
Денеска околу 14.20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св. Никита во с. Горњани, сопрено е патничко моторно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. од с. Блаце, скопско. При извршениот преглед во возилото, констатирано е дека е натоварено со огревни дрва, без соодветна документација. И. С. е приведен согласно член 104 став 11 од Законот за шумите и спроведен во ПО Мирковци за ...
Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од ...
Една од најомилените претстави на македонската публика, операта „Травијата“ од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 29 март со почеток во 20.00 часот. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша ...
На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи како резултат на вчерашните (24.03.2025) активности на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли беа издадени вкупно 667 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ). Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно ...
МВР поднесе кривични пријави против 5 физички и едно правно лице за злоупотреба на тендер за обезбедување на патарини во ЈП „Државни патишта“. Приведен е поранешниот директор на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми кој се терети дека во 2022 година склучил договор вреден 760 илјади евра со фирма од Кичево за обезбедување на 14 наплатни станици на ЈП “Државни патишта“. Приведени се и заменик директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи, двајца ...
Постојано се зголемува бројот на психолози кои се вклучуваат во давањето психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и наставниците по трагедијата во Кочани. Минатата недела имавме 100-тина, оваа недела во мрежата на училишни психолози имаме 130. Сите тие поминаа специјализирана обука за постапување во оваа кризна ситуација и се активни на терен. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на ...
Прилепското обвинителство побара притвор до 30 дена и истражна постапка за две кривични дела – обид за убиство и неовластено носење оружје за осомничениот кој вчера во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи рани службеничка, истрелал најмалку 4 куршуми и им се заканувал на вработените. Ранетата социјална работничка на која осомничениот долго време и се заканувал е во стабилна состојба. Дел вработени побарале медицинска помош по ...
Уште 12 повредени пациенти од пожарот во кочанската дискотека заминуваат на домашно лекување. Во државните и приватните клиниките остануваат 27-мина. Четворица пациенти кои се лекуваат во странство и натаму во критична состојба, кај некои има влошување. Се очекува, пациент кој е во хоспитализиран во Белград, лекувањето да го продолжи во Скопје. Тој е во добра состојба и по направената тријажа ќе биде сместен во клиничкиот центар. Министерот за ...
Американската делегација ги продолжи преговорите со украинските претставници во Ријад откако по повеќе од 12 часа ги заврши разговорите со Русија. Од Кремљ потврдија дека содржината од средбата нема да ја објавуваат, додека од Белата куќа соопштија дека дискусиите главно се фокусирани на прекин на огнот во Црно Море, но и за други прашања како дел од напорите за ставање крај на тригодишната војна. „Зборуваме за технички разговори, каде што тие ...