Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја“, соопшти дипломатскиот оддел. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и трајни духовни вредности. Во своето обраќање, таа ...

Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека кога Таравари бара гаранции за почеток на преговорите со ЕУ, не бара функции или политички пазарења. „Кога нашиот претседател д-р Арбен Таравари бара јасни гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија и за гласањето на уставните измени, тој не бара функции, привилегии или политички пазарења. Тој бара сигурност за граѓаните, перспектива за младите и јасен европски пат за државата“, се ...

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, соопшти МВР. Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето, информираат од полицијата, му е ...

На територијата на државата до 18:00 часот се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, соопшти ЦУК. Од нив, 1 пожар е активен, 1 пожар е ставен под контрола, а 7 пожари се изгаснати. „Активен пожар: • Општина Штип – град Штип (депонија). Пожар под контрола: • Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино (ниска вегетација). Изгаснати пожари: • Општина Куманово – ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 (ниска вегетација); • Општина ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата „EU4Health“, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На потпишувањето, Алиу истакна дека пристапувањето кон „EU4Health“ претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека реформските процеси ...

Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието најнапред истакна дека во самата интерпелација наместо да бидат изнесени факти и бројки, во истата се содржани лични навреди и претпоставки, како и обид за лична дискредитација на министерот при што се замешани и делови од неговото семејство. Ласовска во продолжение образложи дека интерпелацијата за министерот Тошковски не е основана и истата не треба да ...

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени. Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана ...

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели. „Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 една ...

Фудбалскиот клуб Беласица официјално го претстави Мартин Алаѓозовски како нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим, доверувајќи му ја задачата да ја предводи екипата во претстојниот период. Алаѓозовски зад себе има богато тренерско искуство, особено во работата со младинските категории, каде што остави значаен белег. Во текот на својата кариера работеше во младинскиот погон на Брера Струмица, освојувајќи повеќе шампионски титули и ...

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оцени дека по две години мандат ветувањата за професионална полиција, реформи и поголема безбедност останале само празни зборови. „Министерот Тошковски на самиот почеток на мандатот ветуваше професионална и ефикасна полиција, реформи, зголемување на безбедноста и довербата на граѓаните. Понатаму ...

Денеска се одржа втор рок за уписи на средношколците. Додека вчера, на 23 јуни, се реализираше електронското пријавување, денес учениците имаа обврска документите да ги достават со физичко присуство. Според досегашните податоци, најголем интерес има за стручните училишта, особено за медицинските и техничките струки. Во ДСУ „Коле Нехтенин“ во првиот циклус од уписниот рок се запишале 187 ученици, а денес, во вториот циклус, се пријавиле уште ...

Со молитва и запалена свеќа за здравје и спасение, верниот народ денеска го одбележува Светиот апостол Вартоломеј. Уште рано утринава, пред жештината, голем број граѓани ја посетија градската црква Свети Никола во Штип, барајќи благослов, заштита и духовна крепост од светецот. Анкетираните верници пред камерите на М-НЕТ телевизија велат дека токму верата е она што ги одржува во најтешките животни мигови. Празникот и годинава ги собра ...

Електричните тротинети да ги управуваат само полнолетни лица и да се движат со најмногу 20 километри на час. Ова се дел од измените во новиот предлог-закон за безбедност во сообраќајот, со кои се предвидува заострување на правилата за овој вид превоз. Мерките доаѓаат по зголемениот број сообраќајни незгоди во кои учествуваат тротинети, а целта, според пратениците, е повеќе ред и поголема безбедност во сообраќајот. ,,Со предлог законот за ...

Со концертот на Влатко Стефановски Трио, кој започнува вечерва од 21 часот на големата сцена во Домот на млади во Штип, свечено ќе се одбележи стартот на 41. издание на „Штипско културно лето“. Како што истакна директорот на Домот на млади, Видан Лазарев, годинашната програма нуди квалитетни културни содржини и настани наменети за сите генерации. Бесплатниот концерт на еден од најистакнатите македонски музичари претставува одличен почеток на ...

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов учествуваше на меѓународната конференција на градоначалници MUNIWORLD, која се одржа во Тел Авив, Израел. На конференцијата, Јорданов присуствуваше заедно со амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиан Аисен и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Локалните самоуправи во Израел претставуваат пример за добро организиран и ефикасен систем на управување, кој континуирано се развива преку иновации, ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот ,,убијци’’. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста. ,,Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел ...

Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Oд Министерството за правда образложија дека предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките ...

Револтирани жители од Косевица се жалат дека не можат да добијат дозвола за сеча на опожарени шумски парцели, кои тврдат дека се нивни. Како што раскажуваат, од нив се бара физичка делба и разни дополнителни процедури, иако, според нивните искази, имаат скици за парцелите. Тврдат дека некои други луѓе полесно ги завршуваат ваквите постапки и без големи пречки добиваат дозволи за сеча. Бараат од надлежните да им објаснат зошто не можат да ...

Почна изградбата на новата пешачка патека меѓу селата Таринци и Карбинци во Општина Карбинци. Патеката, долга 1,5 километри, ќе овозможи побезбедно движење на пешаците меѓу двете населени места. Освен за секојдневно пешачење, таа ќе служи и како простор за рекреација. Карбинскиот градоначалник Виктор Паунов, вели дека проектот е еден од позначајните што општината ги реализира годинава. Очекувањата рече, се подобри услови за движење и ...

Како што буџетот тоне, така очигледно дека и пензискиот фонд е ставен во ризик, откако дојде оваа власт дупката повторно се зголемува и сега надминува 40%, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче посочи дека за време на владите предводени од СДСМ дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување бил значително намален, додека сега повторно расте. „Кога владата на Социјалдемократскиот сојуз на ...

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ. На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот „Везилка“ претставува инвестиција во иднината и значаен чекор кон развој на науката, иновациите и конкурентноста на македонската економија. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Националниот центар за вештачка интелигенција ќе создаде нови можности за научниците, истражувачите, студентите и компаниите, како и услови за поврзување на науката и стопанството. Тој посочи дека развојот на ...

Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Олег Солдатов потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес. Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, побрза ...

Голманот Градимир Чаневски ја промени својата средината и во новата сезона ќе настапува одново во дресот на Бутел Скопје, откако ја заврши соработката со Охрид. Се работи за искусне голман, кој по четири години се враќа во скопскиот суперлигаш, односно последно дресот на Бутел го носеше во сезона 2021/2022, а сега во Бутел Скопје ќе работи со Стојанче Стоилов. Чаневски потекнува од школата на Металург, беше дел и од Вардар и Вардар Јуниор, ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повикало на разговор бугарската амбасада во Скопје и побарало објаснување за објавувањето на дипломатска нота поврзана со приватно патување на членовите на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, соопшти денеска министерот Тимчо Муцунски. Тој информираше дека до бугарскиот амбасадор бил изразен висок степен на незадоволство поради објавувањето на документот, но дека досега не е ...

Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка (во натамошниот текст: Законот) и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка. Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на ...

Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Од поважните тековни процеси, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.69
15%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
35%
1012
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
0.84
30%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.0
30%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.49
21%
1013
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
1.37
46%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
45%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.75
44%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
0.8
38%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
33%
1015
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 34ᴼ
1.79
32%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.35
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Бакар

13.08

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

129943.67

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Кобалт

56.29

Калај

54.92

Родиум

265243.66