Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува и ...
Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. „Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена ...
Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“. Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата, прашуваат од СДСМ. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, додаваат од оваа ...
Прволигашот Брегалница претстави три нови засилувања, со што „сините“ продолжуваат да го подиграат квалитетот во своите редовите за новата сезона. Дресот на прволигашот од Штип во сезона 2026/2027 ќе го носат Кристијан Стојкоски, Филип Алексовски и голманот Амир Јашар. Стојкоски е искусниот офанзивен играч за врска кој пристигнува од екипата на Тиквеш. 34-годишниот фудбалер зад себе има одлична сезона во кавадаречкиот прволигаш, каде на 27 ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот шампионат, Комисијата за безбедност при Фудбалската федерација на Македонија одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на Првата македонска фудбалска лига. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за ...
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...
Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. „Се реализираат ...
На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата, соопшти Царинската управа. Според соопштеното, станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината, соопштија од општината. Според наведеното во соопштението, веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле упатени на терен и започнале со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта, додаваат од општината, беа расчистени повеќе ...
Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа, ...
ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, вчера се обрати на Македонско-индискиот бизнис-форум, кој се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. „Официјалната посета на претседателката Драупади Мурму претставува силен поттик, политичкото пријателство меѓу нашите земји да го претвориме во конкретна економска соработка, нови инвестиции и ...
Времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, соопштија од партијата. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, велат од партијата, Градот има обврска да ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (22.07.2026 година, среда) без електрична енергија ќе бидат: -во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од ул.4 во Зелениково(општина Зелениково) -во периодот од 12.00 до 15.00 часот дел од корисниците од дел од ул. Китка, лево од гробиштата по ридот (општина Кисела Вода). Текстот Без струја делови од Зелениково и улицата Китка во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија ...
Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека ќе изведува водоводен приклучок на Златко Шнајдер број 9 поради што прекин ќе имаат корисниците кои се на истата улица. Текстот Денес без вода дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар е превземен од МАКФАКС. Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од ...
Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, соопшти МВР. Дополнително, биле оштетени повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на ...
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, ...
Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. Јакреново (нискостеблеста шума); Општина Крушево – с. Пресил (ниска вегетација). Пожари под контрола: ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Текстот Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија е превземен од МАКФАКС. Управата за ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби. Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи. На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите. Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина. Нема улица во градов ...
Амир Јашар денес и официјално беше претставен во дресот на Брегалница, „сините“ од Штип имаат нов голман за новата сезона. Јашар кој има 35 години доаѓа од Башкими, а во минатото ги чуваше головите на Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс, Дрита од Боговиње и последно Башкими, а меѓународна кариера градеше во Косово, носејќи го дресот на Вуштрија и Влазнија. Брегалница сезоната ја отвара против шампионот Вардар во гости. Александар Ванев, М-Нет ...
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...
Силното невреме што попладнево го зафати Штип предизвика сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Силниот ветер корнеше дрвја, а на неколку локации тие паднаа врз коловозите и тротоарите, отежнувајќи го движењето на возилата и пешаците. Фотографијата е од една од погодените улици, каде што големо дрво е буквално преполовено и паднато преку патот, при што е блокиран сообраќајот кај катната гаража позади Домот на културата. На терен веќе ...
Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани. За десетона минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби. Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан. Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и ...