Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем. Станува збор за активност во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: ...

Управата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта. Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на ...

Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед. На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која ...

Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија ...

Според известување од ЕВН Македонија АД, денеска (22 јуни 2026 година) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Карпош. Прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата Ангел Динев, ОУ „Димо Хаџи Димов“, како и дел од корисниците на улиците Мраморец и Есперанто. Текстот ЕВН најави петчасовен прекин на струја во делови од Карпош е превземен од МАКФАКС. Според ...

Со заедничка јога-сесија во Градскиот парк во Скопје, Индиската амбасада во Северна Македонија го одбележа Меѓународниот ден на јогата, глобална иницијатива која ги промовира физичкото и менталното здравје, внатрешната рамнотежа и здравиот начин на живот. На настанот, одржан кај Школка во Градскиот парк, учествуваа бројни граѓани, љубители на јогата, претставници на Владата, членови на дипломатскиот кор и други гости. Учесниците имаа можност ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, локално ќе има услови и за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници низ државата лишиле од слобода вкупно 20 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, а меѓу санкционираните има и возачи од Штип, Кочани и Виница. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 16 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, додека четири лица возеле под дејство на алкохол. Во Кочани биле откриени три случаи на управување без ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, по, како што наведуваат, темелна анализа и консултации со синдикатите и претставниците на правосудните служби. Според партиското соопштение, амандманите се поделени во неколку категории: – 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба; – 27 амандмани се поднесени за Законот за ...

До 18:00 часот на 20 јуни 2026 година, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно изгаснати, додека еден пожар сè уште е активен, информираат надлежните служби. Добра вест за источниот регион е што пожарите во општините Штип, Кочани и Радовиш се успешно локализирани и изгаснати, спречувајќи поголеми последици врз природата и околните површини. Во Општина Штип пожар избувнал ...

На 21.06.2026 во 02:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(42) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговиот сосед Б.Ј.(20) дека на 20.06.2026 околу 22:00 часот во неговиот двор му се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 21.06.2026 во 02:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(42) од Штип, ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...

Голем успех за младите математичари од Штип на 30-тата Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2026, која се одржа во романскиот град Бужау во периодот од 15 до 20 јуни. На престижниот натпревар учествуваа вкупно 133 ученици од 23 држави, од кои 11 балкански земји и 12 гостински учеснички, што ја прави олимпијадата една од најсилните математички смотри за млади таленти во регионот. Особено се истакна Дамјан Чамушев, ученик во ...

РК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во зелено-белиот табор е српскиот репрезентативец Алекса Колаковиќ. Станува збор за 28-годишен среден бек кој потпиша едногодишен договор со клубот, со можност соработката да биде продолжена и за уште една сезона. Колаковиќ во Битола пристигнува по богато интернационално искуство во францускиот ракомет, каде настапуваше четири сезони за Сант Рафаел и две за Шартр. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче изјави дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните набавки, но реалноста ...

Просечната нето-плата во Македонија е зголемена за близу 8.000 денари во период од две години, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека според официјалните податоци, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. „Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 ...

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во ...

Не е тешко да се заклучи што Венко Филипче сака да постигне со неговата гласност за внесување на Бугари во Уставот, со оглед на тоа што СДС секогаш се движи по истата траекторија на национални отстапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Последните уставни измени кои се случија беа за промена на името на државата, за што заслужен беше менторот на Филипче, Заев. СДС дојде на власт со изгубени избори, со лажни ветувања за европска иднина, а ...

СДСМ оцени дека наместо подобар животен стандард и повисоки плати, граѓаните во последните две години се соочуваат со економски проблеми и намалена куповна моќ. Од партијата тврдат дека платите не го следат растот на цените и дека за едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари за покривање на основните трошоци. Според СДСМ, до јуни е потрошен речиси целиот планиран буџетски дефицит за 2026 година, поради што, како што ...

Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд. Учесниците на маршот испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права. Според организаторите, ЛГБТИ+ заедницата и понатаму се соочува со дискриминација, стигматизација и чувство на несигурност, особено кај младите лица поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет. Организатор на настанот е Националната мрежа против ...

Новопромовираниот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува амбициозно да го засилува својот играчки кадар пред новата сезона, откако официјално ги ангажираше искусните фудбалери Марко Симоновски и Бесир Демири. Напаѓачот Марко Симоновски пристигнува во Арачиново од кипарскиот Еносис, носејќи богато интернационално искуство и докажан голгетерски квалитет. Во клубот веруваат дека неговата ефикасност и лидерски способности ќе претставуваат ...

На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година нејзината 16-годишна ќерка, додека се движела покрај реката Брегалница во Штип, според пријавеното била пресретната од машко лице кое најпрво започнало разговор со неа, а потоа се обидело да ја бакне. По преземени мерки и активности С.М. бил приведен и задржан во ...

Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата. „Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).  Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на 4 моста ...

По повод петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа беше во посета на Националниот парк, од каде најави нови инвестиции и системски мерки за заштита. Министерот истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од највредните природни ресурси во државата, како резултат на заедничките напори на ...

Со шише ладна вода, вклучена клима и лесна облека, граѓаните почнаа да се штитат од првите повисоки температури. Велат дека внимаваат кога излегуваат надвор, па обврските ги завршуваат најдоцна до 11 часот претпладне. Остатокот од денот го поминуваат во разладени и проветрени простории. Истакнуваат дека ги следат препораките на лекарите – внесуваат повеќе течности и внимаваат на исхраната. Од Управата за хидрометеоролошки работи за М-Нет ...

Кампус 4 во Штип ќе биде отстапен за потребите на МВР, потврди ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Тој вели дека Универзитетот го поддржува процесот, бидејќи објектот е изолиран од урбаната средина и не е најсоодветен за сегашната намена. Во кампусот се сместени два факултета, а студентите секојдневно патуваат до локацијата. За возврат, УГД очекува да добие објект во градското подрачје со подобри услови за работа и настава. Според Мираковски, ...

По револтот на родителите во двете основни училишта во општините Лозово и Конче, Министерството за образование и наука најавува вонредна контрола во понеделник, по обвинувањата дека ученици неправедно повторувале година, наводно по етничка основа. Од училиштата ги отфрлаат наводите и тврдат дека оценувањето е спроведено согласно пропишаните критериуми и процедури. Министерката Весна Јаневска вели дека институциите нема да се потпираат на ...

Од новата учебна година ќе се менува начинот на работа во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, во рамки на процесот на оптимизација на образованието, информираа надлежните. Причината за промените е намалениот број ученици и потребата за подобро искористување на образовните ресурси. Учениците од прво и шесто одделение ќе продолжат во други училишта по свој избор, а во наредните години постепено ќе се заокружи наставниот процес во оваа зграда. Објектот ...

Сезоната на пинџур со пржена пиперка и домат е во полн ек, а граѓаните на штипскиот пазар купуваат во поголеми количини. Велат – евтино, квалитетно и многу здраво. Ова едноставно летно јадење се подготвува брзо и се јаде со мерак. Најчесто се служи со сирење, кое го дополнува вкусот и го прави уште поубав Иако за голем број граѓани, цените се достапни, за дел останаа високи. Тие велат пинџур нема да прават и ќе чекаат дополнотно поевтинување ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.76
21%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
37%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.34
29%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.2
32%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.19
26%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.96
65%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
48%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.36
62%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
38%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
36%
1015
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 34ᴼ
4.47
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.34
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Цинк

0.00

Злато

129943.67

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Платина

52855.83

Бакар

13.08

Калај

54.92

Рутениум

53852.50