Без струја денеска ќе остана дел од корисниците во Општина Кисела Вода. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.06.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ке останат: во периодот од 10.00 до 14.00 часот корисниците од ул. Герника бр. 1, 4, 5, 6, 7, 8 и ул. Сердарот(општина Кисела Вода)“, информира РЦУК Скопје. Текстот Без струја дел од корисниците во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС. Без струја денеска ќе остана ...

Под влијание на циклонска активност со центар во Турција, денеска во земјава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во ...

Денеска во 18:00 часот ќе се одржи маршот „НЕ за нова дозвола по стари правила“, со почетна точка пред Собранието и завршница пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Од „Стоп за Усје“ велат дека маршот е организиран поради сериозните недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“. „Верзијата на барањето која е објавена за увид не само што не е подготвена според ...

Благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица Штип, синоќа беше спречено ширење на пожар во централното градско подрачје, во непосредна близина на црквата Црква Свети Илија. Според првичните информации, пожарот зафатил сува вегетација и површина во околината на црквата, но по брзото пристигнување на пожарникарите огнот бил ставен под контрола и целосно локализиран. За среќа, во моментот на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Според неа, Врховните судови, како највисока инстанца во судската хиерархија, го гарантираат владеењето на правото и ја персонифицираат независноста на ...

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда. Членовите на Работната група ги разгледаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои беше постигнат консензус се прифатени и ...

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ...

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ. „Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“. Според нив, ова е врв на ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев ...

Претставници и вработени од индустријата за игри на среќа на Јавната расправа во Собранието укажаа на уставно спорни и дискриминаторски одредби од предложената регулатива. „Новиот закон за игри на среќа не е закон за дополнителна регулација на оваа индустрија, туку закон за затворање на легалните објекти, со кој се таргетира строго регулираниот и лиценциран сектор, беше предупредено на јавната расправа пред собраниската Комисија за ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство. Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната ...

Летните горештини и во наредните денови ќе останат присутни, но попладневните часови ќе донесат нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност, на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност, а локално можни се и поинтензивни временски процеси проследени со пороен дожд и појава на град. Дежурниот синоптичар Марија Цветковска Атанасова информира дека најизразена нестабилност се очекува во ...

Делегација на Собранието во состав Иванка Василевска, заменик шеф, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, членови, учествуваат на третиот дел на пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која од 21 до 26 јуни 2026 година, се одржува во Стразбур, Франција. Дневниот ред на сесијата предвидува дебата за заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција, потоа спротивставувањето ...

„Образованието мора да биде приоритет, а не ставка која се намалува“, изјави Горан Кавраков на денешната прес-конференција. Тој истакна дека затворањето на ООУ „Гоце Делчев“ е погрешна одлука која директно ги засега учениците, родителите и вработените. Според него, училиштата треба да се развиваат и унапредуваат, а не да се затвораат поради нерешени проблеми. „Во име на загрижените родители на учениците и вработените во основното училиште ...

Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме, велат од СДСМ. „По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори“, велат од опозицијата. СДСМ смета дека оваа Влада за да доживее вистинска реконструкција, прво би ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, 23 јуни (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш. Министерството за внатрешни ...

Жетвата на јачменот во штипско и овче поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани. Земјоделците велат дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна , бидејки не ги покрива трошоците за производство. Според нив, со ваква цена тешко ќе ги вратат вложените пари, особено годинава кога приносите се послаби од очекуваното. Во пресрет на жетвата на пченицата бараат ...

Од есен ќе почне реконструкцијата на студентскиот дом во Штип, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа рече дека Штип ќе се развива и дека се очекува прилив на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според неа, реконструираниот студентски дом, заедно со новиот што треба да се изгради во иднина, ќе може да ги задоволи идните потреби на универзитетот. Јаневска посочи дека изградбата на новиот дом нема да се случи преку ...

Кризата завршува, граѓаните беа толерантни, сега е редот на маркетите да возвратат со пониски цени, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. Тој рече дека очекува намалување на цените, особено на основните прехранбени производи. Доколку тоа не се случи во наредните денови, Владата ќе интервенира со свои мерки. Мицкоски нагласи дека нема да прифаќа изговори од трговците, производителите и дистрибутерите. ...

Дизелот поевтинува за 7 денари, бензините до 4 денари, нови цени на горивата од полноќ. Како што соопштуваат од регулаторната комисија за енергетика цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар. Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат ...

АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. „Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем, неопходно е да се почитуваат следните упатства: не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на ...

Нептун ја збогатува својата понуда со Kärcher, глобалниот лидер во решенија за чистење, овозможувајќи им на македонските потрошувачи пристап до производи што со децении поставуваат стандарди за квалитет, иновации и врвни перформанси. Во продажните салони на Нептун и на Neptun.mk од неодамна се достапни различни Kärcher производи наменети за секојдневно одржување на домот и околината; уреди за чистење подови, апарати за чистење прозорци, ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3,5 и 4 денари, а дизелот за седум денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар) Дизел ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека очекува намалување на цените на горивата. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и ...

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе ...

Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем. Наместо да ги осуди ваквите ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Јована Тренчевска, оценувајќи дека за време на владеењето на СДСМ граѓаните се соочувале со двоцифрена инфлација и намалена куповна моќ. „По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните“, се вели во реакцијата. Од партијата тврдат дека актуелната Влада спроведува политики кои даваат ...

Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ, обвини дека Владата на премиерот, Христијан Мицкоски, за две години не исполнила ниту едно ветување. „После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ...

Општина Гази Баба најави интензивен летен период на реализација на капитални и развојни проекти, при што во ист временски период ќе бидат реализирани повеќе од 60 проекти во речиси сите населени места на територијата на општината. Во наредните денови ќе бидe пуштенa во употреба новата детска градинка во Трубарево, а дополнително ќе се зголеми динамиката на изградба на останатите две нови детски градинки во Инџиково и помеѓу Маџари и ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.76
21%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
37%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.34
29%
1011
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.2
32%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.19
26%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.96
65%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
48%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.36
62%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
38%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
36%
1015
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 34ᴼ
4.47
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.34
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Кобалт

56.29

Паладиум

40381.34

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Родиум

265243.66

Калај

54.92

Цинк

0.00

Злато

129943.67

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Иридиум

252383.36

Бакар

13.08