Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови ...
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, Христијан ...
Избувна пожар во близина на црквата Свети Илија во Штип, но за среќа беше спречено неговото натамошно ширење кон околните објекти и централното градско подрачје. Благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица Штип, огнот бил брзо ставен под контрола и целосно локализиран. Според првичните информации, пожарот зафатил сува вегетација и површина во околината на црквата. Пожарникарите навреме ...
Делегација на Собранието во состав Африм Гаши, претседател на Собранието, како и пратениците Петар Ристески и Илир Демири, членови на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ, учествуваат во работа на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2026 година во Софија, Бугарија. Во рамките на Пленарната сесија се одржаа седници на Постојаниот комитет како и на Генералната комисија за економија, инфраструктута и енергетика, Генерална ...
Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) тоне во финансиски проблеми, според Левица. Од оваа партија оценуваат дека јазот меѓу приходите и расходите е сѐ поголем, а тоа, како што велат, значи дека Фондот сѐ потешко ги обезбедува парите за исплата на пензиите и станува сѐ позависен од државниот буџет. Ревизорите, додаваат од таму, дадоа неповолно мислење и за ...
Денес Општина Кисела Вода одржа прес-конференција на која официјално го најави претстојното „Културно лето“, манифестација со која се одбележува 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ги очекува, според најавата тридневна богата фестивалска програма. На пресот, беа присутни и дел од ѕвездите кои ќе настапат, меѓу кои Лозано, ...
Формиран нов фудбалски клуб во село Уларци, но селото остана без фудбалски терен, кој како што тврди Сане Арсов, истиот бил изоран и посеан со жито, со што младите од оваа село се ускратени од правото да имаа каде да спортуваат. Како што изјави Арсов за М Нет телевизија, фудбалски терен за кој како што тврди е изоран имал фудбалска традиција од 80 години. „Ние веќе организиравме клубот и ќе го оживееме односно ќе го регистрираме, но немаме ...
По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица, информираат од општината. Станува збор за, како што велат од таму, за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром. „Простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова ...
Од СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфренцијата на Богданка Кузеска од СДСМ на која таа кажа дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев е поврзан со бугарска фирма. „Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво ...
„Особена чест и задоволство ми претставува денес, по повод Денот на јавната администрација, да се обратам пред луѓето кои се едни од најважните носители на функционирањето на државата, луѓето кои можеби не се секогаш во центарот на вниманието на јавноста, но кои секојдневно, преку својата работа, своето знаење и својата одговорност, обезбедуваат институциите да функционираат, законите да се спроведуваат и услугите да стигнуваат до граѓаните. ...
Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите, истакна Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети. ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува и една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што ...
Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија. Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за ...
Трета година по ред, Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат навремена набавка и испорака на учебници за сите ученици. Оваа година процесот е започнат уште порано во споредба со минатите две години, а неспоредлив е со претходните седум на поранешната Влада кога, верувам ќе се сетите дека во одредени години немаше воопшто печатени учебници. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија. На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата „EU4Health“, што ќе се одржи утре во Брисел. Пристапувањето кон „EU4Health“ претставува значајна ...
Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил, објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели, според документите, дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски, а има и трет партнер – Сашо Апостоловски. „Инаку сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу ...
Во време кога современите технологии овозможуваат далечинско отчитување и со над 99% сигурност во преносот на податоци, народот во Македонија сè уште се соочува со одминати стари практики како физичко читање на броила, доцнења, корекции и непрописно отчитување, велат од Левица. „ЕВН, фирма со милионски профити, сè уште нема целосно функционален систем за далечинско отчитување на броилата. И тоа не е затоа што не можат да воведат систем за ...
„Во текот на вчерашниот ден имавме состанок со претставници на најголемите ланци на маркети, разговаравме за кризата која што полека но сигурно, барем сега како што стојат работите, завршува. Ги анализиравме ефектите од кризата и заеднички дефиниравме цели кои што заеднички треба да ги исполниме. Една од тие цели е да во јули месец, годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи не биде поголема од 3 проценти, ...
Второлигашите пасивни кога е во прашање формирањето на ростерот за новата сезона, на прсти се бројат екипите кои ги закажаа подготовките и започнаа со промоции на нови играчи, останатите засега не споделуваат официјални информации околу планот на подготовки, пријателски натпревари, но и засилувања. Неколку екипи дури имаат и празно тренерско столче, а не е исклучена можноста уште неколку екипи да останат без тренер. Беласица се раздели со ...
Новиот член на Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани продолжува да гради тим кој ќе биде конкурентен за висок пласман во второлигашката конкуренција. По промоцијата на Арсим Љамалари, ново засилување во таборот на Камјани е искусниот фудбалер Љупчо Трпески, кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново. Трпески носи големо искуство за дебитантот во Втората лига, 31-годишниот дефанзивец со Шкендија Арачиново ...
Како што претходно најавивме продолжуваат тренерски промени во Втората македонска фудбалска лига, а нов клуб кој остана со испразнето тренерско столче е Новаци, откако клубот и досегашниот шеф на стручен штаб Дарко Крстески се разделија. Клубот преку соопштение потврди дека се разделува со Крстески, посакувајќи му успех во понатамошната кариера. Инаку, Крстески три сезони успешно го водеше клубот, а минатата сезона Новаци имаше најдобар ...
Македонската фудбалска репрезентација до 15 години убедливо загуби од Албанија со резултат од 4:1, на првиот од двата контролни дуели. Мечот се играше на албанско тло односно во Корча, а првата шанса за гол Македонија ја имаше преку Христов по добиена топка од Мустафа во 12. минута, но топката заврши само покрај голот. Ќорај во 22. минута го отвори резултатот за водство на Албанија од 1:0, а осум минути подоцна Христов имаше нова можност, но ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека учебниците за новата учебна година се доставуваат на време. „Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум ...
Женскиот кошаркарски клуб Тим Арена од Штип уште еднаш потврдува зошто е расадник на млади и талентирани кошаркарски, а потврда за тоа се младите и талентирани кошаркарки Нина Дојчинова и Ангела Илијева. Двете кошаркарките ќе бидат дел од младинските репрезентации на Македонија. Нина Дојчинова е дел од македонската репрезентација, и ќе учествува во рамки на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркарки до 16 години, кој ќе се ...
Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници. На 15 и 16 јуни, членови на Здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот Ансамбл „Седенка“- Скопје, учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија. „Нашата група беше единствениот инклузивен ансамбл на ...
Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатна тематска прошетка „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда), од 18:00 до 20:00 часот. Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје. Водичи на турата ќе бидат Димитар Таневски ...
Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера. „Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во ...
Организираната криминална група ВМРО најави реконструкција на Владата. Во пракса, тоа е само нова шминка на истото старо, нефункционално и корумпирано тело, смета опозициската СДСМ. „Кога имате министер за правда од партија ЗНАМ која повеќе не постои, човек кој се правеше „мртов“ за случајот со Никола Груевски цел месец и сè уште не даде одговор дали ги испратил потребните документи – што точно се реконструира тука? Кога имате министер за ...
Министерката за финансии Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината, велат од СДСМ. „Со најавениот ребаланс, Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Ова не е изненадување. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го предупредуваше уште од почетокот на мандатот на оваа Влада. Граѓаните ...