Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Системот „Безбеден град“ дава резултати. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година, изјави Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „До моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Левица оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот ја потврдува, како што наведуваат од партијата, погрешната економска политика на Владата и предупреди дека зголемувањето на буџетскиот дефицит се прави без јасен план за долгорочните ефекти врз економијата. Од партијата наведуваат дека Владата не понудила конкретни анализи, мерливи цели и гаранции дека новото задолжување ќе придонесе за економски раст и подобрување на животниот стандард на ...
Поради сообраќајна незгода на главниот пристап кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот Скопје – аеродром, сообраќајот е пренасочен по алтернативна рута. Од Меѓународниот аеродром Скопје ги повикуваат возачите да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда. Воедно, од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот ...
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) се спротивстави на, како што наведува, заложбите за укинување на вториот пензиски столб и префрлање на средствата во првиот пензиски фонд, оценувајќи дека таков потег би го загрозил долгорочниот пензиски систем. Од партијата посочуваат дека вториот пензиски столб е воспоставен врз основа на анализи на ММФ и Светската банка, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. Според ГРОМ, ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дипломатскиот преседан што ...
ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“. „Пред две години, ВЛЕН презеде голема одговорност: да ја врати довербата на граѓаните во политиката што работи. Не со зборови и бескрајни оправдувања, туку со одлуки што се спроведуваат, проекти што се реализираат и резултати што го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Во текот на овие 24 месеци се реализирани реформи и проекти кои со години биле само ...
Oд СДСМ утрово тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски работи на формирање на нов политички проект, кој го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, со цел, како што тврдат, да ги разбие опозициските гласови на следните избори. Од партијата наведуваат дека „ЗНАМ“ се распаѓа и дека, според нив, веќе нема значајна поддршка кај граѓаните. Во соопштението се тврди дека последните двајца функционери во партијата, Максим Димитриевски и Горан Минчев, се занимаваат со ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 05,00 до 13,00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 05,00 до 13,00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 09,00 до 13,00 часот. Текстот Делови од Драчево и Влае денеска без струја е ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во ...
Македонски музичари, актери и јавни личности со емотивни пораки се простуваат од еден од најголемите музички уметници во Македонија. Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера вечер на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники. Текстот „Некогаш и негде ќе те сретнам пак“: пријателите и колегите се простуваат од Владо Јаневски е превземен од МАКФАКС. Македонски музичари, ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени ...
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми. Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше ...
До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во ...
Здружението „Гласен Текстилец“ упати јавен повик до Министерството за здравство и до останатите надлежни институции да донесат итни препораки и мерки за заштита на граѓаните од актуелниот топлотен бран. Од здружението посочуваат дека и оваа година се принудени да ги потсетуваат институциите на нивната законска и институционална обврска навремено да реагираат за заштита на здравјето на населението, особено во услови на екстремно високи ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро реагираше на новите обвинувања од СДСМ, оценувајќи дека раководството на опозициската партија повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги префрли врз други политички субјекти. Според него, СДСМ наместо да се соочи со причините за падот на поддршката, континуирано бара виновници надвор од сопствените редови. „Раководството на таа некогаш ...
На теренот број 2, точно напледне, во вторник треба да почне натпреварот на кариерата за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, на вториот гренд-слем турнир годинава Вимблдон. Во првиот настап на Македонец или Македонка во сингл на главниот турнир на некој гренд-слем воопшто, Ѓорческа ќе се сретне со фаворитката, Русинката со американски пасош Аманда Анисимова, финалистка од ланското женско финале во сингл на Вимблдон 2025, а годинава шеста ...
Летните температури се сè повисоки, а доколку барате место каде ќе се разладите, ќе се опуштите и ќе уживате со семејството или пријателите, „Капри пул“ во Велес е вистинскиот избор. По целосното реновирање, базенот повторно ги отвори вратите на 13 јуни и ова лето на посетителите им нуди одлични услови за рекреација и забава. Олимпискиот базен, со димензии 50 метри должина и 25 метри ширина, е изграден според олимписки стандарди, а за ...
До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на ...
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се уште нема ...
Втората вечер од манифестацијата „Културно лето“ во Општина Кисела Вода привлече илјадници посетители на плоштадот „Расадник“, каде публиката уживаше во настапите на повеќе познати музички имиња, соопшти Општина Кисела Вода. Музичката програма започна со настап на диџеј Марио Трампет, по што следуваа Влатко Миладиновски и Влатко Лозаноски – Лозано. Настапот на Лозано беше дополнително одбележан со прослава на неговиот 41. роденден, при што ...
До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува ...
Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници патници се соочуваат со повеќечасовни задржувања. Уште од раните утрински часови, на граничниот премин Евзони беа формирани долги колони возила за влез во Грција. Големиот број туристи кои заминаа кон грчките летувалишта ги преоптоварија капацитетите на преминот, поради што возилата речиси целосно го ...
Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. – На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски. Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 ...
Третолигашот БВК Коњаре го потврди ангажманот на искусниот фудбалер Метин Ќерими, кој повторно ќе го облече дресот на клубот од своето родно место. Во објавата за промоцијата, од клубот порачаа дека станува збор за играч кој одлично знае што значи да се носи дресот на БВК Коњаре. „Играч од нашето место, човек кој го живее духот на нашето маало и кој знае што значи да се брани бојата на клубот“, објавија од БВК Коњаре, посакувајќи му ...
Од СДСМ обвинија дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад и дека караванот што го организира низ државата под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ претставува, како што велат, обид да се прикрие реалната состојба во партијата. Според СДСМ, станува збор за „очајнички потег“ во момент кога, како што тврдат, премиерот Христијан Мицкоски веќе работи на формирање нов политички проект, наречен „ЗНАМ 2.0“, кој би ...
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со месеци се обидува да изгради јавна слика заснована на европски вредности, но само кога, како што велат, тие можат да се искористат за критика на сопствената држава. Според владејачката партија, тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарските провокации и постапките што, како што наведуваат, директно ги засегаат македонските национални интереси. „Филипче доследно молчи на ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...
До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а осум се целосно изгаснати. Според информациите од надлежните служби, активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, кај селото Ново Село, каде што гори нива со жито, како и во Општина Сарај, кај селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во Велес на ...
Случај на Денга треска е потврден кај 42-годишен маж од Бангладеш кој пристигнал во Македонија на работа и сега е сместен на Инфективната клиника. Тој е во стабилна состојба, а надлежните уверуваат дека нема простор за паника оти вирусот што ја предизвикува не се пренесува од човек на човек, туку само од убод на комарец во тропски подрачја. Дирекорот на Инфективната клиника доктор Фадил Цана вели дека случајот бил лабараториски потврден и ...