Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Текстот Кривична против 34-годишен Германец, изминатиот викенд нападнал полицаец во Штип е ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана ...
61-годишен гевгеличанец во понеделникот пријавил во полиција дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за граната со калибар 100 мм и дека е од Првата светска војна. Текстот Граната од Првата светска војна пронајдена на нива во Гевгелија е превземен од МАКФАКС. 61-годишен гевгеличанец во понеделникот пријавил во ...
Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...
Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...
Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...
Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст, сметаат од Левица. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. „Ова е случај ...
Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...
Со ланата утринава се отруени три кучиња пред зграда на ул. ,,Славчо Стојменски” во близина на полициската станица во Штип. Станарите тврдат дека утринава отровот бил расфрлан на сите страни околу зградата, па тие стравуваат за животот на своите деца кои времето го поминуваат таму, па претставува опасност за нив. Очевидците додаваат дека немилиот настан се повторува неколкупати. Замолуваат сите граѓани да се однесуваат совесно со животните, ...
Три високи тополи во центарот на Свети Николе стојат како сериозна закана веднаш до куќата на Далибор Спасовски и неговото семејство. Дрвјата со години се таму, но по вчерашното силно невреме што го зафати и Свети Николе, стравот кај семејството е уште поголем. Спасовски вели дека ноќта не ја преспал, плашејќи се дека силниот ветер може да ги бутне тополите и да предизвика голема штета. Вели дека секое ново невреме за нив е нова грижа, ...
Штипјани со загриженост го следат новото поскапување на горивата, стравувајќи дека цените ќе продолжат да растат и дополнително ќе го оптоварат и онака скромниот семеен буџет. Велат дека автомобилот одамна не е луксуз, туку неопходност – за да се стигне до работното место, да се завршат секојдневните обврски или да се посети семејството. Според нив, цената на горивата е прескапа во однос на македонскиот стандард и платите. Штипјани додаваат ...
Пороен дожд со грмежи се очекува и денеска попладне, како и во петок и понеделник, но не со интензитетот на вчерашното силно невреме. Синоптичарите најавуваат дека денеска ќе има повремени врнежи и засилен ветер, но условите нема да бидат како вчера. Утре следува кратка стабилизација на времето, а од петок повторно се враќа влажна воздушна маса. Во понеделник се очекуваат и пообилни локални врнежи, проследени со пад на температурите. За М-Нет ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и ...
Одржувањето и реконструкцијата на внатрешните инсталации во колективните станбени згради во Штип не се во надлежност на Општина Штип, туку обврска на управителите на зградите. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека општината нема законска можност да врши реконструкција или одржување во внатрешноста на приватен имот. Во регистарот на Општината, тој рече дека има околу 400 колективни станбени единици, од кои голем дел се постари објекти со ...
Откорнат дел од покривот на Клиничката болница Штип, паднати дрвја, оштетени приватни куќи, институции, возила, на повеќе локации низ градот – ваква слика остави силното невреме што синоќа го зафати и градот под Исарот. Од синоќа на терен се екипите на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица и полицијата, кои работат на расчистување на последиците. Според градоначалникот Иван Јорданов, нема повредени лица, но причинета е ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...
Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...
Македонскиот ракометен шампион и во сезона 2027/2028 и натаму ќе зависи со валјд-карта за учество во Лигата на шампиони, односно ќе нема сигурно место во елитното европско клупско натпреварување. Македонија имаше сериозен напред на клупски план, новиот клупски рејтинг на Европската ракометна федерација не и овозможи на Македонија да биде во топ десет. Според рангирањето на ЕХФ, кое е врз основа на резултати од сезоните 2023/2024, 2024/2025 и ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе се обиде да обезбеди нов настап на Гренд слем турнир, откако официјално се најде меѓу пријавените тенисерки за УС Опен. Тетовчанката моментално се наоѓа на 214 место на ВТА листата, што значи дека и овојпат ќе мора преку квалификации да се избори за место во главната ждрепка. Според објавените листи, тенисерките рангирани од 103 позиција па надолу ќе настапат во квалификацискиот дел, освен оние ...
Во три дена ќе биде одиграно првото воведно коло на Првата македонска фудбалска лига. Новата сезона 2026/2027 се отвара во Кавадарци со мечот меѓу Тиквеш и Арсими, кој е закажан за петок (24 јули) од 17 часот. Во сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Вардар на домашен терен ќе ја пречека Брегалница од Штип, меч кој стартува во 17 часот, а во ист термин ќе се одигра мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново. За недела се закажани ...
Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш. „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати ...
За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, посочуваат од владејачката партија. Над 60 тони вода, каоо што појаснуваат во соопштението, секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на ...