Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Лишен од слобода е жител на струмичко село кој предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, забележан е од полициски службеници - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници денеска лишиле од слобода едно лице при претрес во Гостиварско откога кај него се пронајдени дрога и муниција - соопшти Министерството за внатрешни работи. - Денеска, во 7.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д. С.(58) од с. Равен, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен - информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на промоцијата на 26. класа студенти/питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ порача дека новата генерација офицери претставува инвестиција во иднината на македонската Армија, но и во безбедноста на државата. На свеченоста беа промовирани вкупно 36 ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуирано намалување на бројот на пациенти што побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментот во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ,Гоце Димовски, ја посети компанијата „Шахтерм“, каде што изврши увид во текот на градежните активности на инвестицијата, чија реализација почна во мај минатата година, а почетокот на производството се очекува до крајот на годината. Како што стои во соопштението од ТИРЗ, во рамките на посетата Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, на која ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната ...

Скопје, 41 јули 2026 (МИА) - Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и можностите за натамошно унапредување и заштита на нивните права преку засилена институционална соработка, биле во фокусот на денешната средба на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, со политичкиот советник во Амбасадата на САД, Ендру Ковтун, и ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање. Инспекторите на ДИЖС, како што се посочува, спроведоа вонредни инспекциски ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Една од темите за која во последно време сѐ почесто се зборува е независноста на централната банка, што е можеби најважниот предуслов за одржување на довербата и стабилноста во монетарната политика. Причината поради која спроведувањето на монетарната политика им е доверено на независните централни банки е тоа што институциите што носат самостојни одлуки полесно обезбедуваат ниска и стабилна инфлација на долг рок - ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд - информираат од Царинската управа. Во конкретниот случај, на прашање на царинските ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница, на која беше усвоен полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година - соопштија денеска од Фондот. Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги известил членовите на одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом во Аеродром е оштетен покривот од невремето што го ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април - јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола - информираат од Владата. Притоа тој ќе изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, каде што ќе биде дадена изјава за медиумите. сст/ац/ Фото: МИА архива Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои се лошо поставени од претходната влада. Целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес - изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Муцунски во гостувањето во вестите на „Канал 5“ посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на Европската Унија, ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Полициската професија не е професија што завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1-процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6-процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји, се нагласува во денешното соопштение на Министерството за правда. - Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. Тој во името на пратениците и во свое име ѝ се заблагодари на амбасадорката Филипиду за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу нашата земја и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка - соопштија попладнево од собраниската прес-служба. ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Законот за Скопје - европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа за да не се остави каков било сомнеж во врска со транспарентност на овој процес - најави премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека се работи за закон штотреба да се донесе во рамките на приоритетите на овој проект и оти тој е изготвен во согласност со препораките и праксата во ЕУ. - Јас ја разбирам реакцијата во јавноста ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - В понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, потсети, е редовна процедура на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека очекува набргу да биде објавен податокот за инфлацијата во јули. - Но врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен ...

Битола, 31 јули 2026 (МИА) - Здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме, изјави премиерот Мицкоски за време на денешната посета на ЈЗУ Клиничка болница во Битола. Претседателот на владата потсети ...

Битола, 31 јули 2026 (МИА) - ЈЗУ Клиничка болница Битола денес пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во таа здравствена установа. Претседателот на Владата и ресорниот министер од директорката Ненси Лозанче беа информирани за нововоспоставените соработки на таа здравствена установа со институции од државата. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати на денешниот брифинг со новинарите ја претстави состојбата во која ја затекнал институцијата по преземањето на функцијата. Најави реформи во функционирањето на Министерството и нов пристап кон распределбата на ресурсите и грантовите. Ферати потенцира дека Министерството со години немало стратешка ориентација, основни услови за работа и внатрешна кохезија. Како што ...

Скопје, 27 јули 2026 Почитувани, Ваше Блаженство г. г. Стефан, почитувана проф. д-р Веселинка Лаброска – претседател на Советот за македонски јазик, почитувани пратеници, претставници на државните институции, почитувани академици, професори, научници, почитувани колеги, драги гости, Вечерва се собравме на 26 јули – ден што засекогаш остана врежан во колективната меморија на Македонија. Денес се навршуваат години од катастрофалниот земјотрес ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75