Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. - Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. - На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. - Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, ...

Дебар, 1 август 2026 (МИА) - На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија. -Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се ...

Дебар, 1 август 2026 (МИА) – Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Дебар изјави дека доделувањето на 47 нови социјални станови претставува значаен чекор во обезбедувањето достоинствени услови за живот за најранливите категории граѓани. -Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут. - Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. -Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и ...

Дебар, 1 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар присуствуваше на доделувањето на клучевите за новите 47 социјални станови, со што беше означено пуштањето во употреба на новиот станбен објект наменет за повеќе семејства. Мицкоски им посака на корисниците на становите здравје, среќа и домовите да им бидат место за мир и сигурност, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во вакви проекти. -За мене ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари по повод големиот државен празник Илинден упати честитка со порака за обединетост за праведна, еднаква и успешна Република. - Илинден не е само симбол на борбата за слобода, туку и трајна порака дека државата се гради врз идеалите на еднаквост, правда и заедничка иднина. Овие вредности и денес се темелот на нашата Република и на нашата обврска да градиме општество во кое секој ...

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Христијан Мицкоски денеска изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ За првпат? Значи две и кусур години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била исправна. Значи две години знаеле. Две години молчеле, велат од СДСМ во писмената реакција што МИА ја објавува интегрално. Две години ги труеле сопствените граѓани. А водата ...

Сан Хозе, 31 јули 2026 (МИА) - „Амазон“ вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет - јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичарите ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на ...

Берлин, 31 јули 2026 (МИА) - Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица - соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на ...

Брисел, 31 јули 2026 (МИА) – Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат. Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9. Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец. На ...

Скопје, 24 јули 2026 Семос Едукација стана официјален партнер на Anthropic и се приклучи на Claude Partner Network (CPN), глобалната партнерска мрежа на компанијата што стои зад Claude, една од најнапредните платформи за вештачка интелигенција во светот. Ова партнерство претставува значајна пресвртница за Семос Едукација и потврда за нејзината долгогодишна посветеност на развојот на дигиталните вештини, AI едукацијата и имплементацијата на ...

24 јули 2026 Директорот Гоце Димовски денес оствари посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од ...

Скопје, 25 јули 2026 (МИА) - СДСМ денес го испрати мали Фрчко да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и ...

Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари „ново финансирање“, стои во соопштението од Левица што ...

Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции, изјави Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува интегрално. Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, ...

Скопје, 26 јили 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста, изјави Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува интегрално. Во болницата во ...

Скопје, 30 јули 2026 - Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Нова енергија и силен кадровски потенцијал. Силно верувам во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство!, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјавата на претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Мартија Митева, која МИА ја пренесува интегрално. Елена Ивановска е избрана за ...

Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, стои во ...

Скопје, 31 јули 2026 - Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Наместо средства што остануваат ...

Скопје, 31 јули 2026 - Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Приближно 400 испитувања на вода за ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07