Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Крушево, 2 август 2026 (МИА) - Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно повеќе од кога било. Дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој се движиме. Тоа не е слабост, тоа е демократија, но постојат работи што мора да стојат над поделбите, а Македонија е првата меѓу нив - порача денеска од Мечкин Камен, ...
Куманово, 2 август 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, ...
Крушево, 2 август 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, ја предводеше собраниската делегација на одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Крушево. Во состав на делегацијата беа Никола Мицевски, Петар Ристески и Митко Трајчулески. На одбележувањето присустуваа бројни делегации на на различни институции, политички партии, граѓански здруженија, амбасади. Потпретседателот на ...
Лондон, 1 август 2026 (МИА) – Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, и му понуди помош откако повеќе од 50.000 мигранти влегоа од Мароко во шпанската ексклава Сеута на мароканска територија, пренесува британски „Гардијан“. „Гардијан“ додава дека од Барнам денеска бил побаран коментар за кризата додека присуствувал на собир на Лабуристичката партија. - Во контакт сум со шпанскиот ...
Мадрид, 1 август 2026 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез критикуваше некои земји од ЕУ поради, како што наведе, нивната „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на масовните преминувања на границата кај Сеута. Санчез исто така му се заблагодари на Мароко „за помошта во решавањето на кризата“, пишува „Гардијан“. Во писмото до Брисел, Санчез наведе дека некои европски држави одлучиле да ја „нападнат“ Шпанија и да побараат нејзино ...
Виена, 1 август 2026 (МИА) – Австрија е зафатена од нов топлотен бран кој се очекува да трае уште неколку дена. Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (АГЕС) за првпат уште во текот на летото објави проценка за вишокот стапка на смртност поврзана со високите температури. Според АГЕС, во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините. Ова е највисокиот регистриран број за месец јуни од почетокот на ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) - На две од вкупно три пристаништа во областа Атика, поширокиот регион на Атина, од рано утрово во сила е забрана за пловидба на секаков вид бродови и траекти поради силниот ветер - јави дописничката на МИА од Атина. Бродовите и траектите остануваат закотвени на пристаништата Лаврио и Рафина, а на најголемото грчко пристаниште Пиреас постои делумна забрана во зависност од видот на пловното средство и крајната ...
Тирана, 31 јули 2026 (МИА) - Албанскaтa министеркa за здравство и социјална помош Евис Саља објави формирање на првиот национален институт за онкологија во државата, структуриран според современ европски модел, оценувајќи ја одлуката на владата како историска. Додаде дека го прифатиле миланскиот модел додавајќи дека институтот ќе се занимава со клиничка нега, обука и истражување. - Оваа одлука е историска и сама по себе е предизвик. Албанија ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) - Она што се случува во Сеута покажува дека мрежите бараат можности и секоја земја на првата линија се нашла или може да се најде во иста ситуација - напиша на платформата „Икс“ министерот за миграција и азил на Грција, Танос Плеврис, коментирајќи го нелегалниот влез на илјадниците мигранти во шпанската енклава и порача дека „да дозволуваш, преку својата политика, инвазија во Европа не е хуманост, туку криминал“ - ...
Анкара, 31 јули (МИА) - Турција во првите шест месеци од годинава остварила приходи од туризмот во износ од 25,746 милијарди долари, што е речиси на нивото од истиот период лани и покрај благиот пад на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии - изјави денеска турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Toj посочи дека од јануари до јуни Турција ја посетиле 25.759 милиони туристи, што е за 2,4 ...
Софија, 31 јули 2026 (МИА) - Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, а евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември. За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите Прогресивна Бугарија, Движење за права и слободи (ДПС) и Препород, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „Промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање, пренесе БТА. ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) - Во централна Грција, во близина на градот Тива и крајбрежното место Агиос Василиос, и на Пелопонез, во непосредна близина на археолошкиот локалитет Микена, активни се големи пожари, кои поради ветерот, бргу се шират, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на жителите на неколку населени места - јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во областа Виотија, во централна Грција, од ...
Тирана, 31 јули 2026 (МИА) - Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата ...
Сараево, 31 јули 2026 (МИА) – Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен метеоаларм. Причина за високите ...
Тирана, 31 јули 2026 (МИА) - Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300 дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од вкупниот број вработени во земјата, објавија медиумите. Поточно, до ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) – Во изминатите 24 часа избувна 51 шумски пожар, а во овој момент противпожарните сили водат битка за справување со 73 пожари на целата територија, информираше попладнево директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, додека пак меѓу најсериозните се оние во централниот дел на земјата, каде што по морски пат беа евакуирани 254 лица и во близина на Атина, каде ...
Софија, 31 јули 2026 (МИА) – Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката ...
Тирана, 1 август 2026 (МИА) - Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. - Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и ...
Атина, 1 август 2026 (МИА) – Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо ...
Љубљана, 1 август 2026 (МИА) – Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола. Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на крајбрежниот автопат, учествувале две службени ...
Атина, 1 август 2026 (МИА) – Денешниот ден започна со 11 активни пожари, со кои од вчера се борат силите на противпожарната служба, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, посочувајќи дека „големиот број пожари, во комбинација со екстремните временски услови, го доведоа механизмот на границата на своите можности“, јави дописничката на МИА од Атина. -Многу силните, дури и бурни ветрови и понатаму ...
Женева, 30 јули 2026 (МИА) – Глобалната побарувачка за авионски патнички превоз во јуни се намали за 1,7 проценти на годишно ниво, главно поради остриот пад на сообраќајот на Блискиот Исток предизвикан од војната со Иран, како и поради послабата домашна побарувачка во Кина, САД и Јапонија, соопшти денеска Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА). Вкупниот капацитет на авиокомпаниите, мерен во достапни километри седишта, се намали за ...
Брисел, 31 јули 2026 (МИА) – Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка ...
Никозија, 31 јули 2026 (МИА) – „Шел“ се согласи да ја продаде својата подружница „BG Cyprus“ на унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ (MOL Group) за сума што може да достигне до 720 милиони долари, јави кипарскиот весник „Филелефтерос“. Преку „BG Cyprus“, „Шел“ поседува малцински удел од 35 отсто во кипарското офшор наоѓалиште на природен гас „Афродита“. Со наоѓалиштето, кое се наоѓа во кипарската ексклузивна економска зона во Медитеранот, ...
31 јули 2026 - 14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ - вели Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Дневникот на МРТ1, што МИА ја објавува интегрално. ...
1 август 2026 Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Листата на градови и населени места расте секој ден. Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, ...
1 август 2026 Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше ...
1 август 2026 Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 ...
1 август 2026 Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на конфликтот во 2001 година, повеќе од две децении беше користен од ДУИ за политички придобивки, при што партијата на Али Ахмети го претставуваше како темел на своето политичко дејствување и го постави во центарот на својата политичка нарација, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално. Сепак, за време на промоцијата на иницијативата „Отворен Балкан“, се создаде ...
Скопје, 1 август 2026 Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Маја Серафимовска Борозан, ...