Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Рим, 30 јули 2026 (МИА) - Во аптеката на манастирот „Свети Марко“ во Фиренца е пронајден рецепт за Кока кола, од 19 век. Рецептот е најден за време на чистењето на архивите. На веќе пожолтен лист биле запишани состојките на пијалакот, што се смета за предходник на денешната Кока кола. Според историските записи, тие биле увезени од Јужна Америка. Денешната Кока кола била произведена во 1886 година, од американскиот фармацевт Џон Смит ...
Брињол, 30 јули 2026 (МИА) - Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар. Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ...
Штип, 30 јули 2026 (МИА) - Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење - истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. - Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар, како што се посочува, се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на ...
Штип, 30 јули 2026 (МИА) – Неколку милиони денари ќе бидат потребни за реконструкција на кровот на Клиничка болница Штип, кој беше оштетен и однесен за време на силното невреме со оркански ветер што го зафати градот, при што брзината на ветерот достигна 134 километри на час. Заменик-директорката на Клиничка болница Штип, Билјана Ефтимова, по средбата со министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Фондот за здравство Златко ...
Штип, 30 јули 2026 (МИА) - Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички комплекс во Штип беше тема на денешната средба на министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, и претставници на Клиничката болница во Штип со делегација на Светската банка. Планираната инвестиција за реализација на проектот е проценета на речиси 6,7 ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Тој со камион ...
Куманово, 29 јули 2026 (МИА) - Триесетгодишен кумановец вчера пријавил во СВР Куманово дека во дворот од неговата куќа на улицата Бајрам Шабани била фрлена експлозивна направа. Пријавата била поднесена во 14:35 часот, по што полициска екипа извршила увид на местото на настанот. На терасата од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена безбедносна рачка, за која се претпоставува дека потекнува од направата. ...
Струга, 29 јули 2026 (МИА) - Стружанец со 2,50 промили алкохол во кртва предизвикал сообраќајна незгода, 30 минути по полноќ полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ноќеска, 30 минути по полноќ на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(36) од Струга. - Претходно, тој со патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Во акциска контрола спроведена ноќеска во два угостителски објекти на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 15 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и две лица, меѓу кои сопственик на угостителски објект и лице кај кое била пронајдена марихуана. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, контролата била спроведена денеска, во периодот од 02:00 до 04:00 часот, од ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против правното лице поради сомнение за даночно затајување, со што, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н. О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - На 29/30.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(42), Д.К.(22), Д.А.(38), А.П.(33), А.Ј.(30), А.В.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од с.Блаце, скопско, J.K.(19) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата - водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија - рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Уставниот суд соопштува дека судијката Мери Дика-Георгиевска денеска ги почна своите работни обврски во судот. - Во рамките на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски, кој ја запозна со внатрешната организација и со начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба - стои во соопштението од Уставниот ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е ...
Скопје, 20 јули 2026 (МИА) - Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. ар/дма/ Фото: МИА ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување - изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на ...
Крушево, 30 јули 2026 (МИА) Крушево е подготвено за Празникот и за одбележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа. Утревечер од 18,30 часот во центарот на Крушево, пред столбот на Крушевската Република и пред црквата „Свети Никола“, Крушево официјално ќе ги пречека ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Во периодот од 2022 година до денес во СВР Скопје се евидентирани вкупно 1.275 случаи на семејно насилство, а податоците покажуваат значително зголемување на ефикасноста во постапувањето и процесирањето на сторителите - беше соопштено при денешната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Одделението за семејно насилство при СВР Скопје. Како што информира МВР, Тошковски непосредно се запознал со ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - „Мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква“ по повод илинденските празнувања испраќа Архиепископот охриски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод во Илинденското послание што МИА го пренесува во целост. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, денеска ќе одржат прес-конференција по повод промоција на нови електронски услуги на Инспекторатот. Во соопштението на Министерството за дигитална трансформација се наведува дека станува збор за две услуги - уверение за квалитет - сертификат за земјоделски производи, преработки и ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Ребалансот на буџетот за 2026 година, кој беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на буџетот во текот на годините во кој има зголемување на ставката на капитални расходи - истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. - Овој ребаланс е едно добро решение имајќи ја предвид целокупната состојба во економијата не само во Македонија туку гледано и ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Уверение за квалитет - сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 - сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите што од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги - uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Во првата половина на 2026 година Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе речиси 22.000 инспекциски надзори, во чии рамки, во делот на откупот, се издадени 409 решенија (наредби, опомени и задолженија) - рече денеска директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски. Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, тој истакна дека ДИЗ моментно се соочува со недостиг на кадар поради одливот на ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Регистар на авторизации, е новата, олеснителна можност за компаниите што се размислува да биде воведена на Националниот портал „uslugi.gov.mk“, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Со тоа ќе се овозможи, како што објасни, не само одговорните, туку и други, овластени лица од фирмите да имаат пристап на порталот во име на компанијата и да ја добијат услугата што им е потребна. ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Средствата во вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците загарантирани со закон и Устав. Национализација на овие средства можно е државата да направи, но ефектите од тоа се краткорочни, а на долг рок не се решава проблемот, велат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ). - Во оваа земја имало национализација, па денационализација така што историски гледано, возможно е, но тоа ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска остварил средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, на која била потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството, биле тековните и идните активности во ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Собранието вечерва ги донесе Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај ...