Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Скопје, 27 јули 2026 На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување со отпадот, бидејќи само така се штитат инвестициите, животната средина и јавниот интерес. Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост по повод последната реконструкција на Владата и вклучувањето на Демократската партија на Турците (ДПТ) во владејачката коалиција, стои во соопштението на ТХП што МИА ви го пренесува интегрално. Џабир Доко истакна дека ТХП го почитува демократското право на политичките партии да ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува ...
30 јули 2026 Република Туркије беше земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid, што се одржа од 22 до 26 јули, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам и на Генералната дирекција за кинематографија. Фестивалот беше можност турската кинематографија да се претстави пред меѓународната публика, а воедно да се зајакне културната дипломатија, да се поттикне професионалното вмрежување, но и да се промовира ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат - изјави потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната ...
Скопје, 30 јули 2026 Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово.... По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, се наведува во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на ...
Скопје, 30 јули 2026 Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. ...
30 јули 2026 Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегарално. Оваа инвестиција е уште еден доказ дека ВЛЕН, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Овој повеќемилионски проект не е ...
30 јули 2026 Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари отворена и содржајна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Во фокусот на средбата беше неопходноста земјата што поскоро да го пронајде патот за продолжување на процесот на интеграција во Европската Унија. Ахмети истакна дека секое натамошно одложување на ...
30 јули 2026 Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода. За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, која МИА ја пренесува интегрално. Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат ...
30 јули 2026 Вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата, што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина - истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, што МИА ја пренесува интегрално. Затоа капиталните расходи со ...
Скопје, 30 јули 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот ...
Пустец, 29 јули 2026 (МИА) - Директорот на Музејот на Македонија, Александар Ристевски и претседателот на македонското друштво „Преспа“ Едмонд Темелко денеска беа во посета на Македонците во Општина Пустец. Според Темелко, реализирале „низа значајни активности меѓу нашиот народ во Мала Преспа, Република Албанија“, место каде македонскиот идентитет, јазик и традиција се чуваат со длабока љубов и непокор. -Во Пустец во училиштето „Митре ...
Битола, 30 јули 2026 (МИА) - Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика и игра на која ќе настапат ансамбли од Македонија, Холандија, Унгарија и Словачка. Први на фестивалската сцена, со своја програма ќе се претстават членовите на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп, а според програмата, публиката ќе може да ги види и чуе, женската група „Теута“ од Тетово, АФ „Гоце Делчев“-Битола, КУД „Јане ...
Охрид, 30 јули 2026 (МИА) - Почитувајќи ја традицијата и значењето на 2 Август – Денот на Републиката, Општина Охрид годинава ќе го одбележи големиот македонски празник со дводневна програма исполнета со свечени чествувања, културни настани и музички настапи. Програмата започнува на 1 август во 20:30 часот кај споменикот на Илинденците во селото Велгошти, каде ќе биде положено свежо цвеќе, а пред присутните ќе се обрати претседателот на ...
Дебар, 30 јли 2026 (МИА) - Во рамки на активностите за превенција од пожари, што ги реализира Секторот за внатрешни работи-Охрид, полициски сужбеници од дебарското одделение остварија средби со месното население на дебарските села Селокуќи, Спас, Крифци и Бањиште, а извршија и обиколка на поширокиот шумски појас и Бањишко Поле. -Целта е подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен ...
Скопје, 30 јули 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди 2.720.000 денари за поддршка на проекти од областа на културата во 2026 година, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи. Со предвидените средства, како што информираат од локалната самоуправа, ќе биде реализирана разновидна културна програма наменета за сите генерации, со цел збогатување на културниот живот во општината и поттикнување на креативното ...
Струмица, 30 јули 2026 (МИА) - Легендите на електронската музика Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат заедно на 16 август во Градскиот парк во Струмица, во рамки на одбележувањето 35 години независност на Македонија. Настанот беше најавен денеска на прес-конференција во Струмица од портпаролката на Владата, Марија Митева, и Бобан Милошески од „Авалон“. Митева истакна дека одбележувањето на јубилејот ќе се реализира низ повеќе градови во ...
Битола, 30 јули 2026 (МИА) - Националната установа Народен театар Битола со соопштение за јавност информира дека успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 во која реализира меѓународни гостувања, 8 премиерни претстави и за 37 проценти го зголеми бројот на посетители. Успешната сезона за битолските актери заврши во Верона со светска премиера на „Кориолан“ од Шекспир во режија на Џон Блондел, а за успех се смета и учеството во формирањето на ...
Пустец, 30 јули 2026 (МИА) - Манастирот „Света Марена“ во селото Туминец, Општина Пустец, беше исполнет со голем број верници кои пристигнаа уште од синоќа на одбележувањето на патрониот празник на овој познат духовен храм. Верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивни потомци од овој крај, Македонци од Корча, Подградец и други градови во Албанија, како и гости од неколку македонски градови, присуствуваа на празничните богослужби. ...
Дебар, 30 јули 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше го заврши проектот за изградба на нов резервоар за вода за пиење во селото Ростуше, со што, според локалната самоуправа, е решен долгогодишен проблем со водоснабдувањето. Од Општината информираат дека новиот резервоар е изграден согласно современите технички и хигиенски стандарди и ќе овозможи поголем капацитет, повисок притисок и постабилна дистрибуција на вода, особено во периодите кога ...
Чаир, 30 јули 2026 (МИА) - Во Општина Чаир во тек е реализација на инфраструктурни проекти, при што паралелно се работи на изградба и реконструкција на подземната и надземната инфраструктура во повеќе населби. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, градоначалникот Изет Меџити порачал дека инвестициите се одвиваат со засилено темпо и се насочени кон подобрување на условите за живот и модернизација на општината. - На секоја улица, во ...
Штип, 30 јули 2026 (МИА) - Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во еден правен субјект, за оваа одлука денеска гласаа мнозинството советници во Советот на општина Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов образложи дека градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени. Јорданов вели дека нема да има отпуштања на ...
Сармите од лозови листови се дел од македонската национална кујна, може да се служат топли или ладни, и како предјадење или главно јадење. Состојки: 30 лозови листови 1 главица кромид 500 грама мелено месо свежо нане и магдонос 100 грама ориз Подготовка: Темелно измијте ги листовите од винова лоза, отсечете го дебелиот дел од дршките и кратко сварете ги во зовриена вода. Распоредете ги на послужавник за да се изладат. Исецкајте го кромидот и ...
Шенжен, 29 јули 2026 (МИА) - Кинеската компанија „Хонор“ (Honor) одржа специјален настан за подробен преглед на камерите вградени во нивниот долгоочекуван роботски телефон, т.е. „Робот-фон“ (Robot Phone). Како прв уред создаден во партнерство со легендарниот германски бренд за филмски камери „Ари“ (Arri), „Робот-фон“ носи неколку новини. Тие вклучуваат нативно „Лог-Ц3“ видеокодирање, „ЛУТ“ обработка на бои извршена директно на уредот и ...
Вашинтон, 29 јули 2026 (МИА) - По постигнатиот голем успех во кината ширум светот, музичката биографска драма „Мајкл“ од 10 август ќе биде достапна и на стриминг-платформата „Старз“ (Starz) „Мајкл“, со над милијарда долари заработка на светско ниво, е меѓу најголемите филмски хитови за 2026 година. Со Џафар Џексон во главната улога, филмот го раскажува животот на пејачот од детството, музичките почетоци со групата „Џексон 5“, па сè до ...
Токио 29 јули 2026 (МИА) - Иако јапонската компанија „Сега“ го прекина производството на „Дримкаст“ (Dreamcast) уште во 2001 година, легендарната конзола и денес живее благодарение на заедницата ентузијасти и независни програмери, кои и натаму создаваат нови игри за неа. „Дримкаст“ се појави во Јапонија во 1998 година, а една година подоцна и на светскиот пазар. Конзолата донесе иновативни можности за своето време, меѓу коишто 3-Д графика, ...
Сингапур, 30 јули 2026 (МИА) - Тинејџер од Франција, кој студира во Сингапур е казнет со 600 сингапурски долари (околу 405 евра) за нарушување на јавниот ред. Дидие Гаспар Овен Максимилијан (19) зел сламка од автомат за сок, ја употребил и ја вратил помеѓу чистите. Тој тоа го снимал и го објавил на Инстаграм со опис „Градот не е безбеден“. Видеоснимката предизвикала осуда од голем број корисници на социјалните мрежи. По инцидентот, тој ја ...
Бразилија, 30 јули 2026 (МИА) - Амазонската дождовна прашума важи за една од најнепрекинатите природни области во светот, но според новите откритија, таа изгледала многу поинаку пред речиси две илјади години, објави „Сајенс-алерт“ (ScienceAlert). Цивилизацијата Аквири, која постоела од околу 600 година пр.н.е. до 850 г. н.е., преобразила голем дел од југозападен Амазон, со своите населби и градењето загадочни земјени структури. Наодите ...
Хјустон, 30 јули 2026 (МИА) - Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА соопшти дека новиот вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“ е подготвен за лансирање на 30 август, речиси девет месеци пред предвидениот рок. Телескопот, вреден околу четири милијарди долари, ќе биде испратен во вселената со ракетата „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“. Телескопот ќе патува до Лагранжовата точка Л-2, оддалечена повеќе од милион ...