Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
1 август 2026 Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да ...
1 август 2026 Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, истакна на прес-конференција Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Документите од ребалансот на буџетот на Министерството за здравство откриваат сериозно загрижувачка шема: од една страна, Владата прикажува стотици милиони денари капитални инвестиции без јасна финансиска покриеност, додека од друга страна ги крати средствата за превентивните програми, прегледите на децата, здравјето на мајките, борбата против ракот, туберкулозата и грижата за менталното здравје, вели Арта ...
1 август 2026 Она што беше јавно потврдено од самите претставници на Владата претставува невиден скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата. Владата, во која ВЛЕН беше избран од ВМРО-ДПМНЕ како најсоодветен и најпослушен партнер, додели околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот договор на организации на српската заедница, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално. ...
1 авгут 2026 Во Дебар се одржа свеченото доделување на 47 социјални станови, уште еден доказ дека владеењето на ВЛЕН, за само 24 месеци, носи конкретни резултати и проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Градоначалникот на Општина Дебар од редовите на ВЛЕН, Фисник Мела, истакна дека инвестициите во социјалното домување се инвестиции во достоинството на ...
Валандово, 31 јули 2026 (МИА) - Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер - трактори. - Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово - изјави градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека ветер го ...
Битола, 1 август 2026 (МИА) - Со доделување на награди за најдобрите културно уметнички друштва, фолклорни групи и поединци, синоќа во Битола заврши 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Со одлука на стручно жири за најуспешна група која презентира изворна-традиционална музика и игра-обред, прогласена е женската група „Теута“ од Тетово, за најуспешна група која презентира староградска музика и игра прогласен е ...
Дебар, 1 август 2026 ( МИА) - Покрај реализацијата на инфраструктурни капитални проекти за подобрување на условите за живот на жителите, Општина Маврово и Ростуше спроведува активности за почиста животна средина. Во тие рамки реализирани се активности во двете најголеми села, Жировница и Скудриње, а по потреба ќе продолжат и во другите населени места. -Согласно програмските определби и приоритети за одржување на јавната хигиена и заштита на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. - Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на ...
Битола, 1 август 2026 (МИА) - Секторот за односи со јавност на Општина Битола информира дека вечер на стадионот во Битола легендарниот Здравко Чолиќ ќе пее пред повеќе од 15.000 посетители. Во Битола се очекува публика од цела Македонија и регионот за концерот на Чолиќ кој ќе почне во 21 часот, но од локалната самоуправа порачуваат заради големата посетеност, навремено доаѓање на стадиот под Тумбе кафе чии врати ќе бидат отворени во 19 часот. ...
Крива Паланка, 1 август 2026 (МИА) - Дваесет и пет дечиња од семејства во социјален ризик од Општина Крива Паланка денеска заминаа на бесплатен летен одмор на сметка на општината, во рамки на мерката за бесплатно летување на деца од семејства во социјален ризик од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска ја испрати новата група основци кои во наредните седум дена ...
Битола, 1 август 2026 (МИА) - Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани битолчани на традиционалната Семакедонска средба што утре ќе се одржи во потпелистерското село Трново. Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново ќе има од 9 часот на автобуските стојалишта во градот, како и во населените места ...
Дојран, 1 август 2026 (МИА) - Со туристи на подолг престој, попатни посетители и зголемена фреквенција на возила, Дојран го започна илинденскиот празничен викенд. Редици возила беа забележани на граничниот премин „Дојран" пред седум часот наутро, а во уште поголем број колони се чекаше на ГП „Богородица" во Гевгелија. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле ...
Дебар, 1 август 2026 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. - Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. ...
Тинос, 26 јули 2026 (МИА)- Сања РИСТОВСКА - дописничка на МИА од Грција - Сместен во срцето на Кикладските Острови, Тинос речиси два века е познат како едно од најзначајните православни места за поклонение во Грција, но во последните години сè повеќе го привлекува вниманието и на туристите, кои бараат автентична медитеранска атмосфера, традиција и културно наследство. Освен по религиозниот туризам, познат е и по мермерот, како нераскинлив ...
Скопје, 26 јули 2026, (МИА) - Последните денови на Крсте Мисирков се особено трагични. Откога му се слошило, бил примен во болницата на д-р Палчев во Софија, но состојбата и понатаму се влошувала, па затоа со помош на проф. д-р Стојанов преместен е во Александровата болница, сега Интерна клиника на Медицинскиот факултет во Софија. Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина ...
Куманово, 31 јули 2026 (МИА) - Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(34), И.Е.(22), А.С.(30), Р.К.(25), А.П.(30), Н.Ч.(32), сите од Скопје, како и О.В.(18) од с.Стајковци, скопско, П.М.(31) од с.Миравци, гевгелиско и Ф.С.(31) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ...
Струга, 31 јули 2026 (МИА) - Осквернавени гробови во кругот на црквата „Света Богородица“ во струшкото село Боровец, полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Охрид. Според МВР, вчера во 18 часот и 30 минути во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Света Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи. ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 23:00 часот, постапувајќи по Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на село Блаце, поточно на граничната линија меѓу Блаце и Хани Елезит, ги лишиле од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од село Блаце. Според МВР, лицата биле затекнати додека ...
Скопје, 31 јули 2026 (МИА) - Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а ...
Крушево, 1 август 2026 (МИА) - Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) Славица СТЕФАНОВСКА „Убавото нема смисла ако не е споделено“. Реченица, која, според раскажувањата и усните преданија, го отсликува животот на Јоргос Зорбас или Гркот Зорба во Скопје. Она што го заработувал не го задржувал себично само за себе, туку го делел со пријателите, познајниците и со случајните минувачи. Им помагал и на сиромашните, не затоа што ги жалел, туку поради ставот дека ништо што поседуваш не е ...
Скопје, 1 август 2026, (МИА) Блаже МИНЕВСКИ Македонците „не го сакаат Господ, бидејќи дозволил Македонија долго да страда од османското угнетување“. Многумина велат „ние бараме помош од силите кои се блиску, а Господ е многу далеку“. Ова е дел од извештајот на британскиот генерален конзул во Софија до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, испратен на 21 јуни 1903 година, кој на мошне илустративен начин ги опишува ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. По повод завршувањето на проектот, теренски увид извршија министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на ...
Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата. Одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, веќе е обезбедена техничка вода за користење. Ова го изјави премиерот ...