Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Атина, 2 август 2026 (МИА) – Со намалувањето на интензитетот на ветерот, почна гаснењето од воздух, со осум авиони и 20 хеликоптери, на големиот пожар што веќе трет ден е активен во областа Виотија во централна Грција и се прошири во соседниот регион, во западниот дел на областа Атика поширокиот регион на Атина, а зад себе остави изгорени куќи и шуми и зафатена површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Во гаснењето ...
Тирана, 2 август 2026 (МИА) - Отворањето на Конзилат на Србија во Скадар не го загрозува суверенитетот на Албанија, изјави албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, отфрлајќи ги реакциите дека тоа би било на штета на државата, ставајќи јасно до знаење дека нема да се повлече од оваа дипломатска иницијатива, објави Топ чанел. Во интервју за телевизијата, тој додаде дека ниедна земја не би дозволила дипломатско присуство, ...
Атина, 2 август 2026 (МИА) – За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и ...
Атина, 2 август 2026 (МИА) – Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по сударот биле ...
2 август 2026 Демократски сојуз: Честит Илинден! Демократски сојуз на сите граѓани на Република Македонија им го честита 2 Август – Илинден, најголемиот национален празник и симбол на вековната борба за слобода, државност и демократија, се наведува во честитката од Демократски сојуз, што МИА ја пренесува интегрално. Илинден од 1903 година и АСНОМ од 1944 година се темелите на современата македонска држава и траен потсетник дека со единство, ...
2 август 2026 Илинден е најголемиот македонски национален празник и еден од најсветлите симболи на нашата историја, државност и национален идентитет. Двата Илиндена – 2 август 1903 година, кога започна Илинденското востание, и 2 август 1944 година, кога се одржа Првото заседание на АСНОМ – се темелите врз кои е изградена современата македонска држава. Тие не се само историски датуми, туку вечни светилници што нè потсетуваат на цената што е ...
2 август 2026 Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално. Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и ...
2 август 2026 Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија, се наведува во честитката од ЛДП, која МИА ја пренесува интегрално. Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е ...
2 август 2026 -2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја - уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина, се наведува во честитката од претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на ...
2 август 2026 Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел 'идеален момент', туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста, се наведува во честитката од претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која МИА ја пренесува интегрално. ...
2 август 2026 Нашата должност е да го продолжиме патот на илинденците, а денешната борба е за достоинствен живот, правда, владеење на правото и европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето од Крушево по повод Денот на Републиката, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче потсети дека идеалите за кои се бореле илинденците и денес остануваат патоказ за развојот на ...
2 август 2026 По повод големиот празник 2-ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја ...
2 август 2026 Делегација на СДСМ предводена од Организацискиот секретар Љупчо Фармакоски, претседателот на ОО СДСМ Демир Хисар, Златко Кузмановски и советниците од СДСМ во Советот на Општината Демир Хисар, денеска оддаде почит и положи венец на гробот на големиот македонски револуционер Даме Груев во славното Смилево и на спомен-плоча на партизанскиот одред „Даме Груев", се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ...
2 август 2026 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, придружуван од пратениците од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче порача дека ...
2 август 2026 По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Северна Македонија им го честитаме празникот. Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер, се наведува во честитката од ВРЕДИ, што МИА ја пренесува интегрално. Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме ...
2 август 2026 По повод големиот државен и национален празник 2ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто во Скопје, се наведува во ...
2 август 2026 По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членот на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде што на 2 август 1944 година беше одржано Првото заседание на АСНОМ - ...
Крушево, 2 август 2026 (МИА) - Делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положиле свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Споменикот на месноста Слива е посветен на херојската жртва на македонските востаници кои во 1903 година ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на Партијата и пратеник Реџеп Исмаил, заедно со членовите на Централниот комитет, Дејан Димовски и Виторио Зафировски, положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. -АСНОМ е најголемата обврска преземена пред идните поколенија. Асномците не се бореа само за нивната генерација, туку за Македонија што ќе ја наследат тие што доаѓаат по нив. ...
Дебар, 2 август 2026 (МИА) - Свештената бигорска Обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август - Денот на двата Илиндена, со литургија во село Лазарополе и со доксологија - молитва за татковината во Бигорскиот манастир. -На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 123-годишнината од херојското Илинденско востание, централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска литургија во ...
Дебар, 2 август 2026 (МИА) - По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната борба за слобода, правда, достоинство и национален опстанок. Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува дека без разлика каде живеат, Илинден ги обединува ...
Тетово, 2 август 2026 (МИА) - Со интонирање на државната химна и со читање на делови од Крушевскиот Манифест и реферат за двата Илиндена, во Тетово денеска беше одбележана 123 годишнината од Илинденското востание и 82 годишнината од првото заседание на АСНОМ. Прославата, организирана од Сојузот на борците од Тетово, се одржа пред споменикот на Револуцијата во центарот на градот. -2 Август не е само датум, тој е завет. Од Херонеја каде што ...
Кочани, 2 август 2026 (МИА) - Со положување цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата, во Кочани денеска беше одбележан големиот национален празник 2 Август – Илинден. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, членови на Советот на Општината, како и општински граѓански и партиски делегации. Градоначалникот Грозданов посочи дека Илинден обединува две ...
Делчево, 2 август 2026 (МИА) – Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна во центарот на Делчево, денеска беше одбележан 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. На спомен-плочата со имињата на загинатите борци стои пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме ова што сме“, како потсетник на нивната жртва и придонес во борбата за слобода. Во рамки на одбележувањето, ...
Дојран, 2 август 2026 (МИА) - Илјадници посетители денеска го чествуваа големиот македонски национален празник 2 Август – Илинден во Дојран, истовремено оддавајќи почит на заштитникот на градот, светиот пророк Илија. Градот пречека туристи од повеќе места од земјава, а дојранчани за кои празникот има посебно значење си посакаа меѓу себе желби за благосостојба, напредок на местото каде живеат и мир во семејствата и меѓу најблиските. ...
Куманово, 2 август 2026 (МИА) - Во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце денеска со свечена државна церемонија и културно-уметничка програма беше одбележан Денот на Републиката – 2 Август. На свеченоста се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој упати честитка по повод Денот на Републиката и ја истакна историската важност на Илинден и АСНОМ за македонската државност. Делегација на Општина ...
Дебар, 2 август 2026 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. -Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени ...
Битола, 2 август 2026 (МИА) - Со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена на плоштадот „Гоце Делчев“ и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“, денес во Битола беше одбележан големиот државен празник Илинден. Пред 123 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата борба за слобода, а пред 82 година АСНОМ ја зацврсти идејата за независна држава. Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и ...
Пустец, 2 август 2026 (МИА) - По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на илинденците, како и на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ...
Скопје, 2 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните, информира Општина Чаир во соопштение што МИА го објавува интегрално. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница“ целосно е реконструирана водоводната мрежа, ...