
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Македонија е една од петте најзагрозени земји од климатските промени, а граѓаните треба постојано да бараат од институциите да преземат акции, бидејќи ги имаат сите потребни документи, но не делуваат, беше истакнато денеска на настанот „Бараме климатска акција сега!“, што во организација на Гоу грин се одржа во Градскиот парк во Скопје. Екологистите испратија порака за подигнување на јавната свест за климатските промени и превенција од ...
Реки пренасочени во цевковод, изградени брани во коритата, сечи на шумите околу нив и ерозија, е сликата со која се соочува подрачјето на Демир Капија, кое веќе шест децении е заштитено на хартија како споменик на природата, но не и во пракса. За овој вреден предел во следната една година ќе се изработува нова Студија за валоризација на природните вредности, која ќе треба да биде основа за нова и вистинска заштита. Се очекува најмалку четири ...
Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски настан „Спортски игри Велес“, кој ќе се одржи во Градскиот парк. Покрај спортисти од Македонија, ќе учествуваат околу 500 професионални спортисти од Шпанија, Полска, Италија, Србија,Чешка, Украина, Бугарија и Албанија. Во петте денови ќе се игра одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт. „Учесниците ќе имаат прилика да ги прикажат своите квалитети и воедно да ...
Уписите во средно образование, согласно конкурсот што го објави Министерството за образование и наука (МОН) ќе се одржат во периодот од 20 до 25 јуни. Она што е новина годинава е тоа што кандидатите освен што ќе мораат во овие пет денa да се пријават електронски, истовремено ќе треба документите за упис да ги однесат и во хартиена форма во училиштето во кое аплицираат. Конечните ранг-листи со примените ученици ќе бидат истакнати во училиштата на ...
Во понеделник, на 27 мај, ќе се одбележи Меѓународниот ден за менструална хигиена со настан на тема „#ПрваМенструација“, соопшти организацијата Тиииит! Инк. Настанот почнува во 18 часот со свечено отворање со претставници од Француската амбасада во Скопје, по што следува квиз на тема „Сеопфатно сексуално образование“. Ќе се проектираат кратки филмови, а настап ќе има и бендот „Долорес“ од Србија. „Овој настан е организиран со цел публиката да се ...
Младинскиот сојуз Крушево објави повик за практиканти – преку тримесечна практикантска програма ќе обезбеди финансиски надоместок за три млади лица. Дополнително, велат од организацијата, ќе ги мапираат интересите на младите луѓе во различните програми со цел понатамошно вработување на младите, по завршување на праксата. Заинтересираните кандидати за учество во практикантската програма потребно е да бидат на возраст од 16 до 29 години, да не се ...
Во исчекувањето на новата експанзија за Elden Ring, излезе Story Trailer за првата експанзија на Elden Ring со поднаслов Shadow of the ErdTree. Ова видео го „хајпна” светот на игрите, односно е најпопуларното видео од сите вести за гејминг во моментов. Приказната за „Микела и Тарништ” воините продолжува со уште подобра графика и голем број предизвикувачки моменти. За Elden Ring имаме повеќе написи и уште пред да излезе играта навивавме за неа ...
Најстарото училиште во Maкедонија годинава одбележува 188 години постоење. Училиштето, кое со работа започнало во 1836 година, патрониот празник деновиве го одбележува со т.н. „Саем на среќно учење”. „Наша заедничка цел е да ги мотивираме учениците да учат различно од класичното учење, изнудувајќи им радост по успешно реализирано истражување и надминување на тешкотиите преку игра, поттикнувајќи им задоволство од одлично завршената активност. ...
Легендарниот RPG серијал „Драгон ЕЈџ“ (Dragon Age) доста добро познат на гејмерите, кулминираше со играта „„Драгон Ејџ: Инквизиција“, која сега може да се преземе бесплатно од Epic Games, до утре. Овие игри се едни од најпознатите по својата експлицитност и ги имаат речиси сите можни предупредувања дека се наменети за возрасни. Повелете и погледнете го трејлерот за играта на бесплатна промоција: Играта има одлични механики на борба. Можете да ...
На културната сцена во Велес денеска беше изведен перформанс како дел од настанот „Простор за разговор“, чија основна цел е рушење на стереотипите и подигање на свеста за родовата еднаквост. Како што информираат во ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, целта е преку овој перформанс да им се обезбеди простор на младите отворено да зборуваат за предрасудите за родовата еднаквост. „Сите сакаме здраво, хумано и грижливо ...
Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ годинава одбележува 75 години постоење. По тој повод вчера бил организиран свечен прием во Филхармонија, на кој присуствувале ректорката Билјана Ангелова, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, државни претставнци, професори од УКИМ и професори од други универзитети. „Дигиталната трансформација која беше зачната на некои од врвните универзитети, ги трансформира сите универзитети, па ...
Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше да се надминат проблемите детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години. Сепак, до овој момент, наставниците го користат стариот е-дневник во кој ја водат целокупната евиденција за учениците, па затоа ова ...
Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД за тоа како ќе се спроведе судењето таму, одлучи Високиот суд во Лондон, пренесува Гардијан. Двајцата судии, во март годинава ја одложија одлуката околу тоа дали Асанж, кој се обидува да избегне кривично гонење во САД за обвиненијата за шпионажа и објавување на илјадници ...
По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде одземен имунитетот. На новинарите не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот на судијата. За исклучување на јавноста гласаа сите десет присутни членови на Судскиот совет на вечерашната седница. ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, односно за делото примање награда за противзаконито влијание. „По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се ...
„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со силно полициско обезбедување попладнево беше изнесен од Кривичниот суд. Судија на претходна постапка го потврди притворот од 30 дена, кој започнува од денот кога тој беше спроведен во истражниот затвор во Шутка, на 15 мај. Претходно, на прашањето на новинарите „дали ...
По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и во Струга. Право на глас на овие избирачки места имаат вкупно 4.521 гласач. На избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи; на избирачкото место 1194 во Крушево 470 избирачи; во 1202, исто така во Крушево, 298; ...
„Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, „Сетстат“ и Марија Каева и „Ретро кабаре“, се бендовите кои утре ќе настапат на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 20 часот. Платото ќе се трансформира во музичка сцена, а во организација на Јуроп хаус. Настанот е именуван како „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. „Оваа музичка вечер ќе понуди незаборавно патување низ времето. Старите македонски хитови ќе добијат свежо и модерно руво. ...
Холивудската актерка Скарлет Јохансон вели оти е „инзервирана и шокирана“ откако го чула својот глас на најновата верзија на ВИ четботот ChatGPT, сметајќи дека тој премногу наликува на нејзиниот, пренесува Би-би-си. OpenAI, компанијата зад ChatGPT, неодамна ја презентираше најновата верзија на нивниот четбот – ChatGPT-4o. Со најновата верзија на четботот може да се води разговор на секакви теми, а тој одговара со реалистичен глас, кој во своите ...
„Пи Дидди“ се извини за физичкиот напад врз Кеси Вентура по долгогодишно негирање на обвиненијата. Извинувањето следува откако Си-ен-ен објави видео од камерите низ ходникот на хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити од 2016 година. На видео кое се објави во петокот се гледа Комбс како ја удира и ја влече по под, па фрла стаклена вазна кон неа. 1 Во тужба поднесена минатата година, Вентура тврдеше дека била тргувана, силувана, дрогирана и ...
До 31 мај, младите музичари имаат прилика да учествуваат на конкурсот за доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ кој во чест на фронтментот на легендарната рок група Екатерина Велика (ЕКВ) го организира неговата задужбина под слоганот „Пријави ја твојата песна“. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна со текст на било кој од јазиците што се зборуваат на територијата на ...
Објавата споделува принтскрин од комуникацијата меѓу Зеленски и Сиљановска Давкова по повод нејзината победа на претседателските избори и неточно тврди дека „македонските војници се пратени да гинат како топовско месо за идеалите на фашистичко НАТО“. С. Македонија нема свои војници во Украина и тоа е потврдено и со одговорот што „Вистиномер“ го доби преку Министерството за одбрана, од Генералштабот на Армијата, пишува Вистиномер. Текстот го ...
Примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз образовната трансформација е главна тема на годинешниот Светски образовен форум (19-22 мај) кој традиционално се организира во Лондон, а на кој годинава присуствувале и претставници на Министерството за образование и наука (МОН). „Делегацијата која ја претставува нашата земја предводена од Шпетим Љатифи, посебен советник во кабинетот на министерот за образование и наука, активно ќе ...
Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации. Оваа работилница беше наменета за млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти. Ова е последната од трите работилници во рамки на годинешната програма „Новинарство за новата генерација“ ...
„Простор за разговор“ се вика настанот што се одржува денеска во организација на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, кој треба да ја подигне свеста за родовата еднаквост. Настанот започна во 12 часот на сцената во Домот на културата во Куманово. „Ова е дел од низата културни настани од проектот „Простор за разговор“. Нашата цел е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во ...
Млади ентузијасти за роботика се натпреваруваа на Глобалната спортска роботска олимпијада, каде два тима од скопската организација СТЕМ Академија достигнаа неверојатен успех. Во конкуренција со 1450 тимови од 36 земји, македонските тимови Space Walkers и Space Walkers Jr., составени од млади од 13 до 18 години, освоија прво и второ место во престижната категорија „Пентатлон арена“. Натпреварот се одржа во Крит, Грција, од 26 до 29 април. Во ...
Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски од 17 до 19 мај учествуваше на традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ’ кој се организираше во Приштина , во Националната библиотека на Косово. Сотировски, на почетокот на својата кариера паралелно работел како илустратор и дизајнер во многу рекламни агенции на Балканот, сè до 2004 година, кога одлучил да се фокусира само на цртање. Во својата 35 годишна кариера илустрирал стотици книги и ...
Конкурсите не се повлечени, туку како што беше наведено во истите, аплицирањето престанува во моментот кога ќе се пријават доволен број апликанти. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) на прашањето на Мета.мк за тоа која е причината поради која Министерството ги повлече од својата веб-страница конкурсите за стипендии за студенти на втор и трет циклус кои беа објавени во јануари. Повеќе од четири месеци откако конкурсите ...
Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет на компанијата зад ChatGPT се „напредните производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк беше истражувач за безбедност во „OpenAI“, чија одговорност била вештачката интелигенција да се придржува до човечките вредности и цели. Неговото напуштање на компанијата доаѓа пред глобалниот самит за вештачка интелигенција ...
Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години – во 2017, се изгради на кампусот. Седум години подоцна, изградената сала не е пуштена во употреба, нема сопственик, a за нејзината изградба од Агенцијата за млади (АМС) и спорт тврдат дека се потрошени 124.205.636 денари (околу 2 милиони евра) државни пари. Изградбата на оваа сала е инвестиција ...