Павел Дуров, основачот и извршниот директор на популарната апликација за праќање пораки Телеграм, е приведен во Франција, информираат француските медиуми, а пренесува „Дојче веле“. Дуров бил уапсен на аеродром во близина на Париз. Тој патувал од Азербејџан. Милијардерот, кој е роден во Русија, но има двојно државјанство од Франција и Обединетите Арапски Емирати, живее во Дубаи. Тој претходно ја создаде руската социјална мрежа ВКонтакте. Има ...

Израел лансираше воздушен напад во Либан, со стотина летала, таргетирајќи воени цели поврзани со Хезболах. Исламистичката организација врати со околу 300 беспилотни летала, пренесува Би-би-си. Израелските сили соопштија дека нападот бил превентивен, откако добиле разузнавачки информации дека силите на Хезболах се подготвуваат за голем напад кон Израел. Министерството за здравство на Либан соопшти дека тројца жители биле убиени во нападите, ...

Русија и Украина се согласија на размена на воени заробеници. Секоја страна ќе ослободи 115 заробеници, пренесува Ројтерс. Ослободените руски заробеници сега се во Белорусија, а министерството за одбрана на Русија ѝ се заблагодари на украинските сили за размената. Оваа размена доаѓа откако Украина започна воена операција во Русија овој месец, во регионот Курск. Станува збор за првата копнена инвазија на Русија од странска сила од Втората светска ...

На граничниот премин Богородица се запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, соопшти Царинската управа. Накитот бил откриен кај лице кое патувало во автобус од Истанбул за Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во ...

За пропустот со свадбарската колона на спикерот, која граничниот премин на Блаце го минала без контрола, министерот Тошковски најави дека ќе се утврдува одговорност кај раководителот на смена на граничниот премин. Значи, како и во случајот со косовската претседателка Вјоса Османи, кога целата вина за инцидентот со проверката на багажот на скопскиот аеродром, падна на обезбедувањето на Гаши, сега вината ќе се бара кај раководителот на границата. ...

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје, во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопштуваат во Обвинителството. Според јавниот обвинител, во овој случај, првостепениот суд донел извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажал дека никој не може да ја дерогира и супституира судската ...

Денес го одбележуваме најважниот празник на Украина и Украинците – Денот на Независноста на Украина. Благодарение на сите vас, денес не сме сами, туку го славиме нашиот празник заедно со пријателите. Нашата држава исто така денес не е оставена сама. Украина е опкружена и поддржана во борбата против рускиот агресор од десетици земји ширум светот. Меѓу нив е и Северна Македонија, истакна Дмитро Керечанин, заменик-амбасадорот на Украина во земјава. ...

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар, а еден бил ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово сè уште се активни два пожара, на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос. Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина. Во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено. Центарот за управување со ...

Лицето Д.Д. се пријавило при влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“, потврдува Министерството за внатрешни работи (МВР). Според ницијалите и возраста наведени во соопштението на МВР, се смета дека станува збор за едно од лицата осомничено за случајот „27 април“, односно за упад во собранието пред да се изгласа новата влада во 2017 година. „При редовната пасошка контрола е констатирано дека лицето е евидентираното на стоп листата со ...

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје. Мета.мк се обрати до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што го добивме истиот одговор – „вакцини немаме, не можете да се вакцинирате“. Ова се случува иако портпаролот на ...

Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор прочитана на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата, составена од Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, вели дека станува збор за песна во која доминира интертекстуалната игра. „Повикувајќи се на светскиот класик ‘Алиса во земјата на чудата’, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски ...

Илон Маск зборува на албански јазик, а Доналд Трамп се претставува како „претседател на Руската Федерација“ – вакви и слични манипулативни видеа, веќе може да се создадат за помалку од две минути. Алатките за вештачка интелигенција денес нудат неограничени можности, па со нив може да се менува ликот на една личност со друга, и да се менува или додава вештачки генериран глас налик на оној на вистински личности. Во неодамна објавеното видео на ...

Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, познато како „Шангајска листа“, од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту едена македонска високообразовна установа. Рангирањето кое се објавува по 21. пат, не носи големи изненадувања. И оваа година на прво место, како најдобар универзитет во светот, е рангиран универзитетот Харвард. ...

Ви ја преставуваме најдобрата музиката правена или употребена во видео игри, а изборот на музика е направен според соодветните игри кои исто така ги препорачуваме, доколку не сте ги играле досега. Листата не е направена според принципот „ТОП 10” стил, туку е рандомизирана за сите вкусови. Најчесто во гејмингот се користи електронска амбиентална музика, рок, рап и метал музика, а понекогаш и емулација на мелодична класична музика, која е ...

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ му ги доставило пред два дена. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека двете барања ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време, пренесе Телма. На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 ...

Најскорешната класа во Black Desert Online на специјализиран мечувалец наречена „Dosa“ е комбинација и од кинески таи чи чуан меч, но воедно и со движења на јапонски самураи со катани. Светлосните ефекти на пропратните магии во играта се толку многу изразени, што има предупредувања за луѓе склони на ризик од епилепсија, за што има и официјални предупредувања. Гледањето на гејмплеј од играта на YouTube и играњето е сосема различно, како што е ...

Медиумите изминатите недели известуваат за бројни пожари со различни причинители, а за дел од нив причините не се ниту откриени, ниту пак, има осомничени. Точно е само дека има сомнежи дека најголемиот дел од нив се предизвикани од човечки фактор но без да се знаат мотивите ниту дали се работи за невнимание или за намера. Тврдењата дека „пожарите ги палат за на нивно место да никнат фотоволтаици“, се неосновани и непоткрепени, пишува Вистиномер. ...

Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население. Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 жители, проценува Радио Слободна ...

Пожар избил денес во зграда во Нови Сад во околу три часот наутро, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Загинати се шест лица, од кои четири се деца, на возраст од две, четири, пет и седум години. Се смета дека загинатите лица биле членови на едно семејство. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Според досегашните информации, батерија на електричен скутер која се полнел се запалила, што е најверојатната ...

Не постојат никакви докази дека Тедрос „има минато на корупција, киднапирања, тортури, криминал и убиства во Етиопија, ниту злосторства против човештвото“, како што обвинува објавата. Неговите здравствени акредитиви, исто така, се неспорни, а за времето во кое бил министер за здравство на Етиопија направил бројни здравствени подобрувања. Исто така, доктор Тедрос негираше дека како министер прикривал епидемии на колера во Етиопија, пишува ...

На 27 август во 14 часот во Клубот на новинари при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе се одржи комеморација во чест на новинарот Саше Димовски. Саше Димовски почина 5 август годинава, на 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации. Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ. Димовски работеше како новинар од 1996 година во ...

Вчеравечер избил голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот траел од 10 часот до 3 часот по полноќ и е локализиран. Поради горливиот материјал, пожарот ја зафатил цела фабрика и има голема материјална штета, соопштува ЦУК. Во гаснењето биле вклучени ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 8 ПП возила, ТППЕ Велес со 7 пожарникари и 2 ПП возила, ТППЕ Неготино со 2 ...

По остварена средба со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски изјави дека доставил предлог за намалување на надоместоците, односно дека цените наскоро би требало да се намалат и до 75 отсто. „На пример, доколку склучите договор за купопродажба на стан, треба да извршите упис во катастарот на 4 имотни листови: за станот, земјиштето под зградата, заедничките простории и паркинг местото. Во ...

Денес во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од 17 до 22 часот ќе се одржи петтото издание на „ФИЈУК“, саем и работилница за изработка на колажи. Над 30 излагачи ќе ги претстават своите дела на изложбата, која ќе биде продажна. „’ФИЈУК’ е меѓународна и самоодржлива иницијатива чија мисија е да поттикнува нова графичка и дизајнерска продукција на книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии и цртежи и да ја ...

Илон Маск ја развива „неуролинк“ технологијата, поточно мозочен имплант што може да служи како пребрз интерфејс за користење компјутери. Првиот човек е веќе имплантиран и се вика Ноланд Арбаух кој кажа дека веќе ги победува лесно своите пријатели во игри, а како квадрилептик не би можел да го стори тоа. Маск најавува користење на повеќе електроди за трансфер на податоци и огромна брзина на реакција. Дури вели дека корисници на неуролинк ...

ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет. „Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. Недостатокот на сигурен јавен ...

Ален Делон, француски актер, продуцент и писател почина на 88 години. Неговото семејство денеска соопшти дека тој починал мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите три деца и неговото семејство. Делон се во последните години се соочуваше со многу здравствени проблеми. Тој е роден во Ско, предградие јужно од Париз, а своето прво појавување на филм го имаше во 1957 година. Делон е познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, ...

Во последниот месец, јули 2024 се регистрира десеткратно зголемување во однос на претходниот месец. За 18 дена во месец август, регистрирани се 489 заболени лица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во последната недела, тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, при што регистрирани сe 271 нови позитивни случаи. Ова е, како што ...

Во тек е надградба на системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“, информираат во претпријатието. „Надградбата се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. Оваа фаза ќе заврши до 15 септември, кога започнува ...

Пишаното останува, кога ќе се прочита се врежува во нашата меморија и тука стои, може да се употреби и пренесе, а може и да остане засекогаш во нас. Денес промотивно се одржа прес конференција на која се соопштија деталите за Програмата на годинешното издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Тој е еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали кој се одржува уште од 1961 година, во вообичаениот термин, од 22 до 26 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.09
69%
1022
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.16
81%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
74%
1021
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Калај

40.61

Родиум

256402.20

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

54545.58

Бакар

10.74

Алуминиум

2.89

Паладиум

47808.16

Злато

135307.19

Сребро

1947.42

Никел

472696.35

Иридиум

145787.60