Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г.(66) од Радовиш, по што возачот со возилото го напуштил местото, но потоа самиот се вратил. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Г., констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото изврши екипа ...

На 11.11.2025 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода В.Ч.(42) од Австрија. При гранична контрола и преглед на патничко возило со австриски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна ...

„Следната фаза во јакнењето на националната сајбер безбедност е изградбата на новиот Владин Центар за одговор на сајбер инциденти – GOVCIRT“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на форумот „Технологии и добри практики во сајбер безбедноста. Искуства од Република Италија“, одржан денеска во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од италијанските институции и компании, како и експерти и претставници од ...

Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села. Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините за алармантното ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните ...

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да се снабдува со деривати од други земји. – Имав ...

Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на председателот на Владата и дипломатско конзуларните претставништва, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во државата или ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е убеден дека Скопје и останатите општини во соработка со Владата ќе почнат да се справуваат со отпадот на многу подобар и поцелисходен начин. – Скопската депонија „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба и силно ќе се залагаме таа да се трансформира по примерот на другите современи европски, регионални центри за обработка и третман на отпад. Максимално треба да се заложиме за селектирање на отпадот и ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека поразот на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори предизвикал сериозна криза во партијата, а процесот на консолидација под водство на Венко Филипче не дава резултати. Според Манасиевски, јадрото на СДС продолжува да се распаѓа по, како што вели, „катастрофалниот резултат“ на изборите, на кои партијата освоила околу 120.000 гласови и само шест општини. „СДС ...

Ударниот и најмодерен носач на авиони Џералд Форд, придружуван од друга флота, според изјавите на американските официјални лица од вчера е преместена во регионот на Латинска Америка со што драматично се засилува военото присуство и се продлабочува напнатоста со Венецуела. Венецуела од друга страна распоредува опрема, вклучувајќи и децении старо оружје од руско производство и планира да организира герилски отпор во случај на американски ...

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно. Бик Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски вложувања. ...

СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија додаваат дека никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а прептладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со ...

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија. Ѓорѓиевски изјави за МТВ1 дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Тој ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен ...

Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено ...

Барање дефинитивен крај Многу луѓе се обидуваат да го затворат кругот со својот бивш преку разговор, но тоа често само го одложува процесот на закрепнување. Важно е да се прифати дека врската не успеала и дека крајот бил неопходен. Претерано следење на вашиот бивш на социјалните медиуми Светот на социјалните медиуми денес овозможува постојан увид во животот на бившите. Премногу следење на нивните активности може да го продолжи страдањето и да ...

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“. Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, ...

Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план. Бик – Тврдоглавост Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука. Близнаци – Недоследност Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат. Рак – Злопамтила Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат. Лав – Постојана потреба за внимание Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби. Девица – ...

На самитот на 25 јуни во Хаг, сите освен една од членките на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП до 2035 година. Шпанскиот премиер Педро Санчез го отфрли зголемувањето, инсистирајќи дека сегашните планови на неговата земја да ги зголеми трошоците за одбрана на 2% од БДП се доволни. За да се зачува едногласноста, другите лидери ја ослободија Шпанија од обврската. Мора да дејствуваме дипломатски за до 2035 година ...

Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари целите што беа поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично си ги постави. Повеќе би сакале да го решиме овој судир со политички и дипломатски средства. За тоа повеќепати сме зборувале, и руската страна ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека Киев планира да нарача 27 системи за противвоздушна одбрана Патриот од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата. Тој во интервју за Гардијан истакна дека европските земји би можеле да му ги испратат на Киев системите Патриот што ги имаат. Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем на ...

Во Њу Делхи денеска се одржа собир за мерки против загадувањето на воздухот во главниот град на Индија, кој е еден од градовите во светот со најголемо загадување на атмосферата. Неколку десетици демонстранти излегоа на улиците со своите деца носејќи маски и држејќи транспаренти со слогани. На еден пишуваше „Ми недостига дишење“ и „Само сакам да дишам“. Демонстрантите се собраа во близина на култната Индиска порта, споменик подигнат од ...

Синот на починатиот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, Ханибал Гадафи, беше ослободен од либански затвор по десет години поминати во притвор, потврдија денеска неговиот адвокат и судски извори. „Тој е ослободен“, изјави за ДПА Насиб Чедид, еден од неговите адвокати. Неговиот правен тим соопшти дека Ханибал бил ослободен со кауција од 900.000 американски долари и дека му е укината забраната за патување. Ослободувањето се случи неколку дена откако ...

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Северноатлантската алијанса поминува низ период на нестабилност поради непредвидливото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за весникот Газета Виборча, Туск нагласи дека НАТО и понатаму останува од суштинско значење за безбедноста на Полска и на Европа. – НАТО со години ја докажа својата ефикасност на бројни места и во различни ситуации. Денес алијансата можеби се наоѓа во ...

Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ. Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во 2029 година. Анкетата е спроведена на почетокот на овој месец врз ...

Хрватска нема да упатува повици за служење на задолжителниот воен рок до државјани со двојно државјанство кои имаат постојано живеалиште во други земји, како Србија, Црна Гора или Босна и Херцеговина, и против нив нема да се покренуваат прекршочни постапки доколку не го отслужат воениот рок, соопштија од Министерството за одбрана на Република Хрватска за агенцијата Бета. Од Министерството појаснија дека повиците за основна воена обука ќе им ...

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 10 часот ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, во Владата, информираат од прес службата на владата. По средбата следува потпишување на договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска ...

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 124 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
58%
1013
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
80%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
2.73
83%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
65%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
81%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1011
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.68
59%
1014
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1012
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
13.38
87%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Родиум

363303.44

Калај

54.25

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

156424.63

Сребро

3663.67

Цинк

3.34

Бакар

11.99

Алуминиум

3.15

Паладиум

54624.12