Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 11 ноември, вторник, ќе престојува во работна посета на општина Ресен, информираат од Кабинетот на претседателката. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината, ќе се сретне и ќе разговара со жители на Ресен. Предвидено е да ги посети Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура „Драги Тозија“. Во рамки на посетата, ...
Утре, 11 ноември 2025 година (вторник), претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе ја посети фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид, информираат од прес службата на владата. Посетата доаѓа во период на силен раст за компанијата: заклучно со декември 2025 година, КОСТАЛ Македонија планира 60% поголеми приходи во споредба со 2024 година. Во 2026 година, компанијата започнува нов инвестициски циклус вреден над 30 ...
Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“. Во своето обраќање, министерот Андоновски, истакна дека токму дигиталните ...
Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Николовски. Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието е ...
На 09.11.2025 во 23:40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.Ц.(28) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.11.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.М.(24) од Скопје, затоа што ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан не може да го запре движењето на Украина кон Европската Унија, а неговите обиди да го блокира овој процес само ја покажуваат неговата поддршка за реториката на Москва, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе се сретнат во Белата куќа. – На прво место, Орбан сака да го донесе Трамп во Унгарија на средба со Путин. Ако ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека паузата во преговорите меѓу Русија и Украина се должи на „неподготвеноста“ на Киев да се стреми кон политичко и дипломатско решение, како и на провокациите од европските земји. Тој, исто така, рече дека не е можно да се предвиди кога би можел да се одржи самитот Русија-САД. -Тешко е да се обидеме да предвидиме нешто овде и сите прогнози најверојатно ќе бидат неосновани, рече Песков. Тој додаде ...
Акционерите на „Тесла“ синоќа одобрија план за компензација од еден трилион долари за извршниот директор Елон Маск, со што најбогатиот човек во светот ја добива најголемата корпоративна исплата во историјата ако ги исполни целите потребни за да ја добие. Пакетот, на кој се спротивставија неколку истакнати инвеститори, покажува дека акционерите сè уште веруваат дека Маск може да го води производителот на автомобили во ера доминирана од ...
Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Љупче Почивалец, Александру Албу претставник од Делегацијата на ЕУ и поранешниот градоначалник, Ацо Ристов, денеска присуствуваше на завршната презентација на Проектот „Зелена топлина“ во Општина Радовиш.Проектот е имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“ финансирана од Европската Унија. Кофинансирањето за проектот е обезбедено од Министерството за локална самоуправа и Општина ...
Изборниот пораз на СДС и нивниот лидер Венко Филипче продолжува да предизвикува бурни реакции во јавноста и во политичките кругови. Според последните резултати, партијата освои околу 120.000 гласови, со што падна на третото место на национално ниво и петто во Скопје — што се смета за еден од најлошите резултати во историјата на СДС. Иако Филипче по поразот најави реформи и кадровски промени, засега нема конкретни чекори. Според извори блиски ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како ...
На 09.11.2025 во 13:35 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ќ.И.(32) од с.Врапчиште, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 192 километри на ачас на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. На 09.11.2025 во 12:13 часот на патот Тетово – ...
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...
Вчера утрото, околу 10 часот, во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка додека собирал печурки. Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Го забележале ловџии, кои викнале лекари. Повредениот човек веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје. Жителите од прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, ...
ОВЕН Денес ќе ја вратите енергијата што ја изгубивте во изминатите неколку дена. Можете да завршите нешто што сте го одложувале. Бидете малку помеки во врските – некој е почувствителен отколку што мислите. БИК Денот е добар за практични работи – пари, шопинг, договори, организирање на домот. Не вклучувајте емоции таму каде што не се потребни. Во љубовта, треба да кажете што мислите, но без да бидете тврдоглави. БЛИЗНАЦИ Ќе бидете помобилни од ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до ...
Раперот 50 Сент предизвика бура на социјалните мрежи откако со контроверзна објава реагираше на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк. Мамдани стана првиот муслиман и Јужноазиец на чело на „Големото Јаболко“, а неговите најави за даночни реформи очигледно не му се допаднале на познатиот музичар. Мамдани остро го критикуваше својот противкандидат Ендру Куомо, но и претседателот Доналд Трамп. Познат е по тоа што не ...
Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт. И покрај бројните предупредувања, повеќето луѓе сè уште поминуваат премалку време во движење, пишува „Tајмс оф Индија“. Според Светската здравствена организација (СЗО), четири до пет милиони смртни случаи годишно би можеле да се спречат со само ...
Иако успехот на Шведска во намалувањето на бројот на пушачи и контролата на зависноста од никотин во голема мера е поврзан со традиционалниот снус, најновите истражувања ја открија значајната улога на никотинските ќесички како алтернатива за тие што не сакаат да продолжат со пушење цигари. Посебен акцент се става на жените кои се повеќе склони да ги прифатат никотински ќесички поради перцепцијата на снус во Шведска како претежно машка навика. ...
Меѓу 9 и 29 ноември 2025 година, Меркур повторно ќе се движи ретроградно, но овојпат низ два длабоко различни, но силни знаци: Стрелец и Скорпија. Овој астролошки циклус подразбира преиспитување и ревидирање на личните мисли, комуникација, одлуки и релации. Стрелецот носи период на анализирање планови, идеали и цели, додека Скорпијата поттикнува интроспекција, излегување на површина на потиснати чувства и расчистување на нерешени проблеми. ...
Колку ги имавте? Дали актуелните партнери ве прашуваат тза оа? Што мислите за тоа прашање и дали искрено одговарате на тоа? Колку често ви пречи вистината? Ново истражување спроведено од британската страница за запознавање „IllicitEncounters.com“ вклучува 1.000 мажи и 1.000 жени, а се покажа дека 52 проценти од испитаниците сметаат дека тој број треба да биде 13. Според податоците, некои може да бидат отфрлени од фактот дека партнерот имал ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети. – Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец, наведувајќи дека Африканерите „се убивани и масакрирани“. – Целосен срам е што Г20 ќе се одржи во Јужна Африка. Африканците (луѓе кои потекнуваат од холандски доселеници, како и од француски и германски имигранти) се убиваат и масакрираат, а нивната земја и фарми нелегално се конфискуваат. ...
Околу 67.500 лица во Шведска имаат врски со криминални банди, се наведува во извештајот објавен денеска од шведската полиција. Од нив, 17.500 се активни членови, а уште околу 50.000 лица се дел од нивното најблиско опкружување, се наведува во документот кој се фокусира на долготрајниот проблем со криминалните мрежи во земјата. – Сè уште имаме премногу голема група лица кои или активно учествуваат во банди или имаат врски со нив, изјави ...
Европската унија ги осуди последните израелски воздушни напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето постигнато со либанското шиитско движење Хезболах пред една година. – ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите дејства што ги прекршуваат резолуциите на ОН и договорот за прекин на огнот постигнат во ноември 2024 година, изјави денеска портпарол на ЕУ за надворешна политика. – Во исто време, ги повикуваме либанската страна, ...
Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради растот на цените, пишува фински „Јле“. Произведувачот „Панда“ соопшти дека прекинува со производство на своите слатки со ликер поради долгорочниот пад на побарувачка. Компанијата „Оркла Финланд“, сопственик на ...
Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, пренеува ДПА. Измамничките веб-страници имитираат легитимни интернет-продавници, т.е. примаат уплата на пари – но купената стока никогаш не пристигнува. Следствено, застапниците на потрошувачите велат дека големите ...
Соединетите Американски Држави ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите насочени кон руската нафта и гас, по средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот Доналд Трамп. Од своја страна, по средбата со Трамп, Орбан посочи дека Унгарија обезбедила „општо, неопределено ослободување“ од купување руска нафта и природен гас преку своите два главни цевководи. Официјален претставник на Белата куќа ја потврди одлуката, ...
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди апелира до германскиот парламент да ја прошири хуманитарната помош, додека Бундестагот се подготвува да го финализира буџетот за следната година. – Одржувањето на хуманитарниот буџет толку низок каков што е, е огромна стратешка грешка, изјави тој за ДПА во неодамнешно интервју. На 13 ноември, буџетскиот комитет на Бундестагот ќе се состане за да го финализира буџетот за 2026 година. Германија ...
Претседателот на Франција Емануел Макрон го повика сирискиот претседател Ахмед ал Шара да се приклучи на меѓународната коалиција за борба против терористичката „Исламска држава“ (ИД). Двајцата лидери се сретнаа на маргините на меѓународната конференција за климата КОП 30 во Белем, Бразил, каде вчера се одржа самит на лидери пред официјалното отворање на конференцијата. – Само неколку дена нè делат од 13 ноември“, им порача францускиот ...