Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека земјата „страда“ од деструктивна опозиција за која рече дека ја предала својата политичка судбина на крајната десница. Зборувајќи во парламентот, Санчез рече дека во текот на неговите седум години како премиер „секогаш дејствувал во коалиција и со парламентарно малцинство“, додавајќи дека владеел во такви околности и покрај „екстремно екстремните околности“, објави „Ел Паис“. Тој го критикуваше ...

За траен мир потребна е силна и независна Украина, па затоа денеска ќе и исплатиме речиси шест милијарди евра од програмата за Економски и финансиски реформи (ЕРА) и од Украинскиот механизам, најави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во дебатата за резултатите од октомврискиот Самит на ЕУ. Фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „погрешно се ...

Европската комисија објави дека препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странски државјани, бидејќи носителите на српски пасоши имаат корист од безвизно патување во Европската Унија. На прашањето на РСЕ за зголемување на приемот на руски државјани за српско државјанство, прес-службата на Европската комисија изјави дека целта на ЕУ е да го продолжи дијалогот со Србија за тоа прашање. „Брзото ...

Американските напади врз бродови за кои се сомнева дека се користат за шверц на дрога се законски и вклучените војници не се подложни на кривично гонење, соопшти денеска Министерството за правда на САД, отфрлајќи ги обвинувањата за „вонсудски“ егзекуции. Од септември, САД извршија серија напади во Карипско Море и Тихи Океан врз бродови за кои тврдат дека се користат за транспорт на дрога, при што се убиени 76 луѓе. Високиот комесар на ОН за ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го потпиша законот за финансирање со кој заврши најдолгата блокада во работата на една влада во историјата на САД, кратко откако Претставничкиот дом ја изгласа мерката, јави ДПА. Потписот на Трамп, кој се сметаше за формалност откако мерката беше усвоена во двата дома на Конгресот, стави крај на 43-дневниот застој што остави стотици илјади федерални вработени без плата и ги наруши јавните ...

На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, не изостана прашањето околу камповите за мигрантите во Албанија, кои требаше да бидат транспортирани од Италија. На прашањето на италијанскиот новинар, на телевизијата РАИ 3 дали се кае за договорот за бегалскиот камп, кој се чека веќе две години да профункционира, поради Европскиот суд на правдата и оној на италијанскиот суд, ...

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје -Блаце и Кичево -Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, истакна во вечерашното интервју за “ТВ Алсат”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8. -Рокот за поднесување на понуди заврши, има ...

Воените крила на Хамас и Исламски џихад соопштија дека во текот на денот ќе го предадат телото на израелски заложник, со што во Појасот Газа ќе останат посмртните останки на уште тројца заложници. Групата Исламски џихад, која е сојузник на Хамас и исто така зеде заложници во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година што доведе до војната. Телото е пронајдено во Кан Јунис, во јужниот дел од палестинската енклава. Според минатомесечниот ...

Европскиот парламент денеска со 605 гласови „за“, 30 „против“, и пет „воздржани“ го усвои предлогот на европратеничките да им се овозможи правото да именуваат свои полномошници, кои би гласале во нивно име додека се отсутни поради бременост или породилно отсуство. Целта на ваквиот предлог, како што е наведено во образложението, е да им се овозможи на европратеничките еднакво учество во одлучувањето „за време на доцната бременост и раното ...

Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан, стои во соопштението на Град Скопје кое МИА го пренесува интегрално. Со ребалансот се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини. 37 советници гласаа ЗА, еден воздржан и еден против. ...

Годинава Царинската управа има 347 случаи на заплени. Запленети 318 килограми дрога, 10 илјади парчиња лекови, 237 илјади парчиња цигари и 264 килограми други тутунски производи, 205 илјади евра, како и над 3,1 килограм златен накит. Зголемените случаи на заплени се нотирани и во извештајот на Европската комисија, каде се истакнува високото ниво на напредок во поглавјето Царинска Унија со која раководи Царинската управа. Ова го потенцира ...

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал. „Овој буџет е крвна слика на ...

Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година. Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека денеска имал телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот, како што наведува Муцунски, било потврдено продолжувањето на конструктивната и блиска соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО. Според ...

Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица. Левица денес во Советот на град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет со кој се инвестира во нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа: -Изградба на парк ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден ...

Мрежа водена од американските и израелските разузнавачки служби е идентификувана во земјата и разбиена, соопшти разузнавачката служба на иранската Револуционерната гарда. Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на координиран начин во неколку провинции, но не е прецизиран датум, точни локации и дали имало апсења. Во јуни, Израел започна напади врз Иран, при што загинаа неколку стотици луѓе, вклучувајќи високи воени ...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби. – Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“, наведе Лавров. Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за геополитички ...

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани. На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, ...

Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година. Комисијата треба да ја почне амандманска расправа по ...

Фондот за здравствено осигурување е институција која не е само администратор на фондови туку партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите. Мораме да бидеме искрени, оваа институција во минатото имаше сериозно разнишан кредибилитет, граѓаните гледаа поединци со пари, директори, непресметани расходи, нетранспарентни одлуки и систем кој повеќе личеше на поле за лични привилегии отколку на сервис на граѓаните, истакна премиерот ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување на изборите не е ...

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на ВЛЕН, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година, ќе има проширување на пратеничката група на ВРЕДИ. Азизи не спомна конкретни имиња, но рече дека дека се водат разговори со 3-4 пратеници кои се разочарани од нивните политички субјекти. Прашан дали станува збор за пратеници на опозициската НАИ, одговори потврдно. „Да, од НАИ. Верувам дека ќе го ...

Европскиот парламент денеска усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година. Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 гласа „за“, 72 „против“ и 22 „воздржани“. Постојната ...

Во план е студија околу тоа како се работи во приватните и државните болници низ државава што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија, информираше на денешната прес-конференција, претседавачот на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, доктор Жарко Христовски, одговарајќи на новинарско прашање. Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. ...

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На ...

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1010
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
60%
1013
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
2.39
84%
1016
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
60%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1008
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1009
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
60%
1015
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1012
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
9.26
100%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Родиум

363303.44

Злато

156424.63

Алуминиум

3.15

Цинк

3.34

Паладиум

54624.12

Бакар

11.99

Кобалт

64.04

Калај

54.25

Платина

83354.78