Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за животна ...
Мерцедес-Бенц се подготвува за голема промена, откако долгогодишниот шеф на дизајн, Горден Вегнер, се подготвува да ја напушти компанијата. По 28 години поминати во брендот, Вегнер ќе се повлече на 31 јануари 2026 година, со што се затвора едно важно поглавје во историјата на дизајнот на Мерцедес. Вегнер му се приклучи на Мерцедес во 1997 година и многу брзо остави силен печат. Еден од неговите први и најпознати проекти беше Мерцедес СЛР ...
Мачките значително почесто мјаукаат кога имаат контакт со мажи отколку со жени, покажува студија спроведена од истражувачи на Универзитетот во Анкара, Турција. Истражувањето, кое опфатило 31 мачка и нивните сопственици, открило дека мачките во првите 100 секунди од контактот со мажи се огласувале во просек 4,3 пати, додека при контакт со жени тоа се случувало само 1,8 пати, соопштува Њујорк тајмс (The New York Times). Според истражувачите, ...
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка, Оге Хајреде, кој изминатите години се бореше со рак на мозокот, почина на 72-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Хајреде настапуваше за Молде, Манчестер Сити и Норич пред да почне тренерска кариера во која освојуваше трофеи со некои од најголемите скандинавски клубови, вклучувајќи ги. Малме, Брондби и Розенборг Од 2003 до 2008 година беше селектор на Норвешка, како и на ...
НБА лигата ја објави синоќа идеалната петорка на неодамна завршеното куп натпреварување во кое триумфираа кошаркарите на Њујорк. Во идеалниот тим на НБА купот се најдоа кошаркарите на Њујорк, Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс, Дирон Фокс од Сан Антонио, словенечкиот репрезентативец и член на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, како и играчот на Оклахома Сити Шеј Гилџес-Александер. Идеалниот тим беше избран од медиумски панел составен од 20 ...
Турски Самсунспор или полски Лех Познањ се можните противници на Шкендија во плејофот во Лигата на конференции. Во жрепката која е закажана за 16 јануари идната година во Нион ќе се најдат 16 екипи, кои ја завршија групната фаза од 9 до 24 место. Шкендија со седум бодови го освои 22 место, забележувајќи победи против Слован 2-0 и Шелбурн 1-0, реми против Јагиелонија 1-1, а претрпе два порази од АЕЛ Ларнака 1-0 и Рајо Ваљекано 2-0. Со ...
Фудбалските менаџери во глобални рамки во 2025 година заработиле рекорден износ во споредба со претходните години, соопшти ФИФА. Според податоците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), во периодот од 1 јануари до 1 декември 2025, менаџерите вклучени во трансфери во машкиот фудбал заработиле 1,37 милијарди долари. Ова е далеку над претходниот рекорд од 889,4 милиони долари поставен во 2023 година. Најмногу пари менаџерите заработиле од ...
Вкупно 59 лица се повредени, вклучувајќи седум полицајци, за време на финалето на фудбалскиот Куп на Колумбија во инцидентите предизвикани од навивачите на соперничките тимови. Насилството избувна откако Атлетико Насионал го победи Депортиво Индепендиенте Меделин со 1-0 во реваншот од финалето на Купот на Колумбија на стадионот „Атанасио Жирардот“ во Меделин. Началникот на локалната полиција, Вилијам Кастано, изјави за локалните медиуми дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе ...
Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка ...
Општина Гевгелија и годинава подготвува новогодишна забава на Градскиот плоштад, каде на 31 декември со почеток во 20:30 часот ќе биде организиран спектакуларен дочек на Новата 2026 година под мотото „Новогодишна магија“, а граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма, специјални сценски настапи и празнична атмосфера, соопштија од локалната самоуправа. Главна ѕвезда на новогодишната вечер ќе биде македонска музичка икона-Владо ...
Натпреварот од 24. коло во италијанското фудбалско првенство меѓу Милан и Комо ќе се игра на 8 февруари идната година во австралискиот град Перт, потврди денеска претседателот на Серија А, Енцо Симонели. Натпреварот ќе биде прв во историјата на италијанската лига што ќе се игра во странство, а за судиите ќе бидат назначени арбитри од Азија. „Милан – Комо ќе се одигра во Перт на 8 февруари. Имавме многу важен состанок со (претседателот на ...
Синот на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, 17-годишниот Винсент Ибрахимовиќ, потпиша професионален договор со Милан, објави вечерва италијанскиот клуб. „Винсент Златан Сегер Ибрахимовиќ го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Играчот од средниот ред, роден во 2008 година, ќе биде вклучен во проектот „Милан Футуро“, иницијатива посветена на раст и развој на млади таленти“, се наведува во клупското соопштение. Златан ...
Шкендија му го донесе најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, откако вечерва обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на конференции, и покрај поразот на гостински терен од кипарски АЕК во завршното шесто коло од групната фаза. Актуелниот македонски шампион ја заврши групната фаза на 22. место на табелата, со седум бодови, што на крајот беше доволно да обезбеди продолжување напролет на својот настап во третото по ранг европско ...
Оперскиот пејач Игор Дурловски, по повод двата концерти на Ана и Игор Дурловски одржани вчера и завчера на сцената на Македонската опера и балет со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска, истакна дека музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни. -Два концерти, две вечери исполнети со многу емоции и љубов. Зад нив стои збир на многу луѓе и структури што веруваат дека културата не е настан, туку обврска, ...
„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски. Тој додаде дека ...
Штип го почна чествувањето на својот патрон празник Свети Никола со свечена академија за ликот и делото на третиот претседател на МАНУ, Јордан Поп Јорданов, кој годинава постхумно е добитник на орденот „Свети Никола“. На свечената академија во Советот на Општина Штип присуствуваа членови на семејството на академик Поп Јорданов, пратениците во македонско Собрание, Никола Мицевски, Душко Иванов, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...
Шпанија и Аргентина, како актуелни шампиони на Европа и Јужна Америка, ќе се соочат на 27 март идната година во Катар во второто издание на „Финалисима“, објави денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА). Во 2021 година, УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) одлучија да го обноват соочувањето меѓу шампионите на двата континента, а една година подоцна се одржа првата „Финалисима“ на Вембли во Лондон, во која ...
Две третини од фудбалските репрезентативки заработуваат помалку од 20.000 долари годишно, според анкета нарачана од Меѓународниот фудбалски синдикат ФИФПРО. Анкетата, објавена денеска, исто така, покажува дека нешто помалку од една третина од репрезентативките заработуваат до 5.000 долари годишно. Поголемиот дел од нивната заработка доаѓа од настапите за професионални клубови. Сепак, голем проблем претставува долгорочноста на нивните ...
Полицијата ги известува граѓаните дека наредниве десет дена сообраќајот на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево ќе се одвива по изменет режим. Според СВР- Охрид, во сила ќе бидат измени на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На тој патен потег сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево. Се упатува ...
Швајцарецот Марко Одермат ја забележа својата 50.победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање, триумфирајќи денеска во првата од двете спуст трки во италијанскиот зимски центар Вал Гардена. Одермат, кој победи во првиот спуст во новата сезона во Бивер Крик претходно овој месец, ја мина скратената патека Саслонг за една минута и 24,48 секунди, што беше за 15. стотинки побрзо од сонародникот Фрањо фон Алмен (1:24,63). Третото место го ...
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, 64-годишниот Тите најде нов тренерски ангажман по малку повеќе од една година отсуство, седнувајќи на клупата на Крузеиро, кој оваа сезона ја заврши на третото место во бразилското првенство. Тите беше без ангажман од септември 2024 година, кога Фламенго му врачи отказ. На клупата на Крузеиро доаѓа на местото на Португалецот Леонардо Жардим. Тите беше на чело на бразилската ...
Поранешниот еквадорски фудбалски репрезентативец, Марио Пинеида, бил убиен во средата во пристанишниот град Гвајакил, објави денеска неговиот клуб Барселона СЦ. Триесетитригодишниот Пинеида настапи за Еквадор во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 и Светското првенство во Катар 2022. Тој ја освои титулата во еквадорското првенство со Барселона во 2016 година, а го носеше и дресот на бразилскиот клуб Флуминенсе. Министерството ...
Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека со неговите колеги градоначалници разговараат за мерки за справување со аерозагадувањето. Најави дека ќе имаат состанок на оваа тема пред завршување на календарската година заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со Министерството за животна средина и просторно планирање. Тој соопшти дека тековно се спроведуваат редовни инспекциски контроли. – За Град ...
Состојбите од пред 30 дена и функционалноста или нефункциналноста на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, на ЈСП „Скопје“ и со сите јавни претпријатија е далеку подобра денес од состојбата која ја имавме во минатото. Треба да земеме предвид дека јас сум градоначалник на главниот град еден месец, кој наследи долг од близу 300 милиони евра, но и наследи целосно девастирани и уништени јавни претпријатија, изјави денеска градоначалникот на Град ...
Кина ќе ја укине долгогодишната даночна поволност за контрацептивни средства, при што производи како кондомите од 1 јануари 2026 година ќе подлежат на данок на додадена вредност (ДДВ), согласно нов закон, јави ДПА. Контрацептивните средства повеќе нема да се сметаат за производи ослободени од данок, што значи дека на нив ќе се применува стандардната стапка на ДДВ од 13 проценти. Овој потег предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е ...
Македонскиот народент театар отсекогаш бил повеќе од институција. Бил глас кога гласот е неопходен да се чуе, засолниште кога времињата биле кревки и огледало во кое општеството кристално јасно се огледува, понекогаш со гордост, другпат со болка, но секогаш со вистина. Со овие зборови денеска директорот на МНТ Никола Кимовски ја почна промоцијата на книгата „Македонски народен театар 1945-2025 драма, Приказни поголеми од времето“. Станува ...
Во наредните четири години градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ја води Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. Негови потпретседатели се градоначалниците на општините Центар и на Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити. Оваа одлука е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски е избран за претседател на Надзорниот ...
Според нова студија, во средината на 14 век непозната вулканска ерупција создала услови за ширење на чума во Европа. Со предизвикување постуден период на Медитеранот, ерупцијата создала домино-ефект што довел до уништување на земјоделските производи, поради што трговците биле принудени да увезуваат жито преку Црното Море, а со тоа и да ја рашират бубонската чума. Оваа чума, наречена „Црна смрт“ се раширила низ Европа во 1347 година ...