Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Кениско-мексиканската глумица Лупита Њонго возврати на критиките за нејзината улога во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан. „Оскаровката“ ја глуми Елена Тројанска во филмот со голем буџет, којшто ќе излезе во јули, а ќе се појави покрај Мет Дејмон, Ен Хатавеј, Том Холанд и Зендеја. Во ново интервју за „Ел“, Њонго беше прашана за критиките од, на пример Илон Маск за изборот на темнокожа актерка за митскиот лик. Технолошкиот ...
Македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ член на ККК „Арка – Борец“ од Велес освои трето место и бронзен медал на Светското првенство во кајак спуст на диви води што се одржува на реката Врбас во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Во силна конкуренција од целиот свет, во категоријата Мастерс 35+ Спасиќ успеа достоинствено да ги брани боите на Македонија и да донесе голем успех за македонскиот спорт. Во изјавата за МИА, Спасиќ потенцира дека ...
Почина Бошко Стаменковски, еден од најуспешните македонски спортисти во пауерлифтинг и бенч-прес, светски и европски шампион кој со своите резултати ја афирмираше државата на меѓународната спортска сцена. Стаменковски, кој е роден во јануари 1971 година во Македонска Каменица, подолг период се соочуваше со здравствени проблеми. Во текот на својата спортска кариера важеше за еден од најдоминантните натпреварувачи во пауерлифтинг и дисциплината ...
По жрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви. На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане. ...
Премиерлигашот Манчестер Сити објави дека главната трибина на „Етихад“ од следниот натпревар, последниот на менаџерот Пеп Гвардиола ќе го носи неговото име. Но тоа нема да биде се, клубот ќе изработи статуа пред таа трибина. На овој начин Манчестер Сити сака на убав начин да му се оддолжи на трофејниот тренер, кој во период од десет години колку што беше на клупата на „граѓаните“ освои 20 трофеи. – Одамна изјавив дека Манчестер Сити треба да ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска одржал прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои работат во областа на заштита на животната средина. Средбата, информира ресорното Министерство, е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија. Министерот Хоџа истакнал дека институциите мора да ...
До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на првиот ден ќе игра против Џовани Перикар. Пред почетокот на турнирот тој во разговор со новинарите порача дека не е дел од тенисерите и тенисерките, кои ќе ги бојкотираат медиумите. – Не сум дел од тоа. Не можам да коментирам, навистина. Можам да бидам за правата на играчите, како и до сега, а не само з анајдобрите играчи, ...
Втората генерација социјални ментори за работна интеграција денеска во Скопје беше сертифицирана по едногодишната работа со корисници на социјална помош, на кои им овозможувале поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочувале кон пазарот на труд и ги поддржувале во процесот на вработување. Како што информираат од „Паблик“, вкупно 53 лица биле вработени во текот на минатата година, на 67 им биле подобрени вештините за ...
Амбасадата на Јапонија денеска организираше мастер-клас за јапонска кујна во Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, наменет за младите и идни готвачи. Како што сооштуваат од Амбасадата, идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“. Вашоку е традиционална јапонска прехранбена култура која се темели на хармонична рамнотежа помеѓу сезонските состојки, нутритивната вредност и визуелната естетика. Вашоку е ...
Компанијата „Спејс Икс“ синоќа го прекина тест-лансирањето на својата најнова и најголема ракета „Старшип“ на само триесетина секунди пред планираното полетување, поради серија технички проблеми во завршната фаза од одбројувањето. Ракетата, висока 124 метри, требаше да полета од лансирниот комплекс „Старбејс“ во Тексас и да изведе суборбитален лет на траекторија која се протега околу половина од Земјината топка. Сепак, непосредно пред ...
Во Брисел денеска почнува третата и завршна сесија на Европскиот граѓански панел посветен на прашањата за подготвеност и реакција при кризи, на која учествуваат 150 претставници од сите земји членки на Европската Унија. Во текот на тридневната работа учесниците ќе ги сумираат заклучоците и ќе го усогласат конечниот пакет-препораки за одговор на разни видови кризи – вклучувајќи пандемии, екстремни временски услови, долготрајни прекини во ...
На синоќешниот концерт на порториканскиот пејач Рики Мартин во Подгорица, организиран по повод 20 години од независноста на Црна Гора, бил фрлен солзавец, поради што настапот накратко беше прекинат. Според објавите на социјалните мрежи, граѓаните во паника почнале да бегаат од плоштадот веднаш по инцидентот. Очевидци сведочат дека дел од присутните во првиот момент помислиле дека станува збор за експлозивна направа, што дополнително ...
Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот на протест на „Оскарите“ претходно оваа година. – Не сакам никого да осудувам, но мислам дека уметниците имаат должност да зборуваат за ...
„Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот која воспостави национално ...
Новиот ракометен првак Вардар попладнево го игра претпоследниот дуел од шампионатот, а во Скопје гостува екипата на Тиквеш. Ова е втор дуел од 9.коло од плеј офот од Супер лигата, откако во првиот дуел во средата Еурофарм Пелистер го совлада Охрид на негов терен со 25:22. Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ по обезбедената титула ова ќе биде можност да има даде и поголема минутажа на играчите кои беа во состав или пак на трибините на дел ...
Кошаркарите на Њујорк ноќеска го добија и вториот натпревар од финалето на Исток против Кливленд пред своите навивачи со 109:93 и поведоа со 2-0 во добиени натпревари во серијата. Противникот беше конкурентен само во првото полувреме – 53:49 за Њујорк. На стартот од вториот дел Кливленд дојде и до изедначување 53:53, но потоа со „тројка“ на Џејлен Брансон беше означен почеток на серијата од 18-0 за Њујорк за голема радост во „Медисон Сквер ...
Ѕвездата на египетската фудбалска репрезентација Мохамед Салах, ќе ја предводи репрезентацијата на Египет на Светското првенство. Фудбалерот на премиерлигашот Ливерпул во недела ќе го одигра последниот натпревар за неговиот клуб и сè уште нема објавено каде ќе ја продолжи кариерата. Сепак селекторот на фудбалската репрезентација на Египет, Хосам Хасан го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Мундијалот, каде прв играч е токму Салах. ...
Екипата на Ал Наср предводена од Португалецот Кристијан Роналдо ја освои титулата во Саудиската Про лига. Во натпреварот од последното коло на домашен терен Ал Наср го надигра Дамак и со победата од 4:1 го освои првото место пред Ал Хилал со два бода повеќе. На крајот по 34 кола Ал Наср освои 86 бодови, а Ал Хилал – 84. На дуелот со Дамак, новиот шампион поведе со голот на Садио Мане, а Кингсли Коман на почетокот на вториот дел зголеми на ...
Бразилскиот фудбалер Каземиро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед и како што пренесуваат британските медиуми ќе се пресели во САД и ќе биде соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами. Сепак трансферот нема да биде лесно остварлив особено што според МЛС лигата прописите се дека право на него има ЛА Галакси. Тој наводно имал и преговори со овој клуб, но преговарал и со Мајами со што се прекршени правилата. Овие спорови во САД се ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои ...
Во просториите на Македонски културно-информативен центар во Софија, синоќа се одржа промоцијата на третата поетска книга „За малите нешта“ од Катја Андреева, настан организиран по повод Светскиот ден на културната различност. На почетокот на вечерта, директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, ги поздрави присутните и истакна дека токму преку културата, литературата и уметноста се создава простор за меѓусебно ...
Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. Ристе Велков беше ...
По повод Светскиот ден на пчелата, во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното „Едисон“ во Карловац. Како што соопшти КИЦ Загреб, настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и ...
По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти – изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот биле доставени предлог-закон ...
Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот. Паркот е лоциран пред соборниот храм Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија. Според градоначалникот Иван ...
Во просториите на ЈЗУ Општа болница Кочани, ХЕРА денеска го отвори вториот MM Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, простор посветен на поддршка, доверба и грижа за менталното здравје на момчињата и мажите како и другите засегнати во заедницата. По првиот ММ Центар што ХЕРА го отвори во мај 2024 година до денеска дадени се над 950 сесии од психолози и психотерапевти на 135 момчиња и мажи. Центарот во Кочани претставува ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки ...
Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите исполнети со музика и танцување. Во топла и ...
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна ...
ООУ „Блаже Конески“ денеска беше место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за продолжување на своето образование. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој ја истакна ...