Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија откако вечерва во натпреварот број 3 од финалната серија го совладаа дебитантот во лигашката конкуренција Маџари со 80:74 и 3-0 во добиени натпревари. Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше 13.та шампионска титула. Домаќинот солидно го започна натпреварот и ја доби првата делница со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и замина на паузата со предност од ...

Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони откако во финалето вечерва во финалето на Евролигата го совладаа Реал Мадрид со 92:85. Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а последната ја освоија 2013 година. Вечерашното финале по првите два периода заврши 46:44 за Олимпијакос, а на крајот од третиот период Реал Мадрид водеше со 65:61. Сепак решавачката предност кошаркарите на Олимпијакос ја постигнаа во последната ...

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. – Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално ...

На терените на Ролан Гарос денеска стартуваа мечевите на вториот Гренд слем турнир во годината. Од досегашниот дел од програмата најголемите проблеми имаше францускиот тенисер Артур Геа, но тие не беа од спортски карактер, туку човечки проблеми. Французинот побарал од судијата на стол да му дозволи да користи тоалет пауза во период кога не е предвидено. – Имам диареа, морам во тоалет. Повеќе не можам да се движам, изјавил Геа. Целата ...

Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката низа и попладнево во првото финале од ЕХФ Европскиот куп го совладаа тимот на Татабања со 29:28. Ракометарите на Охрид одлично го одиграа првото полувреме, пред сè во одбраната, а најзаслужен беше голманот Кристијан Пилиповиќ кој првите 30 минути ги заврши со 9 одбрани (имаше и исклучување од две минути). Охриѓани добриот почеток го резултираа со само три примени голови по 15 минути. Охрид во ...

Ракометарите на Охрид со победа се враќаат од гостувањето во Татабања по првиот финален дуел со унгарскиот тим. Во текот на целиот натпревар македонскиот претставник имаше водство и стигна до триумф од 29:28. Најефикасни во редовите на Охрид беа Анте Иванковиќ и Дарко Ѓукиќ со по 7 голови. – И на натпреварот во Охрид ќе биде тешко како и тука. Татабања е квалитетен тим со одлични играчи. Но, мотивацијата кај нас ќе биде присутна како и на ...

Кусо пред почетокот на финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид, грчката полиција при контролите за влез во салата, досега уапси 12 лица и приведе 110 навивачи на атинскиот тим, кои се обиделе да влезат во салата без билет, јави дописничката на МИА од Атина. Од уапсените, девет лица се поради поседување дрога, еден бил со димна бомба, еден пружал отпор кон полицијата, а едно лице се обидело да влезе со фалсификувана акредитација. ...

Фудбалската федерација на Иран ќе ја смени локацијата на својот камп за Светското првенство во фудбал. Поради затегнатите политички односи Иран наместо во САД ќе биде во Мексико, а за тоа треба да добие одобрување од ФИФА изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација Мехди Таџ. Притоа тој во соопштението објави дека сите кампови на екипите кои играат на Мундијалот треба да бидат одобрени од страна на ФИФА. По низата состаноци со ФИФА ...

Екипите на Брера АП и Пелистер остварија победи во денешните дуели од 33.коло (последно) и го потврдија баражот за останување во Првата лига. Брера АП на домашен терен ја совлада екипата на Шкупи со 6:0, додека Пелистер во Битола ја совлада екипата на Башкими со 1:0. На крајот од регуларниот дел Пелистер заврши со 40 бодови, колку што освои и Брера. Сепак двете екипи за опстанок во ПФЛ ќе мора да играат бараж дуели. Пелистер за ривал ја има ...

Последното коло во Премеир лигата не донесе изненадување откако најголемиот дел од позициите кои носат пласман во Европа беа познати, а Тотенхем избори опстанок – додека Вест Хем испадна. Последното коло мина во знакот на потврдата на шампионскиот трофеј на Арсенал, 21.та асистенција на Бруно Фернандеш за Манчестер Јунајтед (рекорд), заминувањето на Мохамед Салах и Енди Робертсон од Ливерпул, како и победата на Тотенхем за опстанок во Премиер ...

Конечно по три дена неизвесност од КК Црвена Звезда објавија дека соработката со нивниот досегашен тренер Саша Обрадовиќ е раскината. Прекинот се должи на неуспехот во АБА лигата и елиминацијата по два натпревара од големиот ривал Партизан. Обрадовиќ оваа сезона го освои Купот на Србија и успеа да избори „плеј-ин“ во Евролигата каде Ц.Звезда беше елиминирана од Барселона. До крајот на сезоната во рамки на првенството на Србија на клупата на ...

По триумфот од 7:0 во дуелот против прилепска Победа, фудбалерите на Брегалница од Штип го потврдија првото место на табелата во Втората македонската фудбалска лига и по две сезони повторно се враќаат во елитното друштво. Штипјани се на првата позиција со 71 бод колку што има и второпласираното Скопје, но благодарение на подобриот резултат во меѓусебните дуели. Скопје во последното коло на домашен терен славеше над Детонит Плачковица со 5:1 и ...

Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата во шпанската Ла Лига, а по одигрување на синоќешните дуели покрај Овиедо лигата ја напуштаат Мајорка и Џирона. Елче и Џирона одиграа нерешено 1:1, па така Елче избори опстанок за разлика од Џирона. Победа постигна и Мајорка против Овиедо, но тоа беше недоволно за опстанок. Post Views: 3 мај 25, 2026 Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата во шпанската Ла Лига, а по одигрување на ...

Поетесата Лидија Размоска Тримовска од Скопје ја освои највисоката награда Гран-при на 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што се одржува во Гостивар. Нејзе и на уште неколку учесници им беа врачени признанијата на пригодна свеченост во Центарот за култура „АСНОМ“. Жири комисијата на овогодишното издание, во состав: Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, за најдобар странски автор го прогласи ...

Рачно изработен кавал е еден од подароците што му беше врачен на Папата Лав XIV од македонската државно – цркона делегација која на 22 мај го посети Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Изработувач на кавалот е Бобан Анакиев, дваесет и петгодишно момче од Кочани, кое во 2022 година ја доби главната награда во Долнени – „Гајдата на Пеце“, на Фестивалот посветен на Пеце Атанасовски. -Со мене стапија во ...

Во рамките на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, денеска пред споменикот на големите учители во дворот на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ беше положено цвеќе. Почит кон рамноапостолите и основоположниците на словенската писменост оддадоа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев, како и повеќе општински делегации, ...

Кошаркарите на Њујорк се на само една победа од пласман во големото финале од НБА лигата откако ноќеска го совладаа Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во добиени натпревари. Екипата на Њујорк Никс последен пат играше во финале пред 27 години во 1999 година. Кошаркарите на Њујорк имаа извонреден шут за три поени од 43%, 11 погодени од 28 обиди и речиси перфектни 24 од 27 од линијата за слободни фрлања. Најефикасни во победничкиот тим беа ...

Фудбалерите на Баерн Минхен сезонава ја завршија со освоена дупла круна во Германија, откако синоќа во Берлин во финалето од Купот го совладаа Штутгарт со 3:0. Најдобар поединец на натпреварот беше англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој постигна хет – трик. По првиот дел немаше голови, а Баерн поведе во 55.минута, а во финишот на натпреварот го постигна вториот гол. Во судиското надополнување на вториот дел Кејн го постигна и третиот гол ...

Фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје ја доби Гран при наградата, а наградата „Гајдата на Пеце“ ја доби Дејан Лазаров од Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанското село Оризари на годинашниот 52. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот заврши синоќа, а жири комисијата во состав професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и доцент д-р Стојанче Костов, додели и статуетки за најдобрите ...

Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот. На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. – Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на ...

Фудбалерите на Арсими со победа го завршија настапот во шампионатот од ПФЛ откако попладнево во првиот дуел од последното 33.коло ја совладаа Струга на домашен терен со 1:0. Ова за Арсими беше 13.та победа во првенството и во моментов се пробија на петтото место на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Армин Бесагиќ во 47.минута. До крајот на дуелот немаше промени на резултати, а Струга првенството го завршува на третата ...

Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ, а го предаде претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција ...

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на спринтот за Големата награда на Канада. Второто место му припадна на Ландо Норис, а Кими Антонели. Во текот на целата трка Антониели имаше проблеми и излегуваше од патеката и третата позиција е и добар пласман. Оскар Пјастри заврши на четвртото место, а како петти заврши Шарл Леклер, пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Арвид Линдблад ги зазедоа последните позиции ...

Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37:21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен. Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел. Гостите имаа водство од 3:2, но потоа Алкалоид со серија од 7-0 направи пресврт и ја навести убедливата победа. На полувреме беше 19:11 за Алкалоид, а брзо на стартот на ...

Кошаркарите на Пелистер го освоија третото место во Супер лигата откако денеска во мајсторката за третата позиција го совладаа ТФТ на негов терен со 90:86 и со 2-1 во добиени натпревари за завршија серијата. И третиот дуел мина како и првите два резултатски изедначено. Првиот период со шест разлика (28:22) им припадна на битолчани, а вториот со истата разлика (22:16) го доби екипата од населбата Тафталиџе од Скопје и на полувреме беше 44:44. ...

Голем број на технички проблеми на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот во Атина, па организаторите за утрешниот финален натпревар најавуваат зголемени мерки. Во еден момент организаторите биле принудени да ги пропуштаат навивачите без нивните влезници да бидат скенирани што донесе турканици и хаос во салата. Исто така малиот број редари во одредени зони придонесоа до неколку инциденти меѓу навивачите. Проблемите имаа влијание и на ...

Кошаркарската сезона во Супер лигата е во самата завршница и утре на програмата е третиот финален натпревар од серијата меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот во лигата Маџари. – Утре нè чека третиот дуел од финалната серија против МЗТ. Јас ќе кажам само едно-моите играчи ќе дадат 120% од себе за сезоната да не заврши утре, изјави тренерот на Маџари Миодраг Тоодоровиќ, кој пред неколку сезони беше во улога на помошник во МЗТ Скопје ...

Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел). Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да заработи и околу 231 милион фунти. Екипата на Хал во Премиер лигата се враќа по 2017 година, а минатата сезона ...

Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. Post Views: 1 мај 24, 2026 Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
20%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
5.36
45%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.07
30%
1011
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.71
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
27%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
31%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
31%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.34
20%
1012
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05