Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ниту Лионел Меси, ниту Ламин Јамал, ниту Ерлинг Холанд, ниту Рафиња… најголемата сензација на почетокот на Светското првенство е 40-годишниот голман на Зеленортските Острови, Жозимар Жозе Евора Дијаш, попознат како Возиња. Во моментот кога Шпанија го започна својот натпревар против Зеленортските Острови, малкумина очекуваа дека еден од главните херои ќе биде голман кој настапува во втората португалска лига, пишува „Телеграф“. Возиња го ...
Тело на 20-годишно момче било пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Машка плажа во Струга. Случајот бил пријавен во ОВР Струга, откако во езерото било забележано тело на младо машко лице. По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси. Лекар од струшката болница констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство. Надлежните служби работат на утврдување на сите околности ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е потпишан договор со Иран со кој се предвидува целосно отворање на стратешки важниот Ормуски теснец за меѓународната пловидба. „Многу сум среќен што можам да го кажам ова: Договорот е целосно потпишан. А теснецот, како што знаете, е веќе делумно отворен“, изјави Трамп пред новинарите веднаш по пристигнувањето во Евијан, Франција. „Во петок ќе биде целосно отворен.“ Според најавите, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека по постигнувањето на договорот со Иран, вниманието ќе го насочи кон војната во Украина и состојбата во Либан. На Самитот на Г7 во Франција, Трамп рече дека неодамна разговарал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател, Владимир Путин „Мислам дека можеме нешто да направиме на тоа поле. Навистина го мислам тоа. Мислам дека и двајцата се отворени за тоа“, ...
Дебитантите на светските првенства, Зеленортските острови ја режираа првата вистинска сензација на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Во Атланта, малата држава во Атланскиот океан, одигра 0:0 со актуелниот европски првак Шпанија. Апсолутен херој на натпреварот е 40-годишниот голман, Возиња. Екипата на Луис де ла Фуенте напаѓаше во текот на целиот натпревар, но не успеа да го пробие двојниот блок предводен од голманот Возиња. На крајот, 0:0 ...
Италијанскиот стручњак Маурицио Сари е новиот тренер на Аталанта, објави денес клубот од Бергамо. Сари го замени Рафаеле Паладино на функцијата, тој го напушти клубот од Бергамо минатата недела. „Аталанта со задоволство објавува дека водството на првиот тим му е доверено на Сари, чија одлична кариера вклучува водење на над 800 натпревари како главен тренер, како и голем број трофеи, вклучувајќи ја Лигата на Европа и Скудетото“, се вели во ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна на Самитот на Г7 во француското одморалиште Évian-les-Bains, каде што светските лидери ќе разговараат за војната во Украина, економските прашања и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран. Трамп при пристигнувањето не беше лично пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон, како што првично било планирано, туку од шефот на претседателскиот протокол. Сепак, двајцата лидери треба да одржат ...
Полицијата го пронајде и приведе осомничениот за денешното опожарување на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е задржан во полициска станица. При преземените дејствија била пронајдена и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Од МВР информираат дека во координација со ...
Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез би можел да се врати во Ливерпул ова лето, што би било едно од најголемите изненадувања во преодниот рок. Според странските медиуми, на „Црвените“ им е дадена можност да го вратат поранешниот напаѓач без обештетување, откако Нуњез спогодбено се раздели со Ал Хилал на крајот од сезоната. Нуњез се пресели во саудискиот клуб за 46 милиони фунти минатото лето, но неговиот престој во Ал Хилал не помина како што ...
Фудбалерот Рафа Мир (28) е осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад врз девојка, одлучи судот во Валенсија. Злосторството се случило на 1 септември 2024 година, во куќата на Миро во станбената област Торе ен Конил во Бетера, Шпанија. Со пресудата, која сè уште не е конечна, Мир е осуден на седум години затвор за сексуален напад и дополнителни 18 месеци за нанесување телесни повреди. Судот, исто така, му изрече забрана од десет ...
Унгарскиот парламент денеска усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се оневозможува повторно да ја извршува оваа функција. Премиерот Петер Маѓар го порази Орбан на изборите во април, ставајќи крај на неговото 16-годишно владеење. Партијата на Маѓар освои двотретинско мнозинство во парламентот, што ѝ овозможува да менува или укинува ...
Ергин Атаман повеќе не е тренер на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб. Патанаикос и Атаман се разделија по тригодишна соработка. Како што објавија грчките медиуми, средбата меѓу турскиот стручњак и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, заврши со договор за пријателска разделба, со што заврши една од најуспешните епизоди во поновата историја на атинскиот гигант. Атаман го презеде Панатинаикос во летото 2023 година како дел ...
Велшката пејачка Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев застој што го доживеала по итна операција. „Бони повеќе не е во кома, но и натаму е тешко болна. Иако нејзината состојба се подобрува, закрепнувањето е бавно“, изјавил нејзиниот претставник за британскиот таблоид „Д Сан“. Според британските медиуми, 75-годишната пејачка сè уште се наоѓа на одделение за интензивна нега во болница во ...
Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и Иран постигнаа договор за рамката на преговорите за завршување на војната и најавија отворање на Ормутскиот Теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е финализиран меморандум за разбирање кој треба да биде потпишан во петок, по што би следувало отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на американската ...
Според астролошките толкувања, до крајот на месецот три хороскопски знаци би можеле да се соочат со вистини што долго време ги избегнувале, што може да доведе до значајни одлуки и промени во нивниот живот. За Близнаци, периодот што следува носи потреба од соочување со прашања кои долго време ги одложувале. Астролозите посочуваат дека тоа може да биде поврзано со љубовна врска или деловна ситуација во која е неопходно да се донесе одлука. ...
Иран ќе бара конечниот договор со САД, вклучително и делот што се однесува на нуклеарната програма, да биде поддржан со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран очекува договорот да добие поддршка од Советот за безбедност во рок од 60 дена по неговото потпишување. Во меѓувреме, САД и Иран продолжуваат со преговорите за деталите од ...
По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на состојбата на теренот. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека бродовите повторно почнале да се движат низ Ормускиот Теснец. Според анализа на BBC Verify врз основа на поморски податоци, поголем број пловила во моментов се обидуваат да го минат овој стратешки важен морски премин. Обновувањето на ...
Во истрагата за тешката поморска несреќа кај Сплит, во која загинаа четворица чешки државјани, се појавија нови неофицијални информации според кои во моментот на судирот со катамаранот, на кормилото на едрилицата наводно не бил скиперот, туку еден од загинатите патници. Според хрватските медиуми, полицијата ќе ги испита сите преживеани од едрилицата, како и членовите на екипажот и патниците од катамаранот кои би можеле да имаат информации за ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли шпекулациите во дел од медиумите дека по евентуално поднесување оставка планира да ја преземе функцијата премиер преку реконструкција на Владата. За време на официјалната посета на Грузија, Вучиќ изјави дека такво сценарио нема да се случи, нагласувајќи дека не се плаши од избори и не сака да владее без легитимитет. „Веднаш да ви кажам – тоа нема да биде случај. Не се плашам од избори ...
Осуда за инцидентот во кој денеска беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје изразил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ја информирал својата бугарска колешка дека надлежните институции веќе ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (15 јуни) престојува во Париз, Франција каде присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, а оствари средба и со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат. На средбата со сенаторката Конвеј-Муре, министерот Мисајловски се осврна на инвестициите во армијата, видливи преку ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да инвестира во здравствениот систем, современа медицинска опрема, нови технологии и усовршување на медицинскиот кадар, со цел натамошен развој на трансплантациската медицина во земјата. Во обраќање посветено на органодарителството и трансплантацијата, Мицкоски истакна дека станува збор за тема која ја надминува медицината и претставува симбол на хуманост, солидарност и грижа за ...
Само неколку дена пред најавеното потпишување на мировен договор меѓу САД и Иран во Швајцарија, се појавија несогласувања околу идниот режим на пловидба низ Ормутскиот Теснец. Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека стратешкиот поморски премин ќе биде отворен без какви било давачки, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека планира да наплатува надоместоци за одредени поморски услуги. Портпаролот на ...
Надлежните служби во Хрватска продолжуваат со истрагата за тешката поморска несреќа во Сплитските Врата, во која загинаа четворица чешки државјани, додека паралелно се подготвува сложена операција за вадење на потонатата едрилица од морското дно. Хрватските нуркачи денеска ја пронајдоа олупината на едрилицата на длабочина поголема од 50 метри, а во нејзината кабина било пронајдено и четвртото тело по кое се трагаше. Телото е извлечено, а ...
Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „29 Ноември“ бр. 59, утре (16 јуни) ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од истата улица во Општина Центар. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „29 Ноември“ ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински. На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакна дека таа претставува значаен ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social дека трговските бродови, од кои многу се натоварени со нафта, почнале да се движат низ стратешки важниот Ормутски теснец. Трамп тврди дека бродовите се движат по јужниот автопат кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Објавата доаѓа пред најавеното потпишување на меморандум за разбирање меѓу Техеран и Вашингтон, кој е закажан да се одржи во петок во ...
Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Фрчкоски. „Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДС којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила. Во ред е Јон, за броење доби ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. „Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот“, се наведува во соошштението. Од Министерството за ...
Две возила со дипломатски статус се опожарени пред бугарската амбасада во Скопје. Од Владата го осудија овој, како што велат, вандалски чин и испратија порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. „Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во ...