Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и ...

Во држава во која граѓаните со мака заработуваат мизерна плата, Владата на ДПМНЕ создаде привилегирана политичка каста во која неработењето е најсигурниот пат до повисока функција. Арбен Фетаи, човекот кој со месеци не се појавуваше на работа, а редовно земаше плата од парите на граѓаните, денес е награден со дипломатски статус и нова државна титула, велат од Левица. „Од вицепремиер за добро владеење, функција што со него прерасна во ...

Обвинителството донело одлука да му го врати пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, затоа што имал фирма во Србија чие работење било сериозно доведено во прашање. „Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот рече дека додека СДСМ биле на власт водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а тие не презеле ништо и го повика обвинителството да ги провери овие наводи. „Има луѓе од ...

За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера биле прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство. „Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија“. Во Здравствени дом ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ...

Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Активностите, како што најави продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. „Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел. „Во фокусот на средбата беше неопходноста земјата што поскоро да го пронајде патот за продолжување на процесот на интеграција во Европската Унија. Ахмети истакна дека секое натамошно одложување на евроинтегративниот процес ја оддалечува земјата од европската перспектива, ги ослабува институциите и ...

Супермоделот Ирина Шајк (40) е во врска со НБА ѕвездата Девин Букер (29), објавува „People“. „Врската е сè уште многу свежа, но тие навистина многу се сакаат“, изјавил изворот за овој медиум. Според него, заеднички пријатели ги запознале пред неколку месеци, а ова лето се обидуваат да поминат што е можно повеќе време заедно пред Букер да почне да се подготвува за новата сезона. „Очекувајте да ја видите Ирина на некои од неговите натпревари. ...

Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“ Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Според нив, овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку ...

Среде подготвките за новата сезона, тренерот на Њукасл, Еди Хау го напушти клубот. Хау замина по поразот од Бристол со 4:1. Њукасл реагираше брзо, германскиот стручњак Матијас Јајзл, актуелниот стратег на Ал Ахли од Саудиска Арабија, ќе го замени Хау. Англискиот стручњак ја напушти клупата на „Страчките“ по 231 натпревар и речиси пет години поминати на „Сент Џејмс Парк“. Тој победи на 84 од 179 натпревари во Премиер лигата, што го прави ...

Италијанскиот фудбалски тренер Роберто Манчини во своето прво јавно обраќање и се извини на нацијата. Манчини е повторно назначен за селектор на Италија, која е во голема криза, три години откако ја напушти таа позиција поради профитабилен договор со репрезентацијата на Саудиска Арабија. „Многу ми е жал. Тоа е како кога ќе ја изгубите жената на вашиот живот. Потоа сфаќате дека сте направиле нешто што не требало да го направите. Затоа ми е ...

Проблемот е веројатно во наводнувањето, најчестата причина за гниење на растенијата, но иронијата е што симптомите на премногу и премалку вода изгледаат речиси идентично. Во светот на собните растенија, водата е и извор на живот и тивок убиец. Повеќето сопственици на растенија прават грешки со најдобри намери, верувајќи дека повеќе вода е секогаш подобро. Сепак, вистината е дека прекумерното наводнување е одговорно за повеќе гниење на ...

Неидентификуван објект се урна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи силна експлозија, додека Русија извршуваше масовни ракетни напади врз Украина. Како што објавува CNN, објектот паднал во близина на селото Тарнава-Колоња во Лублинското војводство, на околу 95 километри од украинската граница. Оперативната команда на полската армија објави дека објектот бил забележан во полскиот воздушен простор околу 3:40 ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Според најавеното, планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави ...

Руски научници развија метод за испорака на лек против рак, кој во експериментите се покажа како 10 пати поефикасен од традиционалната хемотерапија, базиран на употреба на наноконтејнери кои можат целосно да се уништат во крвотокот, објави академик на Руската академија на науките и главен истражувач во Државниот централен научен центар „Институт за биоорганска хемија“ Сергеј Дејев. Доксорубицинот е лек против рак кој се бори против болестите ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на состанокот во Белата куќа во вторникот, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп „итна зимска помош“ од 300 пресретнувачки ракети за американските противвоздушни одбранбени системи „Патриот“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од руски напади, објави американската веб-страница „Аксиос“. Без нови испораки пред зимата, руските напади би можеле да уништат ...

Трендот „без шминка“ се однесува на шминка што совршено ги истакнува нашите црти на лицето без да ја оптоварува нашата кожа. Хејли Бибер, која неодамна го прослави првиот роденден на брендот за козметика Rhoda, често вклучува нега на кожата во својата едноставна рутина за шминкање. Првиот чекор од нејзиниот изглед „без шминка“ е нанесување хидратантна крема. @haileybieber my go to routine for that glazed summer skin 💕🥰 @rhode @Kosas @ABH ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради инциденти што се случија веднаш по финалето на Светското првенство против Шпанија. ФИФА под истрага ги стави играчот од средниот ред Леандро Паредес и дефанзивецот Нахуел Молина, додека постапка беше покрената и против помошникот на селекторот на Аргентина, Роберто Ајала. Аргентина го загуби финалето на Светското ...

Џорџ и Амал Клуни мораа да го напуштат својот дом во Франција поради големите шумски пожари што зафатија делови од Европа. Двојката беше евакуирана заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од градот Брињолс во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, објавува People. Портпаролот на семејството Клуни потврди дека му пишале на градоначалникот на Брињолс, Дидие, за евакуацијата. „Драг Дидие, во овој момент не знаеме дали нашиот ...

Иако млечниот маникир и другите минималистички стилови се сè уште меѓу омилените избори, ова лето игривите дизајни инспирирани од морето, егзотичните дестинации и атмосферата на одмор доаѓаат до израз. Сè повеќе внимание привлекуваат ноктите кои потсетуваат на летни спомени преку бои и мотиви. Експертите за убавина истакнуваат дека маникирот повеќе не е само последен детаљ од стилизирањето, туку начин да се изрази личниот стил. Наместо еден ...

Ели Жуниор Крупи е опериран и ќе отсуствува од три до четири месеци. Операцијата им ги расипа плановите на Борнмут и Барселона. Суперталентираниот напаѓач на „Црешите“ го повреди стапалото за време на тренингот во Австрија, по што веднаш се врати на Островот за да се процени неговата состојба. Одлуката за хируршка интервенција беше донесена брзо, вчера Крупи беше опериран. Првите проценки на медицинскиот тим велат дека 20-годишникот ќе се ...

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници го уапсија Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 ...

На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран за претставник во управувачкиот комитет на олимпијадата. ...

Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи можноста да замине, велат од ...

Според португалските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Герогина Родригез, овој викенд овицијално ќе запловат во брачните води. Се вели дека гламурозната церемонија е закажана за сабота, 1 август, на имотот Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија. Иако славната двојка, ниту ги потврдила ниту ги негирала своите планови за свадба, јавноста веќе многу шпекулира за деталите. Извори блиски до двојката откриваат дека ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека овогодишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори вечерва, 30 јули, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан со почеток во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Во свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на Музичка ...

Некои луѓе лесно веруваат во она што го слушаат, додека други инстинктивно чувствуваат кога нешто не е онакво какво што е претставено. Тие набљудуваат детали, поставуваат прашања и ретко извлекуваат заклучоци без размислување. Според астролошките толкувања, три хороскопски знаци се особено познати по тоа што се многу тешки за измама или натерување да направат нешто против нивна волја. Девица Девиците се познати по нивното аналитичко ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35