Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Фудбалерите на Иран и Нов Зеланд ремизираа 2:2 во натпреварот од првото коло од Групата Г на Светското првенство. Средбата во Лос Анџелес ја одбележа Елија Џаст со два гола, но и враќањето на азиската селекција во два наврати. Натпреварот ги надмина очекувањата, интензитетот беше на високо ниво, а нападите на двата тима беа чести во текот на целиот натпревар. На крајот, тие ги поделија бодовите, исто како Белгија и Египет малку порано во ...
Вистинска конфузија настана во репрезентацијата на Тунис по тешкиот пораз од Шведска (5:1) на почетокот од Светското првенство. Иако имаше информации дека селекторот Сабри Ламуши е отпуштен од функцијата, Фудбалскиот сојуз на Тунис ја повлече одлуката и францускиот стручњак ќе продолжи да ја води репрезентацијата на Светското првенство. Дополнителна конфузија предизвика и фактот што Сојузот дури и ја објави веста за неговото отпуштање на ...
Полска сè уште не испорачала дополнителни борбени авиони МиГ-29 на Украина, бидејќи преговорите за трансфер на украинска воена технологија во Полска сè уште не се завршени, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Цезари Томчик. Во разговор за Радио ЗЕТ, Томчик истакна дека Варшава е подготвена да испорача борбени авиони од советско производство штом ќе се постигне договор за технолошка соработка. „Не ги испорачавме МиГ-овите на Украина. ...
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, им кажал на претседателот Доналд Трамп и на други високи американски функционери дека доказите собрани од американските разузнавачки агенции фрлаат сериозен сомнеж врз подготвеноста на Иран да ги направи нуклеарните отстапки што Вашингтон ги бара во конечниот договор, изјавија за „Аксиос“ три извори запознаени со дискусиите. Ратклиф не е единствениот скептик во тимот на Трамп. За време на внатрешните дискусии, ...
Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...
„Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не“, велат од партијата ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека спроведувањето на договорот постигнат од рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп минатата година во Анкориџ, Алјаска, ќе претставува прв голем чекор кон завршување на војната во Украина, јавува Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција во Минск, Белорусија, Лавров рече дека Москва сè уште очекува спроведување на договорите постигнати за ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. „ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување ...
„Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси“, велат од Влен. „Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира ...
Влегувањето на Венера во Лав е една од најочекуваните астролошки промени на летото. Венера, планетата на љубовта, привлечноста и задоволството, ќе биде во овој огнен знак неколку недели, носејќи повеќе страст, самодоверба и желба за големи гестови на љубов. Додека Венера е во Лав, емоциите ретко се кријат. Луѓето се посклони отворено да ги покажуваат своите чувства, да преземаат ризици во љубовта и да бараат врски што навистина ги ...
На 16 јуни (вторник) 2026, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на изложбата „Архивски документи“ од реномираната македонска уметница Жанета Вангели. Првото самостојно преставување на уметноста на Жанета Вангели во Софија се реализира во соработка меѓу Македонскиот КИЦ во Софија и Националната галерија на Македонија. Изложбата се состои од објекти, дигитален ...
Вашата вечерна рутина за нега на кожата често се занемарува, но може да има најголемо влијание врз вашиот тен. Еве како. Додека спиете, вашата кожа се регенерира, па затоа е важно да ја одржувате чиста, хидрирана и заштитена. Затоа треба да обрнете внимание на негата на лицето, а подолу се чекорите што треба да ги преземете пред спиење. Отстранување на шминка – задолжителен прв чекор Отстранувањето на шминката е првиот чекор што никогаш, ...
Сезоната на костими за капење започна, а познатите убавици ги покажаа новите трендови што ќе ги преплават плажите оваа година. Летото се ближи, а со него и потрагата по совршен костим за капење. Оваа сезона, металик моделите се чини дека се апсолутен хит, тренд што веќе го потврдија бројни светски ѕвезди. View this post on Instagram A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) Иако многумина веќе имаат значителна колекција костими за капење, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе ...
Една од најпознатите бразилски модели, Алесандра Амбросио, ги сруши социјалните мрежи со серија фотографии во бикини, но не било какви бикини, туку модел во боите на бразилското знаме, па фаталната убавица ги поддржа фудбалерите на Светското првенство на овој начин. Покрај тоа, Алесандра го држеше и бразилското знаме, па сите фанови на оваа репрезентација не можеа да имаат подобар поглед за уживање. View this post on Instagram A post shared ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања против Иран го спречила Техеран да развие нуклеарно оружје во блиска иднина и отстранила егзистенцијална закана за еврејската држава. „Го спасивме Израел од заканата од нуклеарно уништување. Без големите воени операции со САД, Иран веќе би имал нуклеарни бомби“, рече Нетанјаху. Тој додаде дека воената кампања ја отстранила таа закана со години. Техеран ги негира обвинувањата ...
Осум лица, вклучувајќи двајца вработени во Боинг, загинаа кога бомбардер Б-52 на американските воздухопловни сили се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија. Несреќата се случи во понеделник во 11:20 часот по локално време за време на рутинска тест мисија. По падот на бомбардерот се издигна огромен облак од црн чад во воздухот што можеше да се види од километри. BREAKING: A U.S. Air Force B-52 bomber ...
SpaceX во својата иницијална јавна понуда на акции собра 10 милијарди долари повеќе од првично очекуваното, со што вкупниот износ достигна 85,7 милијарди долари. Со тоа ракетната компанија на Илон Маск, минатиот петок, со излегување на њујоршката берза Nasdaq оствари најголема првична јавна понуда во историјата. Првично собра 75 милијарди долари од инвеститорите, а парите, им рече Маск на вработените, ќе бидат искористени за финансирање на ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите претходни остри изјави. Лукашенко во интервју за Ал Арабија рече дека неговите изјави се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знае каде се наоѓа тој. ...
Десетици студенти излегоа од церемонијата по повод доделувањето на дипломите на Универзитетот Стенфорд, додека извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, се качи на сцената за да го одржи својот говор по повод доделувањето на дипломите. Снимките покажаа како студентите протестираат против работата на компанијата за владата на САД. На еден транспарент пишуваше: „ICE шпионира со помош на вештачката интелигенција на Google“. Протестот следува ...
Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите за имиграција, поддржувајќи мерки што им овозможуваат на властите да ги поништат дозволите за престој врз основа на нејасни критериуми за несоодветно однесување и ги обврзуваат повеќето вработени во јавниот сектор да пријават секој за кого се сомневаат дека е недокументиран, објавува „Гардијан“. Новото законодавство доаѓа пред парламентарните избори во септември и е дел од политиката на ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник го нарече договорот меѓу САД и Иран „многу важен чекор“ кон завршување на војната, за која ги обвини израелските провокации на 28 февруари. По состанокот на кабинетот, тој рече дека договорот донесе олеснување за целиот регион, јавува агенцијата Анадолија. „Нашиот регион, кој беше на работ, сега воздивна со олеснување“, рече Ердоган. Тој нагласи дека Турција е „во име на регионот и целото ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија NBC News и Financial Times. „Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари е лажна вест“, тврди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Иако го спомена износот ...
Голманот на Нигерија, Мадука Окоје, стана вирален на социјалните мрежи на самиот почеток на Светското првенство, но не поради неговиот фудбал, туку поради неговиот изглед. На Мадука му требаа само неколку минути да се најде во кадарот за време на пријателскиот натпревар со Португалија, а потоа се појавија неговите провокативни објави на мрежите… View this post on Instagram A post shared by Maduka Okoye (@madukaokoye) Вистински хаос ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Дел од село Сарај на главна улица кај Ер Грос маркет, oпштина Сарај. Од 08.00 до 12.00 часот; · Без електрична енергија ќе останат селата Држилово, Патишка река, Елово, Црн Врв, Осинчани, Јаболци, Нова Брезница, Малчиште, Викенд Јаболци, Викенд Држилово од 09.00 до 10.30 часот, општина Сопиште; · Улица 11 И улица 3 Кадино од 09.00 до ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата 29-ти Ноември 59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата 29-ти Ноември 59, прекинато ...
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Фудбалерите на Белгија и Египет одиграа нерешено 1:1 (0:1) во многу интересен натпревар, во првото коло од групата Г. Храбрите „фараони“ оставија одличен впечаток, но останаа без својата историска прва победа на Светските првенства. Иако фаворитот во првото полувреме претежно ја држеше топката во свој посед и шутираше повеќе, африканската селекција беше наградена за конкретната игра. Египќаните се заканија во неколку наврати, а голот дојде ...
Голманот на Зеленортските Острови, Жозимар Жозе Евора Дијаш – Возиња, преку ноќ стана една од најголемите ѕвезди на Светското првенство по сензационалното реми без голови против Шпанија. Најзаслужен за освоениот бод беше токму 40-годишниот чувар на мрежата, кој со неколку извонредни интервенции ги спречи Шпанците да стигнат до победа. Неговите одбрани предизвикаа огромно внимание кај љубителите на фудбалот ширум светот, па илјадници ...
Повикот за репрезентацијата го добил преку социјалната мрежа LinkedIn додека работел како банкар во Даблин, а денес поранешниот ирски службеник Роберто Лопес Пико ремизираше со Шпанија на Светското првенство, настапувајќи за малата островска држава Зеленортски Острови, оддалечена речиси 5.000 километри од неговиот роден град. Неговата неверојатна приказна е само дел од фудбалската бајка на дебитантите на Мундијалот, пишува BBC. Од банкарски ...