Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во следните шест месеци четири хороскопски знаци ќе се соочат со големи животни промени, тврди астрологот Елинор за YourTango. Според неа, промените се поврзани со преминувањето на Месечевите јазли во нови знаци и ќе влијаат на односите, кариерата и семејниот живот. Водолија ќе помине низ силна лична трансформација. Ќе ги преиспита сопствениот идентитет, границите и односите со луѓето, а можно е да прекине пријателства и врски што ја ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Атлетико Мадрид официјално ја пријави Барселона во Шпанската фудбалска федерација (RFEF), обвинувајќи го каталонскиот клуб за несоодветен и нелегален пристап до нивниот напаѓач Хулијан Алварез. Аргентинскиот интернационалец има договор со Атлетико до летото 2030 година, но тој навести за време на Светското првенство дека сака да го напушти клубот. Тоа дополнително го поттикна интересот на Барселона, која го гледа Алварез како едно од ...
Сите 55 фудбалски асоцијации членки на УЕФА, меѓу кои е и Фудбалската федерација на Македонија, ја поддржаа можноста за бојкот на Светското првенство во знак на протест. Причината е предлогот на ФИФА за продажба на малцински удел во нова компанија која би управувала со комерцијалните права на најголемите натпреварувања. Одлуката беше донесена на вонреден состанок на УЕФА одржан попладнево, само два дена откако ФИФА го презентираше ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се реализирани повеќе координирани акции низ државата, при што се запленети над 43 килограми марихуана, а приведени се 241 лице. Според МВР, во изминатиот месец бил пресечен и меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“, како дел од активностите ...
Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?, прашува ДОМ. „ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР. Според прогнозата на Управата за ...
Четири лица со запдно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а ...
Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција, велат од СДСМ. „Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд. И сега наместо одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, Мицкоски го наградува Фетаи со нова позиција, ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре 31.07.2026 година ( петок ) – поради дефект на огрлица ф-250 мм на крстосницата Водњанска/Бел Камен, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Водњанска, дел од ул.Бел Камен и дел од ул.Шарски Одред. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот.(Општина Центар) Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре 31.07.2026 година ( петок ) – поради дефект на огрлица ...
Претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши со победа на Русија и рече дека злосторствата на украинските националисти, треба да бидат документирани и предмет на идна кривична постапка. „Сè што направиле тие луѓе од Бандера, нацистите, не само што треба да се евидентира и обработи, туку на крајот мора да се претвори ...
Зоолошката градина во Прага употреби тони мраз за да ги разлади животните среде новиот топлотен бран што ја погоди Европа, бидејќи температурите достигнуваат 38 степени Целзиусови. Поларните мечки Алеут и Грегор веднаш се тркалаа на големи купови коцки мраз откако излегоа надвор, кои служат за нивно разладување и збогатување на нивната секојдневна средина, изјави портпаролот на зоолошката градина Филип Машек, објави АП. Пред две години, ...
Фулам постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос за вкупна сума од 50 милиони евра. Според договорот, вредноста на Гарсија беше проценета на 40 милиони евра, а на Паласиос на 10 милиони евра. Договорите содржат и клаузула според која на Реал ќе му припаднат по 30 проценти од идните гтрансфери на фудбалерите. Двајцата фудбалери на „Крејвен Котиџ“ пристигнаа на барање на новиот тренер, Алваро Арбелоа. ...
Според податоците од Институтот „Роберт Кох“, оваа година во Германија се регистрирани речиси 10.000 смртни случаи поврзани со топлина. Во Велика Британија објавија дека 3.000 луѓе веќе починале. Институтот „Роберт Кох“ (RKI) објави во својот неделен извештај дека 9.800 луѓе веќе починале во Германија оваа година поради високите температури од 19 јули, а овој број е поголем од податоците за истиот период во која било година од 2016 година. ...
Јувентус ја доби трката со Челзи за потписот за суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Карем Алајбеговиќ. Како што пишува најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, „Старата Дама“ од Торино ги договорила сите детали со 18-годишникот и неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен. Вредноста на комплетниот трансфер треба да изнесува 35.000.000 евра, според формулата 33 милиони се фиксни, а другите два милиони евра преку ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес предупреди дека сезоната на пожари е далеку од завршена и го започна своето излагање пред Министерскиот совет изразувајќи длабока тага за пожарникарите кои вчера ги загубија животите борејќи се со пожарот. „Сè уште имаме тешки денови пред нас“, рече Мицотакис, апелирајќи до граѓаните да покажат „најголема претпазливост“. Мицотакис истакна дека државата им оддава почит на загинатите пожарникари, стои ...
Претседателот на Азиската фудбалска конфедерација (AФК), шеикот Салман бин Ебрахим Ал-Калифа, го оцени планот на ФИФА за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори како „целосно неприфатлив“ и рече дека потегот ја поткопува континенталната структура на спортот. Невообичаено директните коментари од бахреинскиот функционер беа дел од писмото испратено, во четвртокот, до адресите на 47-те национални асоцијации членки на ...
Францускиот фудбалер Максенс Лакроа е нов играч на Челзи, објави англискиот клуб. Лакроа потпиша договор со Челзи до 2032 година, а во клубот доаѓа од Кристал Палас за 60.700.000 евра, објави „Скај Спортс“. „Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челзи и неговата победничка традиција, па ова е навистина горд момент. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме ...
Со цел институцуонална одговорност за случајот на екс-вицепремиерот Фетаи а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска премина во директна институционална акција и поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда, велат од партијата. Зајкова ...
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Венко Филипче посочи економски споредбени параметри со коишто како што истакна, растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Според Мицкоски побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а споредувајќи ги параметрите за инфлацијата нагласи дека инфлацијата во јуни 2026 година ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица ...
Леброн Џејмс сè уште не одиграл ниту една секунда во дресот на Филаделфија, а успеа да сруши еден рекорд, што најдобро покажува колку внимание предизвика неговото доаѓање. Новиот дрес со број 23 на Леброн стана најпродаваниот дрес од кој било спортист во Америка во првите 48 часа од неговото објавување, покажуваат податоците од компанијата „Фанатикс“. Тој го надмина претходниот рекорд на јапонската бејзбол ѕвезда Шохеи Охтани, поставен ...
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, го најави доаѓањето на ново напаѓачко решение, кое го нарече „бомба“ и рече дека работата на клубот во летниот преоден рок е завршена само 60 проценти. Во овој период, клубот веќе двапати го сруши сопствениот рекорд за износот на трансфери и досега инвестираше 267 милиони евра во тројца нови фудбалери. Трансферите на Тотенхем во актуелниот преоден рок: Сандро Тонали (108 милиони евра) Матеус ...
Германскиот шампион, Баерн Минхен, објави дека за нив преодниот рок е завршен. Ова го потврди Макс Еберл, спортскиот директор на великанот од германската покраина, Баварија. „Го завршивме преодниот рок со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен. Го направивме тоа многу брзо и со тоа го завршивме потпишувањето на играчи за ова лето“, рече Еберл. Иако многу големи имиња се поврзуваа со Баерн, Еберл е јасен. „Се ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука, соопштија од општината. Летниот распуст, појаснуваат, се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека сите лаги на Владата на ВМРО за наводниот економски напредок пропаднаа. Филипче посочи дека граѓаните живеат сè потешко, а Македонија е на дното во Европа по животен стандард. „Паѓаат во вода приказните за стандардот. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на ...
Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, овозможувајќи им на посетителите од цела Македонија да бидат дел од ...