Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ...

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела. Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска на подрачјето на дел од Скопје, како и неопходноста од засилување ...

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни. Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од Скопје, а еден од Велес. Регистрирани се 37 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија, известува ИЈЗ. Од регистрираните случаи (38), 28 се машки, а 10 ...

Пол Погба (33) повеќе не е играч на Монако, откако клубот објави дека спогодбено се разделил со поранешниот светски првак. Во објавата се потенцира дека само делумно ги исполниле целите што ги поставиле на почетокот на минатата сезона. Погба тогаш потпиша двегодишен договор. Сепак, сега е раскинат откако Погба одигра само 115 минути за Монако минатата сезона. Ова е уште еден од низата удари што ги претрпе фудбалерот кој на почетокот на ...

„Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...

Бразилскиот напаѓач Андре Луиз го напушти Олимпијакос и се пресели преку барата, во Спортинг Канзас Сити, во рекорден трансфер. Иако клубовите не ја открија сумата на обесштетувањето, американските медиуми објавуваат дека Спортинг ќе плати 18 милиони долари за напаѓачот, кој има 24 години. Луиз ќе стане најскапиот играч во историјата на тој клуб. Претходниот рекорд на Спортинг беше 7,5 милиони долари, кои беа платени во 2019 година за ...

Нивните желби се остваруваат благодарение на упорноста што постојано ги турка напред и фактот дека веруваат во себе. Некои хороскопски знаци едноставно не ја прифаќаат просечноста. Кога сакаат нешто, тие се подготвени да работат долго време, да учат од грешките и да ја искористат секоја можност што им се појавува. Лав – роден за големи цели Лавовите имаат силна потреба да остават свој белег и тешко им е да се задоволат со мали работи. Тие ...

Од 1 септември ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава. Градежните зафати за адаптација на објектот се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во подготовките на училиштето ...

„Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ. „Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ...

Астон Вила официјално ги потврди трансферите на Матео Руџиери и Зајон Сузуки. Италијанскиот дефанзивец дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, плус 1,5 милиони евра бонуси, додека јапонскиот голман, кој беше на работ на трансфер во Пари Сен Жермен, пристигнува од Парма за 30 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси. Руџери (24) доаѓа на „Вила Парк“ по само една сезона во Атлетико, со идеја да го замени Лука Дињ, кој се врати во ПСЖ. ...

Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег“, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика“. Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег“ и во Чаршијата. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид е домаќин на неговиот чешки колега, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Како што информираше министерот Муцунски, било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања. „Чешката Република ...

По светската премиера на документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал, меѓународните медиуми продолжуваат со пофалбите. Први објавија „Варајати“ и „Синеуропа“ (која за филмот вели дека „го прогонува гледачот“) и бројни регионални медиуми, но интересот за филмот не стивнува. Напротив, објавени се нови критички осврти и текстови посветени на филмот. Од САД и Италија, до Србија, Босна и Данска, „Добри луѓе“ ...

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека разменило воени затвореници со Украина. „Денес, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени затвореници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС. Минатата недела, во четвртокот, Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници. Министерството за ...

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам, истакна на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, како што рече, партиска прослава. Тоа, според неа, е вистинското лице на оваа криминалната власт. „ВМРО-ОКГ ...

„Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, повеќе од 60% над грчката, над четири ...

Во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници кои треба да овозможат едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари и треба да биде завршена за три месеци. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дејан ...

Манчестер Јунајтед и Брајтон се блиску до договор во врска со трансферот на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат во позитивна атмосфера, објави „Атлетик“. Јунајтед понуди околу 60.000.000 фунти за 22-годишниот фудбалер со дополнителни 5.000.000 преку бонуси. Таа понуда моментално е под износот што Брајтон го очекува за трансферот на Балеба, но сите страни работат на постигнување договор. ...

Андраш Бака, поранешниот претседател на Врховниот суд, денес ја презеде функцијата претседател на Унгарија, откако парламентот го избра на 11 август. На предлог на владејачката партија Тиса, тој доби поддршка со тајно гласање од 140 пратеници, додека шест беа против, објави МТИ. Опозиционите партии Фидес и Христијанско-демократската народна партија (КДНП) не учествуваа во гласањето, наведувајќи дека сметаат дека претходното разрешување на ...

„Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата“, вели Ангелинка Петкова, ...

„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Поради ...

Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, наводно ќе ја пропушти трката за Големата награда на Холандија оваа недела поради повреда на зглобот, а официјалната потврда се очекува наскоро. „Де Телеграф“ прв ја објави веста дека францускиот возач се повредил во текот на летната пауза, за време на тренинг во теретана, поради што неговото учество во Зандворт е во голем знак прашалник. Истите извори наведуваат дека најверојатната опција е Хаџар да не вози ...

Брајтон го официјализира трансферот на напаѓачот Промис Дејвид. Канадскиот репрезентативец пристигнува на позајмица од белгискиот вицешампион, Унион Сен Жилоа. Според „Скај Спортс“, договорот меѓу двата клуба вклучува и клаузула за траен откуп во вредност од 22 милиони фунти, која ќе се активира доколку се исполнат одредени услови. 25-годишниот Дејвид, кој игра на позицијата централен напаѓач, има импресивна статистика за тимот од Брисел. ...

Четири лица беа убиени, а уште четири други беа ранети во напад со руски дрон врз автобус во јужниот украински град Херсон утрово, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. Зеленски: Нормален човек не може да го замисли ова „Според прелиминарните информации, четири цивилни патници беа убиени во нападот“, соопшти канцеларијата, додавајќи дека автобусот се движел по улица во град кој често е цел на руски воздушни напади. Се огласи и ...

Ник Кирјос е суспендиран од тенисот откако допинг-контролата покажа дека е позитивен на кокаин. Голем скандал го потресе светскиот тенис, Ник Киргиос беше суспендиран откако беше позитивен на кокаин. 31-годишниот Австралијанец го даде примерокот на 22 јуни за време на турнирот АТП 250 во Љорет де Мар/Мајорка, Шпанија. На 17 јули, лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција потврди присуство на бензоилекгонин, метаболит на ...

Шпанскиот полициски синдикат „Хупол“ (JUPOL) побара сите членови на Националната полиција кои биле ангажирани во Сеута да се подложат на медицински прегледи, откако кај еден полицаец е дијагностицирана шуга по враќањето во Мадрид. Според информациите објавени од весникот „Мундо“, полицаецот престојувал во Сеута девет дена, а на 5 август побарал заштитни маски и ракавици. Според неговите изјави, опремата ја добил дури три дена подоцна. По ...

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, истакнуваат од оваа партија. Дел од таа операција оди, како што велат и преку „Ало медиа“ групацијата која, според партијата, пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. „Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка ...

Денес сакаме да покренеме сериозно прашање кое со години останува нерешено и кое директно го засега правото на албанските деца во Идризово на образование на нивниот мајчин јазик, истакнуваат од Алијансза за Албанците. Во основното училиште „Његош“, додаваат од партијата, албанските ученици можат да ја следат наставата на албански јазик само до петто одделение. „Од шесто до деветто одделение, тие се принудени да го продолжат своето ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75