Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Канцеларијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир објави дека во централен Израел се гради објект за бесење осудени терористи, во рамките на веќе изграденото крило на затвор за затвореници осудени на смрт. „Ветив дека ќе ги влошам условите за терористите во затворите и го одржав моето ветување. Ветив дека ќе го донесам Законот за смртна казна за терористи и го направивме тоа. И сега започнува изградбата на објектот за ...
Меѓународната Агенција за атомска енергија (МААЕ) откри неколку тони нуклеарен материјал на непријавена локација во Сирија, објави нејзиниот директор Рафаел Гроси. „Зборуваме за неколку тони нуклеарен материјал што може да се злоупотреби“, рече Гроси на заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани во Дамаск. Гроси ја пофали „храбрата одлука“ на сириските власти да ја прогласат локацијата, која ја ...
Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес ...
Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „А, СДС во Гостивар, е коалиција и дел од локалната власт за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани. Затоа што заедно се дел од власта, СДС ...
Златната топка од 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство, кое заврши со триумф на Шпанија, Родри, официјално стана играч на Барселона. Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот е голем успех за Барселона, која се здоби со играч способен да донесе ...
Само три дена откако се струполи на крајот од натпреварот со Лајпциг, Јамал Мусијала повторно ги загрижи сите, повторно колабираше среде натпревар. На играчот на Баерн му се случи речиси идентична ситуација како и против Лајпциг, само што овој пат доживеа непријатно искуство на самиот почеток од новиот пријателски натпревар, со Хајденхајм, во деветтата минута. Падна на теренот, кратко ја изгуби свеста и немаше сила да стане. Дури откако ...
Пожарот во Мариово повторно се разгоре, a огнената линија е долга околу 20 километри, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што рече, пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал денеска околу пладне. „Огнот кој синоќа опустоши дел од селото Чаниште во текот на ноќта, раните утрински часови и претпладневните часови беше речиси целосно совладан. За жал околу пладневните ...
Дебелината не е прашање на лична дисциплина, туку резултат на интеракцијата на бројни фактори. Сè уште ја сметаме дебелината како последица на погрешни животни навики, но сè повеќе сме свесни дека таквиот став е премногу едноставен. Честопати на ова нè потсетуваат ендокринолози кои неуморно повторуваат дека дебелината е комплексна хронична болест под влијание на бројни фактори, пишуваат медиумите. Затоа, фактот дека некој тешко слабее не ...
Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода 5 недели а над 5.000 граѓани беа заболени денеска ќе слават. Вечерва, Општинскиот комитет на ВМРО ОКГ во Гостивар ќе слави партиски настан годишнина од основање, велат од СДСМ. „Што славите? Тоа што го отрувте цел Град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење? Тоа што не објавувате документ и анализа за водата, прашува Бојан Зафироски – ...
Некои комбинации на храна се толку чести што воопшто не размислуваме за нив. Сепак, начинот на кој комбинираме одредени намирници може да влијае на варењето, чувството на ситост и како се чувствуваме по оброкот. Ова не значи дека одредени комбинации се забранети или нездрави, но ако често се чувствувате надуено, тешко или поспано по јадењето, можеби вреди да обрнете внимание на тоа што ставате на истата чинија. Месо и големи количини на ...
Москва има право да го гледа ангажирањето на британските ракетни сили во нападите врз Руската Федерација како директно учество во конфликтот во Украина, со сите последици што произлегуваат од него, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Знаете, ми е жал за Велика Британија ако остане со Украина до самиот крај“, изјави Лавров за руските медиуми. Тој потсети дека рускиот лидер Владимир Путин предупреди дека Русија има ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Соединетите Американски Држави не успеале да ја постигнат својата цел во војната со Иран и потврди дека Вашингтон сега бара преговори според условите на Техеран. Според него, целта на САД за време на војната била да го принудат Иран да се предаде. „Ние нема да се предадеме. Америка сега бара да преговара со нас според наши услови“, рече Арагчи. Иранскиот министер за ...
Во Велика Британија, едно лице почина, а 207 се заразени со салмонела во епидемија за која здравствените службеници веруваат дека е поврзана со храна подготвена од увезени јајца. Информациите ги објави Извршниот одбор за здравје и безбедност на Велика Британија (UKHSA) во вторник, пренесува „Анадолу“. UKHSA започна истрага во мај откако откри зголемување на случаите на салмонела предизвикани од специфичен сој. Сојот беше идентификуван со ...
Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната ...
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос. Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на екскурзивното пловење, објавува „Катимерини“. На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот. По пристанувањето во пристаништето, четворица од повредените биле пренесени со сопствен ...
Осум земји надвор од Европската Унија се приклучија на најновиот пакет санкции на ЕУ против Белорусија поради нејзината поддршка на руската агресија во Украина. Ова ќе ги усогласи нивните политики со мерките усвоени од Советот на ЕУ на 23 јули, објавува „Euronews“. Како што објави Европската Унија во вторникот, тоа се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина. Брисел ја поздрави ...
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...
Седум последователни земјотреси ја погодија Гранада денес, предизвикувајќи евакуација на трговски центри, хотели и станбени згради. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 4,8 степени со епицентар во Гохар. Три лица беа полесно повредени, а сите неитни медицински прегледи и операции беа привремено прекинати низ целата покраина. Оваа серија потреси следеше по земјотрес со магнитуда од 5 степени што го погоди истото подрачје во саботата, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави на социјалната мрежа Truth Social дека го прогласува Ормускиот теснец за нова територија на Соединетите Американски Држави. Ова соопштение дојде еден ден по истекот на Меморандумот за разбирање, а Трамп подоцна истиот ден рече дека „не се водат ниту се планираат никакви разговори“ со Исламската Република Иран, пренесуваат медиумите. Во објава на Truth Social, Трамп напиша: „Поморската блокада ...
Бешикташ работи напорно ова лето и во тековниот преоден рок е јасно дека сака да се врати на шампионскиот трон. Ако доаѓањето на Тросар беше најава за големи амбиции, а трансферот на Душан Влаховиќ предизвика земјотрес на Босфорот, Бешикташ сега сака уште едно звучно засилување. Станува збор за Николас Гонзалез од Јувентус. Аргентинецот минатата сезона ја мина како позајмен играч во Атлетико Мадрид. Турскиот гигант веќе испрати првична ...
Финансиската поддршка за онколошките пациенти кои ги исполнуваат условите е исплатена, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На јавниот повик се пријавиле повеќе од 1.200 пациенти, а повикот и натаму останува отворен. „Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени Постојат моменти кога зборовите не се доволни. Моменти кога човечноста не се мери со тоа што ќе го кажеме, туку со тоа ...
Жозе Мурињо официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, започнувајќи го својот втор мандат на клупата на шпанскиот гигант. Португалскиот стручњак потпиша договор за три сезони и ќе го води тимот до 30 јуни 2029 година. Свечената церемонија се одржа во тренинг центарот на „кралскиот клуб“, а Мурињо беше пречекан од претседателот Флорентино Перез. На презентацијата присуствуваше почесниот претседател на Реал, Хозе Мартинез ...
34-годишната Драгана Антешевиќ од Котор Варош загина во катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето од Локва Рогозница до Омиш во ноќта помеѓу 13 и 14 август. Таа отишла во Хрватска да работи сезонава, заедно со нејзината помлада сестра Николина Славниќ. Николина го преживеа пожарот, но последниот пат кога ја виде сестра си беше среде пламен и запалени автомобили на Јадранската магистрала. Во шокантна исповед за Слободна Далмација, таа ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од улицата Христо Татарчев во близина на автопералната, општина Сопиште; – Во период од 11.30 до 14.30 часот, корисниците од улицата Александар Мартулков, општина Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, ...
Фудбалската федерација на Сенегал објави дека Патрик Виеира е назначен за нов селектор на сениорската репрезентација. Виеира ќе ја преземе репрезентацијата на Сенегал од Папа Тјав, кој беше отпуштен по Светското првенство оваа година каде што Сенегал беше елиминиран во осминафиналето. „Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалската федерација на Сенегал да воспостави систем на професионална работа од врвен квалитет, ...
Септември 2026 година носи силна космичка динамика – последиците од две затемнувања, ретроградни движења и изразени пресвртни точки на енергија. Тоа е месец кој јасно покажува дека ништо не останува исто, а за одредени хороскопски знаци, токму оваа енергија ги отвора вратите кон нови почетоци. За нив, септември 2026 година станува повеќе од транзиција од една сезона во друга: една фаза завршува, а вратата кон друга се отвора. Овен Овенот ...
Правилото од 72 часа е нов концепт на интернет кој нуди решение за паровите чиј сексуален живот е во проблеми. Идејата е едноставна: партнерите треба да се вклучат во некаков вид интимност, без разлика дали е сексуален однос или друга физичка интимност, најмалку на секои три дена. Овој пристап предизвика мешани реакции на социјалните медиуми. Додека некои веруваат дека е премногу механички и макотрпен, други се ентузијастични за идејата. ...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повеќе не се во тајна врска и сè почесто објавуваат заеднички работи на социјалните мрежи откако ја потврдија својата романса што трае со месеци. Тие моментално се на заеднички одмор, а возачот на Формула 1 објави неколку фотографии на кои е присутна и ријалити ѕвездата. На една од сликите, Ким позира на лулашка во фустан со отворен грб, додека тој е во преден план, свртен со грб, што јасно укажува дека уживаат ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. „Честит 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес оддаваме ...
По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање ...