Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Вчера околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 47-годишниот Д.Г. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен ...
Вчера во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од село Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. „Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната ...
Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на ...
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете документите? За резултатите на вашата влада не треба многу зборови. Граѓаните ги гледаат секој ...
Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле ...
Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го ...
Вчера во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, 50-годишниот Љ.М. од село Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна. Вчера во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, ...
Денеска во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 25-годишниот А.С. од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради ...
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји. Значаен дел од разговорот беше посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на стабилноста и општествената кохезија за европската перспектива на ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше пред натпреварот со Малага, а едно од главните прашања беше за иднината на Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради шпекулациите за можно заминување од Мадрид, но Симеоне јасно стави до знаење дека клубот смета на него. „Мигел Анхел е сопственик на клубот. Не може да биде појасно од тоа. Како кога судијата дава пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно е ...
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. „При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни ...
Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, попладнево извести дека има уште еден смртен случај на заболен од западнонилска треска. Пациентот бил на лекување на Инфективна 27 дена. Како што соопшти директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој на клиниката бил донесен во исклучително лоша состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај него бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и пропратни заболувања. Тој е ...
Малцинските сопственици на Челзи, Тод Боели и Марк Валтер, преговараат со своите партнери во конзорциумот на клубот, „Клирлејк“, за продажба на своите акции. Мнозинскиот сопственик на Челзи, „Клирлејк Капитал“, поседува 61,5 отсто од клубот, додека Тод Боули и Марк Валтер држат по 12,8 отсто. Сепак, двајцата беа во преговори да ги продадат своите акции на „Клирлејк“, кој го предводат Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано. Боели беше лицето на ...
Пржењето сланина изгледа едноставно, сè додека парчињата не почнат да се виткаат и горат по рабовите. Добрата пржена сланина може да биде рамномерно крцкава без дополнително масло – со еден многу едноставен кулинарски трик. Сланината има слоеви месо и маснотија кои не се однесуваат исто кога се ставаат на висока температура. Месото брзо се стега, краевите почнуваат да се креваат и парчињата се виткаат. Ако додадете масло и ја зголемите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. „Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, кажа ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...
Пејачката Рита Ора (35) сподели серија жешки фотографии од своите летни авантури, откако помина време на неколку сончеви дестинации низ Европа. Пејачката објави фотографии од бикини на својот Инстаграм профил, вклучувајќи ги и оние од нејзиното последно патување на Ибица, каде што уживаше со својот сопруг Таика Ваитити. Двојката престојуваше на јахта со пријатели, а Рита изгледаше сензационално во минијатурно сребрено бикини додека позираше ...
Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги исполнат условите од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни, изјави главниот ирански преговарач, Мохамед Бакер Калибаф, во коментарите објавени од државните медиуми. Условите вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, укинување на санкциите врз иранската нафта, ослободување на замрзнатите ирански средства и прекинување на сите закани и ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рече на својот севернокорејски колега дека нивните земји работат на воспоставување „нов и праведен светски поредок“ откако Пјонгјанг ѝ помогна на Москва да ги избрка украинските сили од рускиот регион минатата година. Во порака до севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи, Лавров ја потврди заложбата на Москва да ја зајакне соработката во сите области и да придонесе ...
„Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО“, кажа Кети Штерјова, СДСМ. „А се работи за здравјето на луѓето. Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за ...
Ен Хатавеј хумористично одговори на прашање за полот на нејзиното трето дете за време на доделувањето на наградите „Дизни“. Актерката, која веќе има два сина со сопругот Адам Шулман, ја примаше наградата кога од публиката стигна прашање кое ја насмеа, а нејзината реакција ја воодушеви публиката. Хатавеј ја доби наградата „Дизни Легенда“ на настанот D23 во Лос Анџелес. Додека беше на сцената, некој од публиката рече: „Дали е момче или ...
„Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите“, рече Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај ...
Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзината Фејсбук страница со порака дека „отишла во зона без сигнал“. Ведрана привлече големо внимание на јавноста во нејзината сатирична колумна од јануари 2024 година насловена „Дали има живот без вампири?“. Во колумната, таа иронично се осврна на темата за наследството, велејќи дека на децата не треба да им се остава материјално ...
Вчера околу 22:00 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица ...
Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во ...
Руската воздушна одбрана собори рекордни 1.478 украински дронови над руските региони во саботата, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на тврдења од руското Министерство за одбрана. Неколку дена претходно, на 15 август, истата прорежимска агенција објави дека руската воздушна одбрана соборила 1.328 украински дронови, седум воздушни бомби, 17 ракети „Фламинго“ и четири ракети „ХИМАРС“. Пред овој рекорд, најголемиот ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес – конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, кој го повика обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери. „Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши. Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата. Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на ...
За време на новиот руски напад врз Херсон, граната од дрон падна директно во креветчето каде што спиеше двегодишно момче. Не експлодираше, а детето за чудо преживеа без повреди, објави украинскиот портал Censor.NET, повикувајќи се на полицијата во областа Херсон. Според полицијата, руската војска продолжила со нападите врз цивили во текот на ноќта. Неколку напади од различни видови на дронови за напад се регистрирани во самиот регион Херсон. ...
„Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања“, велат од ДУИ. „’Вреди’ постои како име за пропаганда. Партиите, ...