Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
За време на новиот руски напад врз Херсон, граната од дрон падна директно во креветчето каде што спиеше двегодишно момче. Не експлодираше, а детето за чудо преживеа без повреди, објави украинскиот портал Censor.NET, повикувајќи се на полицијата во областа Херсон. Според полицијата, руската војска продолжила со нападите врз цивили во текот на ноќта. Неколку напади од различни видови на дронови за напад се регистрирани во самиот регион Херсон. ...
„Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања“, велат од ДУИ. „’Вреди’ постои како име за пропаганда. Партиите, ...
„Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати. Филипче може да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...
„Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не постои“, велат од Црвена ...
Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во ФИФА преку електронска пошта. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17. август 2026 година. „ФИФА може да потврди дека ...
Пред луѓето родени во два хороскопски знака претстои долг период на финансиски успех, подобар живот и одлични можности. Постојат моменти кога животот целосно се менува, а почетокот на тој пресврт не изгледа како ништо посебно. За овие два хороскопски знака, почнува периодот кога влегуваат во деценија на богатство, а првите знаци на промена може да се појават преку работа, пари или нова можност. Ова не е приказна за богатство преку ноќ, туку ...
Редовното вклучување на лук во вашата исхрана може да има голем број позитивни ефекти врз телото, но експертите нагласуваат дека дури и со оваа храна, не треба да претерувате. Лукот се користи во народната медицина со векови, а бројни студии укажуваат на неговите потенцијални корисни својства. Дел од неговото дејство се должи на алицинот, сулфурно соединение кое се формира кога лукот се гмечи или сечка. Неговата редовна консумација може да ...
Наскоро градинката во Инџоково ќе ги отвори вратите за децата, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес направив увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково. Во мометов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа ...
Поранешниот играч на ПСВ од Ајндховен, Џои Верман е новото засилување на Борусија Дортмунд. Германскиот вицешампион ја плати откупната клаузула од 21,5 милиони евра. Верман има 27 години, висок е 185 сантиметри и игра на позицијата централен и заден играч за врска. Холандскиот интернационалец потпиша петгодишен договор. Со клубот од „Филипс Арена“, тој освои три титули во холандското првенство (2024, 2025 и 2026), два национални купа (2022 ...
Актерката Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино Џуниор и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син. Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка Валентина, а е и маќеа на неговите деца од претходните врски – Франсоа (38), Матилда (25) и Огастин (19). Актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри ...
Денеска извршивме увид на новата термофасада на објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“, со која обезбедуваме подобри услови за престој на најмалите, извести градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Реализацијата на проектот е овозможена преку донација, како уште еден пример за поддршка и заедничко вложување во подобри услови за децата. Со овие проекти создаваме потопли, попријатни и поквалитетни услови за ...
По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал, долгометражниот документарен филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска премиерно ќе биде прикажан пред домашната публика во рамките на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“, на 24 август во 21 часот, во Куршумли ан. Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден ...
Ноќеска во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 47-годишниот И.Ѓ. од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. Ноќеска во ...
Во руски ракетен напад врз градот Печениги во Харковскиот регион денес загинаа десет лица, а 17 беа ранети. Нападот е дел од поширок бран руски напади што ги погодија и Киевскиот регион и Запорожје во текот на ноќта и утрото, објави Киев Пост. Шефот на регионалната воена администрација на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека на повредените им е укажана медицинска помош. Според него, во нападот се оштетени десет приватни куќи, едно кафуле, ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...
Јубилејната година на Фолтин продолжува да се движи низ градовите, низ музиката и низ луѓето со кои три децении ја споделуваат својата приказна. Изминатиов викенд Охрид беше една од станиците на Фолтин. Во KULT културен центар се одржа слушачка промоција на FOLTIN LIVE, двојниот винил со кој концертната енергија на Фолтин продолжува да живее и надвор од сцената. Албумот се слушаше на врвен звук обезбеден од инженерингот на „ТЕОХАРОВ”, во ...
Украинскиот парламент денес се враќа од летниот одмор, а министерствата за одбрана и надворешни работи сè уште немаат постојани раководители. Помина еден месец откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одеднаш го разреши министерот за одбрана Михајл Федоров, во време на сè поинтензивни руски балистички ракетни напади, пишува Euronews. Кога новата влада на премиерот Серги Корецки беше потврдена на 16 јули, сите кандидати беа назначени ...
За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...
Обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери, побара Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран ...
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ибрахим Мбај, ги договорил финансиските услови со Ливерпул, објави „RMC Sport“. Мбај има 18 години, е висок 175 сантиметри и игра на позицијата десно крило. Сенегалецот му беше приклучен на првиот тим на Пари Сен Жермен за сезоната 2024-25, откако настапуваше за тимот до 21 година на шампионите на Европа и Франција. Во претходната сезона, се етаблираше како постојан играч во првиот тим – одигра 29 натпревари – ...
Месеци пред нејзината смрт, актерката Хајден Панетиер се борела со сериозни здравствени проблеми, открил извор близок до актерката. Нејзиниот пријател и фризер Ерик Орелана потврдил дека таа имала сериозни проблеми со грбот на почетокот на годината, до тој степен што имала тешкотии со движењето. „Знам дека имаше сериозни проблеми со грбот на почетокот на годината“, изјавил Орелана за Page Six. Тој ја опишал болката како „екстремно силна“ и ...
Поранешниот свршеник на Хајден Панетиер и татко на нивната ќерка Каја, украинскиот боксер Владимир Кличко, проговори по смртта на американската актерка на 36-годишна возраст. Кличко се збогува со својата поранешна партнерка со емотивна порака и истакна дека ќе се погрижи нивната ќерка засекогаш да се сеќава каква била нејзината мајка. Украинскиот боксер објави нивна заедничка семејна фотографија на социјалните мрежи и напиша емотивна порака ...
Никлас Филкруг се враќа во Вердер Бремен, објавија „Билд“ и „Скај Спорт Германија“. Вердер и Вест Хем постигнаа договор за едногодишна позајмица без опција за откуп, а 33-годишниот германски напаѓач треба во текот на денот да ги мине медицинските прегледи, пред да го потпише договорот. Филкруг, исто така, се согласи на значително намалување на платата за да може да се врати во клубот за кој веќе играше двапати. Филкруг во школата на Вердер ...
Последните две години на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити добија сосема нова димензија. Документарецот „Прекрасна опсесија“ ѕирка зад сцената од неговиот последен период на клупата на англискиот великан и открива колку бил емоционално исцрпен тренерот, но и колку напорно се трудел да го промени тимот на кој му посветил цела деценија. Гвардиола го продолжи договорот со Сити во ноември 2024 година, иако во тоа време веќе размислувал за ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. 25-годишниот Синер се врати во Торино во понеделникот, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв тренинг во затворен простор. Италијанецот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното ...
На 34-годишнината од основањето на македонската Армија, наместо прераснување во сериозна сила искалена во реална борба сведочиме на континуирано ослабнување и деградирање на АРМ предизвикано од заедничкото дејство на естаблишментските партии и владејачките елити, велат од Левица. „По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано ...
Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. „Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против ...
Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од ...
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на ...