Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Во недела, 23 август со почеток во 18:30 часот, на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, концерт ќе одржи Драган Даутовски. Тој ќе биде пропратен со кратко предавање за оваа неолитска населба и нејзинината трансформација во антиката и средниот век. Концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука. На овој начин културното наследство повеќе се доближува до ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе ...
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, денеска ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пјонгјанг има намера да испрати дополнителни 50.000 војници во Русија за да го зајакне својот сојузник, пишува „Ројтерс“. Ким Јо Јонг, која е висок функционер на владејачката партија, во изјава за државната новинска агенција KCNA, ја оцени проценката на Зеленски како „неоснована“ и ја нарече „инсцениран ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, призна дека нападите на Украина врз руските рафинерии за нафта и инфраструктура влијае на економијата. Рускиот претседател учествуваше на состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти во Москва. Зборувајќи за руската економија, тој рече: „Статистичките податоци покажуваат дека економската активност, иако генерално умерена, останува позитивна“. „Јасно е дека темпото на економската ...
Бугарија ги засили безбедносните мерки во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија. Бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, изјави дека се преземени сите можни мерки за заштита на базата во координација со Министерството за одбрана. Тој додаде дека мерките се прилагодени на ниво на закана кое е значително ...
Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денеска Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент ...
Актерката Никол Кидман (59), од неодамна среќно заљубена во бизнисменот Мајкл Рајнштајн, е исклучително посветена на себе и го користи своето слободно време за да ужива по разводот од Кит Урбан. Таа е сè поактивна на социјалните мрежи и споделува моменти од својот возбудлив одмор на Исланд со своите следбеници. Меѓу фотографиите имаше и една на која позира во син дводелен костим за капење во џакузи на крузер, со отворено море во позадина, а ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10 да се одредува НН ивод, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, општина Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод ...
„Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција“, велат од Влен. „Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со потребното ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени ...
На 17.08.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје, С.Н.(43) од Скопје пријави дека на 16.08.2026 околу 19:30 часот на игралиште на подрачјето на Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.08.2026 во 12:10 часот во СВР Скопје, С.Н.(43) од Скопје пријави дека на 16.08.2026 околу 19:30 часот на игралиште на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски реагираше по прес-конференцијата на опозицијата, во однос на прскањето против комарците. „Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје. Денес повторно гледаме обид една сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка. Да бидеме јасни, западно-нилската треска не е нов вирус и не ...
Вчера во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде ...
Вчера во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка. Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР ...
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...
Спорот меѓу Томас Вокап и Олимпијакос доби нова, посериозна димензија. Искусниот плејмејкер е решен да го напушти клубот од Пиреја и да се пресели во Дубаи, иако неговите претставници го советувале да не влегува во борба со актуелниот европски првак. Според Михалис Стефану од порталот „Бетарадес“, Вокап во еден момент одлучил да ги заобиколи своите претставници, кои се обиделе да го одвратат од таков потег. Кошаркарот наводно ангажирал свој ...
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот ...
„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај – авионска дезинсекција – 11 јуни – авионска ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради ...
Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ ...
Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар. При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм и ...
„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ. „Наместо навремена превенција, навремена ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. „Доколку ...