Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека САД ги „молат“ своите сојузници за помош, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со сериозни економски последици за земјите што помагаат или соработуваат со Иран. „Тие тврдат дека Иран е на работ на пораз, дека виси на конец, а сепак ги молат сите свои сојузници да им помогнат“, напиша Гарибабади на социјалната мрежа Икс. Неговата реакција дојде ...

Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготвил и посебна програма надвор од кошаркарскиот терен. Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал приватен авионски лет за 14 лица, додека по пристигнувањето играчите добиле пакети со подароци со словенечки производи. „Езерџиите“ пристигнаа во Љубљана овој четврток, каде што ќе останат до 24 ...

Најголемиот целосно електричен авион во светот успешно го заврши својот прв лет и помина 27 минути во воздух со потрошувачка на електрична енергија, чија вредност се проценува на само пет долари. Авионот „X1“ на шведската компанија „Heart Aerospace“ полета од меѓународниот аеродром Платсбург во американската држава Њујорк и достигна висина од околу 335 метри за време на пробниот лет, објави „Oilprice“. Авионот е опремен со целосно ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“. Пријавените, на повеќе катастарски парцели во лична и во сопственост на други лица, но ...

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар. „Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. Мобилната апликација на Општина Центар е ...

Постојат оние мали модни трикови кои не бараат нов гардеробер или часови поминати пред огледало, но сепак успеваат целосно да го променат вашиот изглед. Ова лето, еден таков детаљ сè почесто го гледаме кај најстилските модни девојки – шал врзан околу половината. Од минималистички скандинавски комбинации до разиграни Инстаграм изгледи, шалот се враќа како еден од најлесните начини да додадете карактер на едноставен аутфит и да го почитувате ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува ...

Површината на изгорено тло во Европа ќе се зголеми за 39 проценти до крајот на векот, дури и во најдоброто климатско сценарио, ако не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува нова студија објавена од „The Guardian“. Топлото, суво и ветровито време, кое ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе стане почесто во поголемиот дел од Европа поради зголемувањето на температурите предизвикани од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги реализираше во првите две години од своето владеење. „Ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и ...

Денеска (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријавила дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т. (51) од Штип, кој употребил и тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава. Утрово во 02:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишилр од слобода И.С.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Имено на 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе ...

Синоќа околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во рамки на градежните активности се ...

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и ...

Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите коишто ги води оваа Влада, рече денес премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет, но сепак остави можност да одговорат на предизвикот за предвремени избори ако опозицијата инсистира на тоа. „Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа ...

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се ...

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за ...

Во Македонија со години се плаќаат авиони, препарати, оператори и тендери за борба против комарците, но институциите упорно го прескокнуваат единственото нешто што би покажало дали тие милиони воопшто купиле нешто повеќе од прелет над градот – мерлив резултат, реагираат од Левица. Според оваа партија, само договорите за Скопје за 2020–2021 тежеле околу 1,1 милион евра, за 2022–2023 уште над еден милион, а годинашната зделка повторно се ...

СДСМ е подготвен за избори кога и да бидат распишани, со тим, програма и нов Мастер план за Македонија, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одогор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ потенцираше ...

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...

Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија. „Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските ...

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна институционална поддршка за ...

Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и ...

По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...

Речиси секој барем еднаш на интернет наишол на слика од жена со збунет израз на лицето опкружена со математички равенки. Мемето познато како „Math Lady“ се користи со години за да прикаже ситуации кои се збунувачки, комплицирани или бараат премногу размислување. Зад ова вирално лице стои бразилската актерка Рената Сора, а кадарот доаѓа од бразилската теленовела „Senhora do Destino“ од 2004 година, во која таа ја играше една од најпознатите ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87