Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Русија се соочува со продлабочен недостиг на гориво како директен резултат на нападите со беспилотни летала на Украина врз енергетската инфраструктура. Руските власти повторно одобрија употреба на гориво со низок квалитет за да се покрие недостигот, а во исто време ги апсат граѓаните кои јавно се жалат на ситуацијата, пишува „Euronews“. Бензинот вчера беше достапен само на 28 проценти од бензинските пумпи низ Русија, што е намалување од 41 ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. „Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од Соединетите Американски Држави ја заокружуваме музичката ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...
Манчестер Сити би можел да се вклучи во трката за фудбалерот на Рома, Ману Коне, откако Манчестер Јунајтед се откажа од трансферот поради цена од околу 60 милиони евра. Во текот на летото, Коне значително ја зголеми цената со одличните игри во Серија А, но и со настапите за Франција на Светското првенство, каде што беше едно од најголемите откритија. Интер и Манчестер Јунајтед покажаа интерес, но во меѓувреме се повлекоа поради високата ...
Португалија донесе закон со кој се забрануваат прекривките за лице на јавни места, со казни од 150 до 3.000 евра за прекршоци. Новите прописи, наречени „закон за бурка“ од локалните медиуми, забрануваат носење облека што го крие лицето или спречува идентификација, објавува „Euronews“. Законот, исто така, забранува принудување на другите да ги покријат своите лица врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за ...
Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема“, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека едно е да се биде гласен пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете ...
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап ...
Барселона, по неуспешниот обид да го реализира трансферот на Хулијан Алварез, наводно повторно го насочила вниманието кон Лаутаро Мартинез. Според информациите од Џерар Ромеро, каталонскиот клуб се обидува да направи нов потег кон капитенот на Интер, додека „ТНТ Спортс Аргентина“ тврди дека Барселона би можела да понуди дури 100 милиони евра. Наводно, Лаутаро „ја отворил вратата“ за можен трансфер, но реализацијата на зделката изгледа многу ...
Полицијата уапси возсч од беровско кој управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода. Вчера во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ истакна дека за трипати пократок период има 120 милиони евра поголем раст на БДП. „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција. „Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов ...
После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем, денес, тргнува во нова офанзива на пазарот. Целата на Тотенхем се двајца играчи на Манчестер Сити, напаѓачот Омар Мармуш (27) и левото крило Савињо (22). Еден од најдоверливите инсајдери, Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, известува дека Спарс силно притискаат да ги доведат двајцата и додава дека преговорите напредуваат добро. Мармуш се проби во Ајнтрахт пред да се приклучи на Сити во јануари 2025 година за 75 милиони ...
Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, со ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради, како што велат, натрупувањето на турски воени сили на таа локација. „Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални ...
Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот. Најголем број случаи е регистриран во источна Атика. Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките ...
Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен потпиша нов договор со Ред Бул, според кој ќе остане во тимот до крајот на 2030 година. Иако Холанѓанецот има договор со австрискиот тим до крајот на 2028 година, во последните месеци се шпекулираше за неговата иднина. Мерцедес не криеше дека би сакале да го ангажираат, ситуацијата ја следеше Мекларен, особено поради клаузулата во договорот според која тој би можел да го напушти тимот веќе на ...
Домашни диџеи ќе го отворат второто издание на електронскиот музички фестивал „Скопје се Лади“ кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во вистинска музичка оаза. Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday“ и „My Life Is Going On“(главната тема од серијата „Money Heist“) ќе донесе незаборавен ...
Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, ...
Лионел Меси го загуби својот татко и менаџер, Хорхе Меси, претходно овој месец, по што во еден момент беше блиску до одлуката да се откаже од играњето фудбал и да се пензионира на 39-годишна возраст. Првиот натпревар по враќањто во Мајами не беше под просекот за стандардите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Изминатата ноќ го постигна првиот гол по семејната трагедија. Во ремито со Филаделфија, во натпревар во МЛС лигата, ...
Преминувањето на границата со Македонија може да ве чини 300 евра, колапс на влезот на Србија, возачите чекаат со часови сето тоа поради ригорозниот систем во Северна Македонија. Вака пишуваат спрските медиуми откако вчера на преминот Табановце почна наплатата на казни за возачите со странски таблички за регистрирани прекршоци со камерите на „Безбеден град“. „Возачите не можат да ја напуштат територијата на Северна Македонија додека не ...
Ромелу Лукаку отворено зборуваше за турбулентниот период во Наполи и ја опиша 2025 година како најлошата во неговиот живот. Белгискиот напаѓач речиси и да не играше минатата сезона, откако доживеа сериозна повреда на бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос во август 2025 година. За време на неговото закрепнување следеа нови проблеми, како и несогласувања со клубот, бидејќи сакаше да се лекува во Белгија. Во исто време, ...
На 24 август (понеделник), во рамките на „BookStar 2026“, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер ...
Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...
Само неколку дена пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, шампионот Арсенал договори голем трансфер. Како што ексклузивно објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си, „топџиите“ ќе влезат посилни во новата сезона за англискиот репрезентативец Езри Конса. Од трансферот неговиот поранешен клуб Астон Вила ќе заработи над 51 милион фунти (околу 59,4 милиони евра), со дополнителни бонуси. Британскиот јавен сервис пишува дека 28-годишниот ...
Актерката Џесика Алба и нејзината ќерка Онор решија да ја одбележат својата блискост со идентични тетоважи. Тие ги направија тетоважите пред големата промена во животот на Онор – таа се сели на другата страна од САД оваа есен за да студира на Јеил, објави Hello!. Џесика (45) и Онор го посетија познатиот уметник за тетоважи од Лос Анџелес, Даниел Винтер, познат како Винтерстоун, кратко откако Онор го прослави својот 18-ти роденден во јуни. ...