Фудбалерот на Барселона Гави (22) ја отфрли можноста за преселба во Манчестер Јунајтед. „Гардијан“ потврдува дека шпанскиот репрезентативец нема намера да го прифати повикот од „Олд Трафорд“ и дека негов приоритет е да остане во Барселона. „АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, пишува дека Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра, сума што Барселона би ја побарала за играчот од средниот ред. Сепак, Гави не е заинтересиран за ...

Полицијата поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, со сторени повеќе кривични дела го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, соопшти МВР. СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, ...

Весна Јаневска повторно се обиде да се извлече од скандалот со студентскиот оброк така што наместо одговор понуди нова измислица. Министерката тврди дека оброкот бил покачуван, дека Владата на ДПМНЕ дури и однапред дала повеќе и дека критиките на Левица и студентите биле неоправдани, велат од Левица. Од партијата велат дека „реалноста е сурово едноставна – официјалните повици на МОН за 2024/2025 и 2025/2026 и понатаму стојат на 140 денари“. ...

Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа елиминација од Мастерсот во Синсинати. По овој неочекуван пораз на Сабаленка и „виси“ првото место на ВТА листата. Најдобрата тенисерка во светот беше елиминирана во осминафиналето од серијата ВТА 1000 во Синсинати од Сара Биелек. Чешката тенисерка, 35-та на планетата, ја победи Белорусинката со 2-0 во сетови, со резултат 7:6, 6:4. Натпреварот траеше еден час и 55 минути, а Бајлек ќе игра против ...

Пејтон Вотсон повеќе не е играч на Денвер Нагетс. Како што известува Шамс Чаранија, челниците на Денвер Нагетс, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс постигнаа договор и Пејтон Вотсон сега е нов член на Кавс. Пејтон ќе потпише четиригодишен договор со Кливленд вреден 88 милиони долари, последната година од договорот е опција која ја активира кошаркарот. Минатата сезона Вотсон бележеше 14,6 поени и пет скокови по натпревар. Денвер Нагетс ...

Емоционалната манипулација често е тешко да се препознае бидејќи ретко изгледа како манипулација. Обично се чини дека лицето само има лош ден, дека е ладно, дека му треба простор или дека е само брутално искрено. Додека таквото однесување не се препознае како шема, жртвата веројатно поминува месеци измислувајќи изговори за манипулаторот. Според студија на Американската психолошка асоцијација (APA), повеќе од една третина од возрасните ...

Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“, симбол на кризата со недвижностите што продолжува да ја оптоварува националната економија, на доживотен затвор, а групата и нејзината дивизија за недвижности ги казни со парична казна од речиси две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, јавајќи го бранот на една деценија брза урбанизација и зголемување на животниот стандард низ целата земја. ...

Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор, велат од СДСМ. „Го споредува врвот на светската инфлација од јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. ...

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника, велат од ВЛЕН. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички ...

Сандра Булок за прв пат јавно проговори за својот покоен партнер Брајан Рендал, кој почина во август 2023 година. Рендал имаше 57 години и почина од амиотрофична латерална склероза (АЛС), три години откако беше дијагностицирана. Американската актерка ја потврди трагичната вест во изјава во тоа време, но до сега не зборуваше подетално за загубата. Двојката, која беше во врска осум години, одлучи да ја чува неговата болест во тајност. Булок ...

Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во Обединетото Кралство на крајот од месецот, каде што ќе останат подолг временски период, а нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, ќе одат на училиште таму, објави „Пејџ сикс“. Извор потврди за „Пејџ сикс“ дека палатата е свесна за нивниот план и дека кралот Чарлс III бил информиран во неделата дека војводата и војвотката од Сасекс се враќаат во Велика Британија. Друг извор тврди дека Чарлс е ...

Хајден Панетиер почина на 36-годишна возраст, а во истрагата за нејзината смрт е вклучен и полициски истражител за наркотици, потврди нејзината мајка Лесли Вогел. Ѕвездата од сериите „Херои“ и „Нешвил“ беше пронајдена во несвест во неделата во нејзиниот дом во Гринвил, Јужна Каролина. Иако болничарите се обидоа да ја реанимираат, таа беше прогласена за мртва на местото на настанот. Вогел потврди дека повеќе агенции се вклучени во истрагата ...

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека Израел ја предупредил Турција за воените активности во Сирија пред да изврши воздушен напад врз базата што Анкара имала намера да ја преземе. Паралелно, извори на „Ројтерс“ известуваат дека шефот на Мосад разговарал за турското присуство со сирискиот министер за надворешни работи минатата недела, објавува The Times of Israel. Во интервју за подкаст, еден ден по израелскиот напад врз воена ...

Руски балистички ракети убија најмалку шест лица во Киев, а најмалку 23 други беа повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко рано денес на Телеграм, пренесува „Ројтерс“. „Пожар избувна откако Русија ги нападна горните катови од деветкатна зграда“, рече Кличко, додавајќи дека на друга локација, луѓето биле заробени откако Москва погодила станбени и нестанбени згради, магацини и детска болница. Сведок за „Ројтерс“ рекол дека слушнал ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со тешки економски последици за секоја земја што му помага на Иран и најави, како што тврди, најразрушителната економска операција што некогаш била започната против некоја земја. Вчера, Трамп дополнително го зголеми притисокот на Вашингтон врз Техеран по месеци тековен конфликт. „Објавувам дека секоја земја што им дозволува на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини агенции ...

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на ...

Најновото издание на Меѓународниот стрип-салон и традиционалната стрип-колонија, организирани од Стрип-центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започна во знак на историски успеси – голем бран пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип-салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе. За разлика од сродните дејности од поп-културата, како што се гејмингот, анимацијата, друштвените игри или музиката, кои често се ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Малага со 2:0 во првото коло од Ла Лига. Атлетико успешно ја започна новата сезона од шпанското првенство против Малага, која се врати во Ла Лига за прв пат од сезоната 2017/18. На „Метрополитано“, навивачите беа сведоци на два спектакуларни гола. Гостите долго време добро се држеа и им одолеваа на нападите на Атлетико, кои не беа многу ефикасни. Причината е и комбинираниот состав со кој Чоло ...

Високо рангиран руски воен генерал процени дека Израел ризикува да престане да постои како држава. Тој тврди дека Тел Авив намерно го ескалира конфликтот на Блискиот Исток за да ги вовлече САД и целиот НАТО сојуз во него, објавува државната новинска агенција ТАСС. Генерал-потполковник Апти Алаудинов, заменик-началник на Главната воено-политичка дирекција на руската армија и командант на специјалните сили Ахмат, изјави за ТАСС дека ...

Три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот во Студеничани, информира Центарот за управување со кризи. „Директорот на ЦУК, моментално се наоѓа на терен, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, во селата во Општина Студеничани, каде што се одвива интервенција за гаснење на пожарот кој го зафати овој предел. Во интервенцијата се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), додека екипите на терен ...

Од денес започна наплатата на казни за возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...

Два хороскопски знаци целосно ќе го променат животот оваа есен, откријте дали сте еден од нив. Есента би можела да донесе некои неочекувани сознанија, разговори и откривање на информации што долго време биле скриени. Ѕвездите издвојуваат два хороскопски знаци што би можеле да дојдат до вистината што ќе го промени нивниот поглед на одредена личност или ситуација. Скорпија – вистината излегува на површина Скорпиите се познати по тоа што тешко ...

Франција официјално го воведе правото на асистирана смрт за возрасни кои страдаат од неизлечиви болести. Законот стапи на сила откако беше потврден од највисокото уставно тело во земјата, а потоа објавен во службен весник. Франција со тоа се придружи на мал број земји кои ја легализираа оваа практика, вклучувајќи ги Холандија, Белгија, Швајцарија и Канада, пишува The Guardian. Законот, официјално наречен закон за крај на животот или помош ...

„Амазон“ планира да ја прошири својата мрежа за достава со дрон во САД повеќе од шест пати до крајот на годината. Компанијата сака да овозможи достава на полесни пакети во приградските области на речиси 500 американски градови и им ветува на клиентите дека нарачките би можеле да пристигнат за само 30 минути, пишува „Асошиејтед Прес“. Дроновите можат да транспортираат пакети со тежина до околу 2,3 килограми. „Амазон“ најавува проширување во ...

Франција регистрираше 1.243 смртни случаи за време на топлотниот бран, кој траеше од 3 до 22 јули. Податоците денеска ги објави тамошното Министерство за здравство врз основа на проценки од 5.000 општини, а ги објавија француските медиуми. Францускиот весник Ouest-France пишува дека ова е зголемување на вкупната смртност од сите причини за време на периодот на екстремна топлина. Зголемувањето беше сепак околу четири пати помало отколку за ...

На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Безбеден град“. View this post on Instagram A post shared by Grčka Info | Smeštaj u Grčkoj (@grckainfo.official) На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, ...

Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води, велат од СДСМ. „Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 години од Скопје. Ако прскањето од 7 мај било толку успешно, зошто токму Скопје е ...

Пожарникари од Скопје ќе помагаат во гаснење на пожарот во Мариово, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни. Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75