Кошаркарот на Атланта, Дајсон Дениелс, е прогласен за играч кој најмногу напредувал оваа сезона, објави НБА. Австралијанецот доби 332 поени во гласањето, второто место го освои Ивица Зубац од ЛА Клиперс со 186, а третото место Кејд Канингем од Детроит со 122. Даниелс имаше просек од 14,1 поени и шест скока, што е големо подобрување во однос на претходната сезона кога постигна 8,3 поени со четири скока. Тој исто така имаше просек од три ...

Двократниот австралиски шампион во двојки на Гренд слем турнирите, Макс Персел, прифати 18-месечна суспензија поради кршење на антидопинг правилата, соопшти во вторникот Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA). Персел призна дека ги прекршил правилата поврзани со употребата на „забранета метода“ откако несвесно примил интравенска инфузија на витамини над дозволената граница од 100 мл во период од 12 часа и доби привремена ...

Алкалоид е последниот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија, откако бранителот на трофејот во ова натпреварување рутински ја одработе задачата на турнирот на кој беше домаќин во својата сала Автокоманда. Откако во полуфиналето денеска на пладне славеа над Мулти Есенс, избраниците на Кире Лазаров вечерва рутински ја одработеа задачата и во финалето од својата група, славејќи над тимот на Пролет со убедливи 42-20. Пролет парираше ...

Екипите на Барселона и Интер го одиграа еден од најдобрите и највозбудливите натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите. Во првиот полуфинален дуел лидерот на Примера и шампионот на Италија ремизираа со по три постигнати гола, во натпревар со ревија од евроголови на двете страни. Средбата на „Монжуик“ започна со непосакуван удар за домаќините, затоа што Интер поведе уште при првиот напад. Се играше триесеттата секунда, кога Дамфрис ...

Според најновите податоци, бројот на жртви од терористичкиот напад на фестивалот на филипинската заедница во Ванкувер се искачи на 11, а 20 лица се повредени – потврди вршителот на должноста началник на полицијата и локалниот шеф на полицијата, Стив Реј. Полицијата соопшти дека 36-годишен маж од Ванкувер е уапсен на местото на настанот, дека Одделот за сериозни кривични дела ја надгледува истрагата и дека полицијата е уверена дека овој напад ...

Вирџинија Џуфре, која го обвини американскиот богаташ Џефри Епштајн и британскиот принц Ендру (брат на кралот Чарлс Трети) за сексуална злоупотреба, извршила самоубиство во својот дом во Австралија, соопшти нејзиното семејство. „Ние сме уништени што можеме да објавиме дека Вирџинија почина синоќа на нејзината фарма во Западна Австралија. Таа изврши самоубиство откако беше жртва на сексуална злоупотреба и трговија со луѓе цел живот“, се вели ...

Храна и пијалаци со пријателите, прошетка со најблиските, насмеани и добро расположени. Бројни граѓани го искористија 1 мај неработен ден, да го поминат низ скопските паркови или излетнички места. Во паркот во Гази Баба, и деца и помлади, но и постари, кои решија празникот да го прослават на овој начин. Некои од сограѓаните на протест, а некои ја задржаа долгогодишната традиција да го поминат празникот со скара, храна и пријатели. Што за нив ...

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит е запленет, а против едно лице е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Имено, лицето во вечерните часови пред полноќ, на влезот на граничниот премин се пријавило со туѓ автомобил за кој имало одобрение за управување. Поради ...

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во Европа. Иџе во првото возење беше четврти, во втората трка направи второ најдобро време на патеката, а овој резултат му обезбеди трето место во генералниот пласман. „Трето место во генерален пласман од сите ...

Францускиот шампион ПСЖ со минимална победа од 0:1 заминува од Лондон по првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Единствениот гол од 4. минута на мечот кој го постигна Усман Дембеле, практично го реши овој меч, по кој ПСЖ покажа дека во моментов играчки, па од вечерва и резултатски, е многу поблизу до големото финале во Минхен. Французите во поголемиот дел од натпреварот беа подобар тим на теренот, а во завршницата од ...

Грозоморна сцена по атентатот врз генералот на Путин, заменик-началник на оперативниот оддел на Генералштабот, кој утрово беше убиен во експлозија во близина на Москва. Безбедносните камери го забележаа моментот на атентатот врз генерал-потполковник Јарослав Москалик, кој беше разнесен во експлозија во Балашиха во близина на Москва кога непознато лице активирало експлозив поставен во „голф“ паркиран во близина на неговата зграда. Од утрово на ...

По освоената титула во ракометниот Куп минатата година, Алкалоид како клуб ќе се бори и за својата прва титула во Европа, откако избраниците на Кирил Лазаров го преживеаја тешкото гостување во Норвешка и преку пенал драма се изборија за финале во Европскиот Куп на ЕХФ. По победата од 42:37 во Скопје, сите во таборот на Алкалоид беа свесни дека ќе ги чека пеколно тешка задача во Сандефјорд, а иако очекувањата се исполнија, трилерот заврши со ...

Мотокрос сензацијата Џоел Еванс трагично го загуби животот на 30-годишна возраст по ужасна несреќа. Еванс доживеа сериозен пад за време на трката на шампионатот ProMX во Аделаида, Австралија. Итните служби брзо го однесоа во болница, но полицијата на Јужна Австралија потврди дека Еванс им подлегнал на повредите здобиени за време на трката, објави 7News. „Вчера ја загубивме најневеројатната личност на овој свет“, соопшти семејството на Еванс. ...

Англиската Премиер лига подолго време важи за најсилното фудбалско првенство во светот и вистински подвиг е еден тренер да стигне до титулата уште во својата дебитантска сезона и нема многу стратези кои можат да се пофалат со такво достигнување. Такво нешто сега му суепа на Холанѓанецот, Арне Слот кој сезонава пристигна на „Енфилд“ од Феенорд и испиша историја со тоа што веднаш донесе титула. Слот ја водеше екипата до доминантно освојување на ...

Излезе од печат Монографското дело кое е посветена на бизнисменот Благој Механџиски – Зегин. По повеќегодишни подготовки, промени, дополни и чекања, како и издавачки и библиотекарски регулирања, Монографијата го виде македонското Сонце. Ова дело беше посветено на 30-годишниот јубилеј на веледрогеријата „ЗЕГИН“, на 45. годишнината посветеност на бизнисот и 75. годишниот живот и дело на Благој Механџиски. Монографијата чиј автор е Славе Катин е ...

Корупцијата е состојба на мозокот која може да продри длабоко во секоја пора на системот, да го разложи на ситни парчиња, да го доведе до степен на конформизам и да наруши едно цело етичко и морално функционирање сметаат дел од експертите. Последните случувања врзани со Антикорупциската комисија ја извади на повидок дискусијата во јавноста дали и зошто треба да се има доверба во институција која наместо борба продуцира корупција. Од Влада за ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на денешното интервју на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое тој зборуваше со гордост за поранешниот премиер Зоран Заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче покажал „безрезервна лојалност“ кон Заев, кого го нарече пример од кого треба да се учи. Од партијата обвинуваат дека Филипче го велича човекот кој, според нив, извршил најголемо предавство на националните интереси. „За какво искуство и учење зборува ...

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид сезонава откако каталонскиот гигант предводен од Ханси Флик и третпат во низа го зема скалпот на големиот ривал. По првото „Ел Класико“ во Ла Лига и трофејот во Суперкупот на Шпанија, каталонците вечерва славеа и во големото финале на Копа дел реј, по продолженија со 3-2, за нова деномнстрација на надмоќта во однос на „кралевите“. За разлика од претходните дуели овојпат финале одиграно ...

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига откако ниту еден од тимовите кои атакуваат на влез во елитното друштво не успеа да стигне до цел плен. Дербито на колото се играше во Штип, каде Брегалница ремизираше со лидерот Македонија ЃП (0-0), дуел во кој и двата тима имаа свои шанси за гол, па се чини и најреално беше на крајот да заврши со поделба на пленот. Ова не го искористија фудбалерите на Башкими, кои загубија со ...

Фудбалерите на Ливерпул убедливо славеа во дерби дуелот од 34. коло на Премиер лигата против Тотенхем со 5-1 (3-1) и на четири рунди пред крајот математички го обезбедија трофејот. Дваесеттата титула во историјата на клубот доаѓа по пет сезони пауза, а првпат по 35 години навивачите на „Енфилд Роуд“ и по улиците на Ливерпул ќе имаат масивна прослава. Причината е тоа што во 2020 година се играше пред празни трибини. Резултатот во Ливерпул го ...

Противпожарно возило од марката „ивеко“ и опрема за лична заштита и спасување доби Доброволното противпожарно друштво од Кочани, донација од Амбасадата на Германија. Донацијата е во рамки на воспоставената соработка и е поддршка за општина Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Возилото е набавено со средства од Амбасадата, а располага со хидраулична опрема, пумпи за вода, клешти за извлекување лица во сообраќајки и може да превезува ...

Над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра) се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти иницијативата „Support Kocani“. Во организација на оваа иницијатива, акуцијата се одржа во кочанскиот културен центар „Бели мугри“, а сите средства ќе бидат донирани на семејствата на 62-те жртви и околу 200 повредени во пожарот на 16 март. На вчерашната аукција се ...

Директорите на Реал Мадрид не одлучија официјално да поднесат жалба за одбиената промена на судиите за утрешното финале на Купот на Шпанија, но огорченоста расте. „Марка“ пишува дека во Реал Мадрид ја следеле реакцијата на навивачите, гледајќи како малку по малку расте огорченоста, до тој степен што реши да поднесе формална жалба до Федерацијата и да сугерира дека судијата од ВАР собата мора да биде променет. Откако федерацијата ја одби ...

Стручниот штаб и тренерот на македонската машката ракометна младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавуваат поширокиот список на ракометари за претстојното Светско првенство во Полска за играчи до 21 година. Овој Мундијал ќе се организира во периодот од 18 до 29 јуни 2025 година. Македонија на СП е во групата Ф заедно со репрезентациите на Исланд, Романија и Фарски Острови, а натпреварите ќе се играат во Сподек, Катовице. Во рамки ...

Дојде крајот на една ера. Џејми Варди на лето ќе го напушти Лестер. Напаѓачот се реши на овој чекор по 13 години минати во дресот на „лисиците“. Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Лестер веќе испадна од Премиерлигата. На пет кола пред крајот веќе немаат ниту теоретски шанси да останат во најсилниот ранг на натпреварувањето. Варди со години е симбол на Лестер. Со овој клуб го оствари можеби најголемото изненадување во ...

Ракометарите на Вардар направија значаен исчекор кон враќање на шампионската титула во Скопје, откако синоќа, на исклучително драматично гостување, го совладаа актуелниот првак Пелистер со 35-34. Одлучувачкиот погодок го постигна Дмитро Хориха во последните мигови од натпреварот, со вистинска „бомба“ од десет метри, оставајќи го немоќен голманот Никола Митревски и носејќи еуфорија кај вардаровите ракометари и верните Комити во салата „Боро ...

31-годишен маж кој беше повреден во огнената размена им подлегна на повредите во Ургентиот центар. „Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, информираа од МВР. Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на раскрсница на улицата Војдан Чернодрински. Дел од куршумите завршиле и во околните објекти. Од МВР соопштија дека станува збор за престрелка меѓу две групи од по пет до ...

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека не е загрижен од амандманите кои грчките и бугарските европратеници минатата недела ги поднесоа на извештајот за напредокот на Македонија. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека не е загрижен од амандманите кои грчките и бугарските европратеници минатата недела ги поднесоа на извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот за земјава Томас Вајц. ...

Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо ...

Девет лица одат во 30 дневен притвор, 5 во куќен, а на девет судот им одреди мерки за претпазливост за злоупотребите со издавањето на инвалидски пензии и помош за туѓа нега. Како што соопштија од Кривичниот суд, еден од осомничените и натаму не е достапен за органите на спровод. Осомничените се товарат за повеќе кривични дела. „На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена, на 5 лица им определи мерка куќен притвор, додека на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
73%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
86%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
6.17
67%
1031
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
2.98
88%
1035
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.24
94%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
8.23
77%
1022
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -9ᴼ
1.54
89%
1035
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
94%
1029
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
5.14
70%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0647

Currency

70.9755

Currency

35.4631

Currency

38.1088

Currency

66.1009

Currency

7.61455

Currency

0.68229

Currency

0.33542

Currency

0.52456

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Бакар

11.73

Злато

147342.27

Платина

73104.70

Рутениум

45750.51

Сребро

2872.23

Цинк

3.29

Кобалт

62.83

Родиум

324722.54

Калај

54.43

Иридиум

198077.91

Алуминиум

3.16

Паладиум

57131.88