Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години постигна значајна победа, совладувајќи ја Грција со 3:2 во сетови (16:25; 21:25; 34:32; 25:15; 15:13). Овој натпревар беше дел од Балканскиот шампионат во одбојка, каде што се разигруваше за позициите од 5-8 место. Клучен момент во победата беше третиот сет, кој нашите одбојкари го добија по жестока борба, играјќи 66 поени. Тоа беше моментот кој ја најави промената во текот на ...

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарко-кичевската епархија. На денешната Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски г.г. Стефан, тој беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на епархијата. Тој пред членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА и присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид се завети дека ќе работи согласно каноните на црквата и оти ќе извршува ...

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година во Прилеп, а кој полицијата го води како кривично-правен настан „убиство и самоубиство“. Според официјалните информации од СВР Битола – ОВР Прилеп, сè започнало кога 62-годишниот П.Ѓ. од Прилеп телефонски го поканил својот внук од сестра П.Ч. (43) да дојде во неговиот дом, но со јасна инсистенција да го поведе и својот малолетен ...

На 12 јуни, кога Православната Црква го празнуваше споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во манастирот “Свети Климент Охридски и Свети Великомаченик Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, беше извршен чинот Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски – архимандритот Георгиј. На Наречението чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со ...

Државниот завод за статистика соопшти дека во текот на мај годинава биле доделени 469 дозволи за градба, што претставува зголемување од 80,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Најголем број одобренија за градење, односно 146, се издадени во Полошкиот Регион. По него следуваат Скопскиот со 86, Вардарскиот со 84, Југоисточниот со 67 и Југозападниот со 32 одобренија. Во Пелагонискиот регион се издадени 26, а во Источниот 22 ...

Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост запленети 180 илјади парчиња стока. Ова се само дел ...

После 11 години откако почна да се гради автопатот Кичево-Охрид, денеска висока државна делегација на патот кај Дебарца, промовираше дека се завршени 20 километри на потегот од Врбјани до Ботун од автопатот, кој е со вкупна должина од 57 километри. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека до крајот на 2026 ќе биде готов и целиот автопат. Автопатот почна да се гради во 2014, во време на ВМРО-ДПМНЕ кога ...

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе играат во финалето на не официјалното светско тениско првенство Вимблдон. Светскиот рекет број 1, Јаник Синер премногу лесно лесно во три сета го совлада Новак Ѓоковиќ. Во мечот што траеше само 1 час и 55 минути Италијанецот го доби трите сета. Првите два Синер ги доби со идентични 6:3, а во третиот Новак освои само еден гем повеќе (6-4). Во своето прво финале во Лондон, Синер ќе го предизвика бранителот на ...

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска во натпреварот за пласман од 17. до 21. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“ ја совлада Австрија со 78-70 и со тоа дојде до првиот триумф на турнирот во Литванија. Во израмнет натпревар, избраничките на селекторот Виктор Петровски до победата дојдоа со одлично одиграна последна четвртина во која направија разлика од десет поени (21-11) што беше доволно за прва радост. ...

„Има одредени сомневања, во детали не би сакал да зборувам“. Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинарите, дали осомничен за намерно предизвикување пожари низ Скопје е функционер од ДУИ. Тој рече дека се водат истраги, се вештачат телефони. „Имаме одредени информации и основани сомневања, дека за она што се случи пред неколку дена во Скопје е организирана акција. Имаме приведени, одземени телефони. Доколку се ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против две лица во врска со вчерашниот инцидент во скопски Чаир, кога вербално и физички беше нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Изнесувајќи детали за настанот, од Обвинителството велат дека првоосомничениот се заканувал и физички ја нападнал Арсовска додека таа и вработените во службите на Градот по претходна пријава биле на вонреден надзор на дивоизграден ...

Вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говоревме со месеци. Ова е длабоко криминализирана и авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот и заплаши оние кои сакаат да го откријат. Со доаѓањето на ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта. ...

Жителите на делчевската населба Први Реон на видео снимка забележале лице како подметнува пожар, а потоа со забрзани чекори го напушта местото. Настанот се случил во доцните вечерни часови на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина на критичниот потег, веќе е предадено на надлежните служби. Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал сомнителен чад, а потоа со преглед на снимките се ...

Ситуацијата со пожарите на отворен простор низ земјата и денеска останува активна. Според податоците на Центарот за управување со кризи до 12:15 часот на 13 јули, регистрирани се вкупно 14 пожари, од кои четири се сè уште активни, додека останатите се ставени под контрола, локализирани или изгаснати. Активни пожари се бележат во четири општини. Пожарот во селото Николич, во општина Дојран, сè уште не е изгаснат и зафаќа нискостеблеста шума. ...

Поплавите во Тексас во текот на викендот одзедоа повеќе од 100 животи, вклучувајќи и неколку деца од кампови. Разорни поплави погодија делови од Тексас за време на прославите на Денот на независноста, при што загинаа најмалку 109 лица, а бројот на исчезнати расте. Кампот Мистик, христијански летен камп покрај реката Гвадалупе, беше најтешко погоден, при што загинаа најмалку 27 лица, вклучувајќи деца и директор на кампот. Гувернерот на Тексас, ...

Аманда Анисимова и Ига Швјонтек ќе водат битка за титулата на најпрестижниот турнир во светот на тенисот „Вимблдон“. Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви во кои Анисимова ја изненади најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка. Американката го доби соочувањето кое траеше повеќе од два ипол часа со со 2-1 во сетови со 6-4, 4-6 и 6-4 и на тој начин се избори за прво гренд слем финале во кариерата. Швјонтек пак ја разби Белинда Бенчиќ ...

Екипата на Вардар е единствениот македонски претставник кој во Европа тргна со победа. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога и славеа високо со Ла Фиорита од Сан Марино (3-0), па со едната нога се во следната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Иако се мачеа едно полувреме, во вториот дел избраниците на Гоце Седлоски го скршија отпорот на дефанзивниот ривал и се обезбеди солидна залиха пред гостувањето во Сан Марино следната седмица ...

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите, повторно ја направивме достапна електронската апликација за закажување термин за лична карта, пасош, возачка дозвола,“ објави министерот Стефан Андоновски на Фејсбук. Тој додава дека со оваа ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје во Украина, по објавата минатата недела дека Вашингтон ќе ги запре некои испораки на критично оружје за Киев. За време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека „не е задоволен“ од рускиот претседател Владимир Путин и дека Украина „е многу силно погодена“. Трамп, исто така, посочи дека САД ќе испратат првенствено „одбранбено оружје“ за да ...

Три малолетни лица странски државјани се фатени од полицијата во доцните вечерни часови кај месноста Ајватовски рид, во близина на скопската населба Илинден, со сомнителни предмети кои можат да се поврзат со подметнување пожар. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полицајци од ЕВР Гази Баба околу 23:40 часот запреле тричлена група и извршиле преглед. Во ранецот на едно од лицата биле пронајдени две шишиња бензин (по 1,5 ...

До утрово, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени под контрола, а преостанатите 27 се целосно изгаснати. Активни пожари се бележат на повеќе локации низ државата, вклучувајќи го подрачјето меѓу селата Блаце и Горњани во општина Чучер Сандево, каде гори шумска површина. Во општина Прилеп, во месноста Бешишки Рид кај селото Бешиште, пожарот зафатил приземен дел од мешана шума. ...

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија остро ја осуди вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која тој, реагирајќи на епитетот „северномакедонски премиер“, кој му го даде шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, рече дека му дале задача да се задева исто како глушецот со лавот. „Па, не би го коментирал тоа момче. Апелирам и до вас медиумите, оставете го тоа момче таму. Тоа е влада којашто во заднина друг ја ...

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите во Уставот туку за идентитетот и македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Лагите на Заев дека ”само уште името да го смениме и ќе влеземе во ЕУ” како и уверувањата на Османи и Ковачевски дека ”само уште Бугарите да ги внесеме во Устав и ќе влеземе во ЕУ” потонаа во вода, се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор од кои три се активни, пет се под контрола, а изгасени се 30 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во својот утрински извештај. Активни се пожарите кај дојранското село Николиќ каде што гори нискостеблеста шума, кај селото Џидимирци во Велешко, каде што е зафатена мешана шума и помеѓу селата Црешнево, Крапа и ...

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот меч на „двата полови“ во далечната 1973-та година, но пет децении подоцна, Ник Кирјос е подготвен за слична пресметка против најдобрата светска тенисерка. Австралискиот тенисер долго е надвор од терените поради повредите кои го оневозможуваат да игра на највисоко ниво, но за крајот на годинава е решен да приреди тениски спектакл, и тоа против Арина Сабаленка. Иако се уште нема точни детали за ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото коло на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург. Таа ја совлада Германката Јоси Димс со 2:0 во сетови (6:3; 7:6(5)) за 100 минути игра. Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6:3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до 6:6 во гемови. Во тај брејкот Ѓорческа поведе со 4:1 на поени, ...

Ставена па тргната од дневен ред точката за интерпелација на претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски откако пратеникот на ЗНАМ Бобан Карапеовски побара при утврувањето на дневниот ред на денешната седница точката да се тргне со образложение дека Уставниот суд е највисок орган а неговиот претседател не одговара за своето работење пред собранието . Иницијаторите на интерпелацијата Европски фронт пак реагираа дека седницата требало да ...

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека ...

Вчера, на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугарите во Уставот и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина, истакна на прес-конференција Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и македонски идентитет од извештајот за напредокот на Македонија покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во ...

Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
74%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
2.57
84%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
70%
1030
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
4.18
87%
1035
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.45
92%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
74%
1022
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
0.0
83%
1034
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
97%
1028
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
87%
1029
Currency

61.5417

Currency

53.0304

Currency

70.9621

Currency

35.5532

Currency

38.1694

Currency

65.9916

Currency

7.61231

Currency

0.67784

Currency

0.33463

Currency

0.52465

Currency

1.22528

Currency

0.58472

Паладиум

57131.88

Платина

73104.70

Калај

54.43

Кобалт

62.83

Бакар

11.73

Цинк

3.29

Сребро

2872.23

Алуминиум

3.16

Иридиум

198077.91

Родиум

324722.54

Злато

147342.27

Рутениум

45750.51