Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Унгарската влада го повика генералниот секретар Марк Руте да „престане да поттикнува воени тензии“, изјави денес министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој во објава на Фејсбук рече дека последните изјави на Руте се „јасен знак дека сите во Брисел се спротивставуваат на мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп“, објави MTI. „Ако некој сè уште се сомневаше дали сите во Брисел навистина полуделе, конечно можеше да се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од ...
„Кога ќе ја потрошам нафтата што се наоѓа во резервоарот, ќе морам да го паркирам автобусот и нема да возам… навистина немам пари да купам гориво“, вели за „Локално“ сопственик на приватен автобус. Неговата изјава звучи драматично, но всушност е кратко и прецизно резиме на состојбата со јавниот превоз во Скопје во 2024 и 2025 година: систем во кој едните немаат гориво, другите немаат исплатени фактури, а граѓаните немаат сигурен превоз. ...
Министерството за внатрешни работи во одговор на медиумите за тоа како оди со тестирањето на системот за контрола на сообраќајот, вели дека нема да се стаса до крајот на годинава па „Безбеден град“ или „Сејф сити“, најверојатно ќе стартува од вториот месец на 2026 година, а не од 1-ви јануари, како што беше првично најавено. За време на тестирањето, на повеќе локации беа забележани камери кои не реагираат на помали надминувања на дозволената ...
„ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој“, наведува СДСМ преку соопштение. Од партијата велат дека „планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“. -И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вчера истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста во неговите редови. „Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа ...
Од Буџетот за наредната година за НАТО ќе бидат издвоени дури 5 отсто. Ова рекордно издвојување на 325 милиони евра е резултат на одлуката која ја донесеоа лидерите на Алијансата дека сите земји членки ќе инвестираат 5 отсто од бруто домашниот производи до 2035 година за да ги исполнат „индивидуалните и колективните обврски“, според финалната декларација од самитот во Хаг. Друга висока ставка во Буџетот се вкупните расходи на ПИОМ, кои за ...
Во понеделник запираат исплатите од државата, Министерството за финансии го затвора трезрот. Оваа информација која веќе е потвредена од синдикатите и од дел од пратениците, е проследена и со бројни реакции во јавноста дека веќе се доцни со исплата на плати во дел од јавниот сектор и со исплата на социјална и државна помош по различни основи. „Секогаш на почеток од месецот добивав надоместок за мобилност, 6 000 денари, но овој месец доцни а ...
„Имаме странски медиуми кои ова го зборуваат, а втората работа е што тие кажуваат, дека тоа ќе бидат лица коишто се одбиени од постапка за азил“, вели пратеникот на Левица, Сашко Јанчев за ситуацијата со евентуалниот трансфер на мигранти од Велика Британија. Пратеникот истакна дека „него како работа како опозициски пратеник по опис на работа му е да не му верува на премиерот и да проверува“. Вели дека има работено како правник за азил околу ...
Од забавниот парк „Зимзоленд“ синоќа соопштија дека не се точни тврдењата во дел од медиумите дека ќе бидат затворени. Оттаму велат дека „Зимзоленд“ продолжува да работи со редовно работно време – работни денови од 12:00 часот и викенди од 10:00 часот. -Точно е дека во претходните денови имаше инспекциски надзори, но до надлежните служби беше доставена целосната и потребна документација, посочуваат од забавниот парк. View this post on ...
Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а европскиот одговор на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Одговорот во такво сценарио ќе биде суров“. Рускиот претседател (Владимир Путин) детално зборуваше за ова за време на прес-конференцијата на 27 ноември оваа година по неговата државна посета на Киргистан и учеството ...
Украина доби нацрт-безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави и сега ќе го обработи и ќе ги додаде своите предлози, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ќе разговараме за ефикасни безбедносни гаранции и ќе работиме на нив. Исто како што направивме со 20-те точки и економските предлози, ќе работиме и со безбедносните гаранции од Соединетите Американски Држави, додавајќи ги нашите идеи, реформирајќи го овој ...
Европската унија и Киев изготвија акционен план за да ја постават Украина на патот кон членство во ЕУ, и покрај тоа што официјалните разговори беа блокирани од унгарскиот премиер Виктор Орбан, претставувајќи го овој потег како неопходен за да му се обезбедат на Киев идни безбедносни гаранции. „Го гледаме членството на Украина во ЕУ како политички дел од европската безбедносна гаранција за Украина“, изјави денес комесарката за проширување на ...
Претседателот на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за истовремено приклучување на целиот Западен Балкан кон Европската Унија е добра и важна за Србија, бидејќи добро поврзан регион е во интерес на земјата. „Силен, стабилен, предвидлив, добро поврзан регион е во витален интерес на Србија. Заедничкото членство во ЕУ сигурно би придонело за ова на одличен начин, па дури ...
Општина Аеродром ќе го отстранува „Зимзоленд“ откако речиси две недели функционира без дозвола и потребна документација. – Вчера во попладневните часови е извршен заеднички вонреден инспекциски надзор над работењето на организираната манифестација „Зимзоленд“. Во надзорот учествуваа Градежна инспекција на Општина Аеродром, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување. Градежен инспектор на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека службите, по пријави од граѓани, постапиле на „Зимзоленд“. „Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот ...
Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, најостро го осудува вчерашното хулиганско упаѓање во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емисија во живо од страна на хулиган-симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. „Со овој флагрантен чин, практично се поместува границата на кршење на демократрските права на граѓаните, а тоа е да слушнат поинакво мислење од секојденвните самофалечки вести на власта преку дузината свои медиумски мегафони. На ваков начин, Христијан ...
Иако пазарот очигледно ги фаворизира сеприсутните SUV модели, Citroen одлучи да ги измеша работите и да понуди нешто поинакво! Ова е концептот ELO, миниван со кој францускиот бренд сака да ја врати неодамна многу популарната форма на каросерија. И покрај фактот дека креаторите на брендот Stellantis сакаа да понудат исклучително разновидна студија и XXL просторна понуда, должината е компактна и изнесува 4,10 метри. Слаткиот ELO има практично ...
Инвеститорите ги поздравија извештаите дека SpaceX размислува за потенцијална иницијална јавна понуда (IPO,) што би помогнало во финансирањето на амбициите на Елон Маск поврзани со Марс и би ја проценило компанијата на повеќе од 1 трилион долари. Многу инвеститори чекаат со години да купат акции во компанијата. Според извори, SpaceX планира да собере повеќе од 25 милијарди долари преку иницијална јавна понуда, што би можело да се случи веќе ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо. Тој ја обил надворешната врата во дворот, ...
Откако САД неодамна ја објавија својата Стратегија за национална безбедност (СНБ), новинскиот портал „Дифенс Уан“ дојде во посед на необјавена, целосна верзија која содржи неколку точки од важност за Европската Унија. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака Европа да биде „повторно голема“, а во исто време да ја одвикне од американската воена помош. Со оглед на тоа што се заснова на претпоставката дека Европа се ...
Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од синдикатот велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат. Сè уште не ја земале ноемвриската плата, а осум месеци наназад чекаат и на исплата на додатоците на плата. Незадоволството е велат поголемо бидејќи според Трпе Деаноски од УПОЗ над 1.400 вработени најверојатно нема да земат ниту додатоци на плати и надоместоци. Според него, за регрес за годишен одмор се уште се чекаат ...
Кога лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Украина се собраа во Лондон оваа недела за да ги координираат своите ставови за брзиот мировен договор со САД, Полска не беше на списокот на гости. Ова беше втор пат за два месеци Полска да биде игнорирана, откако Варшава, исто така, пропушти покана за клучниот мировен самит во Женева на 23 ноември. Исклучувањето на Полска од овие разговори е болен удар за земјата што зазеде една од ...
Приходите на Русија од нафта и гас нагло се намалија во 2024 година, бидејќи руската нафта се натрупува на море и се потешко наоѓа купувачи, што врши дополнителен притисок врз цените и способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Според руското Министерство за финансии, како што објави новинската агенција ТАСС во кратко соопштение, приходите на федералниот буџет од секторот за нафта и гас изнесуваа 8,03 трилиони рубљи (околу ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција соопшти дека екс-министерот за внатрешни работи и актуелен пратеник, Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари. Партијата прашува што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај? -Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго? ...
Премиерот Виктор Орбан истражува начини да ја задржи контролата врз Унгарија без оглед на исходот од изборите закажани за април, каде што неговата партија Фидес би можела да изгуби по повеќе од 15 години на власт. Со оглед на тоа што некои анкети покажуваат дека опозицијата е во двоцифрена предност, Орбан размислува да ја преземе претседателската функција и да ги промени законите за да ја направи најмоќната функција во земјата, според лице ...
Деведесетминутната средба меѓу италијанскиот премиер Џорџија Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим беше обележана со многу понапната атмосфера отколку што сугерираат официјалните соопштенија. Според италијанските медиуми, двете страни јасно искажале голем број барања и забелешки, објавува „Кориере дела сера“. На разговорот му претходеле консултации меѓу Мелони и министрите за одбрана и надворешни работи, Гвидо Кросето и ...
Сретен Јоциќ, познат како Јоца Амстердам, поранешна централна фигура во криминалниот свет во Србија, беше условно ослободен со одлука на Апелациониот суд во Белград, објави српскиот весник „Данас“. Судот ја уважи жалбата на одбраната и ја промени првостепената одлука донесена претходно оваа година, наредувајќи Јоциќ веднаш да биде ослободен. Пробниот период за условниот отпуст е до 28 февруари 2026 година. Во својата одлука, Апелациониот суд ...
Пред гласањето за недоверба денес, владата поднесува оставка. Ова го објави премиерот Росен Жељазков на маргините на Народното собрание. Нашата коалиција се собра, разговараше за актуелниот момент, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што мора одговорно да ги донесеме, рече Жељазков. „Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Сепак, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат ...
Не може да има национализација на компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС) без заедничка согласност, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на амбасадорската тркалезна маса за решавање на конфликтот во Украина, објави ТАСС. „Постои меѓувладин договор меѓу Руската Федерација и Србија, во кој се наведува дека не може да има национализација без заедничка согласност“, рече Лавров. Тој не ја исклучи можноста дека може да ...