Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Новата стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, јасно покажува поместување на фокусот од глобалниот ангажман кон строго дефинираните американски интереси, при што Западниот Балкан се споменува само маргинално, објави ДВ. Претседателката на Атлантскиот совет на Босна и Херцеговина, професорката Дијана Гупта, истакнува дека документот недвосмислено ја испраќа пораката дека „Америка мора да ...
Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром денеска достави барање за дополнување на дневниот ред на 3-та седница на Советот закажана за утре, 12.12.2025 година, со следната точка: Предлог- Заклучок за можното згрижување на одбиените баратели на азил од Велика Британија во Република Северна Македонија, т.е. во Општина Аеродром. Советниците порачаа дека се загрижени од информациите и прашањата што ни ги упатуваат ...
Украина остро ги отфрли тврдењата на францускиот весник „Ле Монд“ дека Киев наводно е „подготвен“ да се согласи на воспоставување демилитаризирана зона во Донбас како дел од преговорите со САД и Русија. Според францускиот весник, ова би било клучна отстапка како дел од ревидираниот мировен план на САД, кој претседателот Володимир Зеленски му го достави на американскиот претседател Доналд Трамп и кој наводно веќе е поддржан од европските ...
Потенцијалот за уште пониски цени на електричните автомобили во 2026 година е ветувачки благодарение на постојано опаѓачките цени на литиум-јонските батерии, кои достигнаа рекордно ниско ниво во 2025 година. Цените на батериите на електричните автомобили сериозно паѓаат оваа година. Според новата анализа на BloombergNEF, која ги следи глобалните пазари на суровини, просечната цена на литиум-јонските батерии паднала за 8 проценти од 2024 ...
Иницијативата на „Зелен Хуман Град“ за забрана на огномет на територијата на градот Скопје е отфрлена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со образложение дека Советот бил „ненадлежен“, аргумент кој организацијата го оценува како уште едно во низата институционални избегнувања на одговорност. -На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли Иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за забрана на огномет на ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги повика граѓаните да се обединат утре, 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe, за, како што вели, „да побараат правда и да ги отфрлат измислените обвинувања од Србија и Русија“. „Утре се обединуваме за јасна цел. Стоиме одговорно, да ја почитуваме жртвата и да ја браниме вистината за нашата историја“, пишува Ахмети. Тој нагласува дека „Слободата има име, ОВК“, додавајќи дека ова име ...
Кинескиот онлајн трговец на мало, „Тему“ е под лупа на Европската комисија веќе некое време поради обвинувања за недостаток на напори за спречување на продажба на нелегални производи преку неговата услуга. Минатата недела, европските регулатори, исто така, направија ненајавена посета на неговото европско седиште во Даблин. Овој пат поради странски субвенции. „Можеме да потврдиме дека Комисијата изврши ненајавена инспекција на просториите на ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е многу важно сите институции навремено да ги достават налозите до државниот трезор, за да може трезорот навремено да ги исплати. Вели дека ако налозите се доставуваат на 25-ти или 28-ми декември, повторно Владата ќе биде виновна зошто не е платено. Вели дека ќе има толеранција. -Ова беше кажано за да можат институциите одговорно да се однесуваат и за да се изврши плаќањето до доверителите, она што ...
Мал авион се урнал во Мавровското Езеро, соопшти Центарот за управување со кризи. Засега нема многу детали освен дека во авионот авионот имало две лица, од кои едното е повредено. -Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција, велат од ЦУК. Прочитајте повеќе: Повеќе информации се очекуваат во ...
Со спуштена глава и тивок глас, германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди дека Украина е „подготвена“ да прифати територијални отстапки. Како што дознава „Ле Монд“, Киев се согласил на клучна точка во преговорите со САД и Русија – воспоставување демилитаризирана зона во Донбас. Оваа отстапка доби поддршка од европските лидери кои сакаат да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Ова е елемент од ревидираниот мировен план на САД што ...
Ден пред протестот закажан за 13 декември во Скопјe, Организацијата на воени ветерани на ОВК ги интензивираше подготовките во Косово и регионот, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на собирот за поддршка на поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. Претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, за приштински „Фронтонлајн“ изјавил дека интересот за протестот во Скопјe е исклучително голем, особено кај ...
Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека тој во временскиот период од 01.01.2020 година до 31.12.2021 година, во својство на службено лице – самостоен референт – главен ...
Марк Закерберг со месеци најавува дека се оддалечува од вештачката интелигенција со отворен код, но најновата насока на Meta во вештачката интелигенција дури сега почнува да се обликува. Meta наводно работи на нов модел, познат интерно како „Avocado“, што би можел да означи голема промена од претходниот, open-source пристап кон развојот на вештачката интелигенција. И CNBC и Bloomberg објавија за плановите на Мета за моделот „Avocado“, при ...
Директорот на Центарот за социјална работа во Охрид, Славчо Ристевски тргна по стапките на претходниот, разрешен директор Игор Еленчевски кој доби и кривична пријава од Министерството за социјална политика, демографија и млади затоа што не постапуваше и сакаше да ги изигра дадените инструкции, пишуваат од „А1он“. Ристевски како и Еленчевски, и покрај тоа што му било укажано дека Центарот во Охрид не е надлежен и не треба да доставува мислење ...
Податокот дека АД ЕСМ остварило загуба од вртоглави 32 милиони евра само во вториот квартал на 2025 година е скандалозен и бара итна одговорност, велат од Левица. Дополнително, додаваат, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и личен пријател на премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека компанијата нема да генерира загуби и дека нема да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на ...
Бугарскиот парламент денес ја прифати оставката на владата на Росен Жељазков, со 227 гласа „за“, без гласови против или воздржани, јавува бугарската новинска агенција БТА. Жељазков вчера на итна конференција во парламентот објави дека владата поднесува оставка, непосредно пред гласањето за недоверба на владата, кое го побара партијата „Продолжи со промените – Демократска Бугарија“. „Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека ...
Косово почна да прифаќа мигранти што САД сакаат да ги депортираат, во согласност со договорот со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави премиерот Албин Курти, пренесе АФП. Курти рече дека Косово прифаќа луѓе што САД не сакаат да ги задржат на своја територија, истакнувајќи дека едно или две лица веќе пристигнале во земјата. Според договорот постигнат во јуни, Косово може да прифати до 50 мигранти, а договорот е склучен за ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена. Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и ...
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на ...
„Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ. Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка“, прашаа денеска од СДСМ на прес-конференција. Александар Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ, истакна дека клучното прашање е зошто веднаш по доаѓањето на власт на ...
Финскиот претседател Александар Стуб предупреди дека светот е во дефинирачки период што ќе го обликува глобалниот поредок во наредните децении, велејќи дека Западот има „една последна шанса“ да го убеди остатокот од светот дека е способен за соработка, а не за доминација. Во текст насловен како „Последната шанса на Западот: Како да се изгради нов глобален поредок пред да биде предоцна“, објавен во списанието „Форин Аферс“, Стаб тврди дека ...
Владата не го поддржува најавениот протестен марш в сабота за поддршка на војниците на ОВК кои Меѓународниот суд во Хаг ги суди за воени злосторства. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека собирот ќе биде мирен. Ќе се формира кризен штаб, кој ќе ја следи состојбата 24 часа пред настанот и 24 часа потоа. Државата и институциите се подготвени да одговорат на било какви провокации, кои негативно би се одразиле врз граѓаните и регионот, ...
Рускиот буџет за 2026 година вклучува 12,9 трилиони рубљи (160,7 милијарди долари) за одбрана и уште 3,9 трилиони рубљи за рубриката „национална безбедност“, што ги вклучува трошоците за Министерството за внатрешни работи, Националната гарда, специјалните служби и други институции кои исто така учествуваат во таканаречената „специјална воена операција“, пишува опозициското издание „Москва тајмс“. За првите десет месеци од оваа година, воените ...
Распродажбата на криптовалути доведе многу компании за рударење биткоини на работ на непрофитабилност, поттикнувајќи ги операторите да го намалат бројот на машини кои трошат многу енергија и го одржуваат блокчејнот во функција, објави Блумберг. Внимателно следената метрика за приходите од рударење, позната како стапка на хеширање, неодамна достигна рекордно ниско ниво, според Hashrate Index. Просечните трошоци за рударење – вклучувајќи ги ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе автошколи на подрачјето на Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи. -При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – ...
Руската централна банка објави дека поднесува тужба во Московскиот арбитражен суд против депозитарот „Euroclear“ за надомест на загуби предизвикани од „нелегални дејствија“, кои, според регулаторот, довеле до неможност за располагање со сопствените средства и хартии од вредност. Во соопштението на својата веб-страница, институцијата прецизира дека дејствијата на „Euroclear“ довеле до штети поради блокирани средства. Паралелно, предлозите ...
Искуството во триесет и петгодишната повеќепартиска демократија во Македонија, ни покажува преку практичните примери, дека македонските политички партии се т.н „султан лидерски“ партии, односно субјекти, кои се персонализираат исклучиво во лидерот на партијата. Да, тие имаат номинално партиски идеологии, платформи, ставови по надворешно-политичките случувања, но во суштина, тие зависат од неприкосновената воља на лидерот . Затоа се раѓаат ...
Доналд Трамп не треба да се меша во европската демократија, изјави Урсула фон дер Лајен како одговор на острите забелешки на американскиот претседател против Европа и нејзините лидери. „Не е наша работа, кога станува збор за избори, да одлучуваме кој ќе биде лидер на земјата, тоа е работа на народот на таа земја. Ова е суверенитет на гласачите и мора да се заштити“, изјави претседателката на Европската комисија за „Политико“. „Никој друг не ...
Грчката полиција изврши 15 апсења на Крит во врска со нелегални субвенции добиени од земјоделската агенција за плаќања ОПЕКЕПЕ, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“. Според истражителите, околу 1,7 милиони евра биле нелегално примени преку лажни декларации, а еден земјоделски синдикалист е именуван како водач на криминалната шема. Вкупно 42 лица се осомничени за вмешаност, вклучувајќи сметководители, адвокат и земјоделски ...
Турската лира забележа нов историски пад во однос на еврото, надминувајќи ја границата од 50 лири за евро за прв пат, објавува весникот „BirGün“. Курсот вчера достигна 50,0519 турски лири за евро во 15:12 часот по локално време (13:12 часот по наше време). Според турскиот новински сајт Memurlar.net, девалвацијата на лирата е поврзана со најновото намалување на клучната каматна стапка од страна на Федералните резерви на САД, по што ...