Бегалката Ива Михаилова во тајно снимени разговори од страна на бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, вели дека бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ поставила услов за да ја добие специјализираната рехабилитација на сметка на државата, за која тврдеше дека неможе да ја добие во Македонија. Од таму наводно и рекле дека првото интервју морала да му го даде на Мартин Карбовски, иако веќе договорила снимање со јутјуберот. ...

Никој во Бугарија не ја принудувал да прави што било, објави пребеганата Ива Михаилова, која на нелегален начин ја напушти Македонија, каде ѝ се суди за сообраќајна незгода со смртни последици. Нејзината реакција следува откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов синоќа објави делови од тајно снимени разговори во кои таа му раскажува за притисок од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), објави порталот 360. „Сакам да ...