Војската на Русија составила детални списоци на цели за потенцијален конфликт со Јапонија и Јужна Кореја, вклучувајќи нуклеарни централи и друга цивилна инфраструктура, според тајните документи од 2013 и 2014 година што ги видел „Фајненшл тајмс“. Плановите за напад, сумирани во шверцувани руски воени документи, опфаќаат 160 локации, вклучувајќи патишта, мостови и фабрики. Овие цели беа избрани за да се спречи „прегрупирање на војниците во ...

Американската војска соопшти дека бомбардирала цели на Хутите денеска и во понеделник, особено во Сана, главниот град на Јемен, кој е под контрола на бунтовниците поддржани од Иран. Новинската агенција АФП објави дека биле нападнати „командниот и контролниот центар“ на движењето Хути и местата за производство и складирање на проектили и беспилотни летала. Хутите денеска објавија дека во понеделникот извршиле два напади врз Израел, чија армија ...

Најбогатите луѓе во светот станаа уште побогати на крајот на оваа година, а вкупниот имот на 500-те најбогати луѓе на листата на милијардери на Блумберг надмина 10 билиони долари во 2024 година поради растот на акциите на американските технолошки гиганти. Нивното вкупно богатство е слично по големината на минатогодишниот комбиниран бруто домашен производ на Германија, Јапонија и Австралија, додава њујоршката агенција. Лидерите на осумте ...

Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На нив е прикажан голем и досега непознат воен авион со триаголен облик кој лета речиси без звук, пренесува Ал Џезира. Иако снимките прво се појавија на кинеските социјални мрежи, а малку подоцна и на западните, јасно е дека всушност Пекинг официјално дозволи снимките да се шират како јавна порака ...

Вербалната војна меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот милијардер Илон Маск продолжува со несмалено темпо. По реакцијата на Шолц и пораката дека Американците не треба да се мешаат во германските избори, од другата страна на Атлантикот пристигна навредлив одговор: „Канцеларот Оф Шиц, (глупиот канцелар) или како и да се вика, ќе изгуби“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа „Икс. Вака американскиот бизнисмен одговори на ...

„На 30.12.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(44) од Скопје. Според пријавеното, пожарот настанал при стартување на возилото и притоа делумно било зафатено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано до возилото „ауди“, информираат од МВР. Пожарот бил изгаснат, а повредени ...

Човек во Германија украл багер и го однел од Грунсфелд до Таубербишофсхајм (во Баден-Виртемберг). Полицијата се обидела да го спречи, но безуспешно. На крајот го застрелаа. Тој починал на лице место, пишува „Билд“. Откако украл багер, удрил во возила, оштетил неколку полициски автомобили и повредил полицаец. Според достапните информации, мажот украл багер од градилиштето на градежна компанија во Грунсфелд околу 13 часот и 35 минути, а потоа ...

Градоначалничката на еден мексикански град е под истрага поради плакат со кој се заблагодарува на еден од најбараните дилери на дрога во светот, објави денеска претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум. Шефот на картелот „Халиско Нуева Генерасион“, Немесио Осегуера, познат како „Ел Менчо“, е еден од најбараните нарко босови во САД, кои понудија 15 милиони долари за информации кои ќе доведат до негово апсење. Но, за локалните власти и ...

Маж по случаен избор со нож нападна минувачи во Берлин при што повреди неколку лица. Како што пренесува „Билд“, тој тешко повредил две лица. Мажот нападна неколкумина на улица во западниот кварт на Шарлотенбург, изјави портпаролката на полицијата, додавајќи дека двете жртви се хоспитализирани. Службите за итни случаи биле известени за нападот непосредно пред пладне на Нова Година. Осомничениот е уапсен. Неколку минувачи го задржале човекот ...

Во пресрет на одбележување на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните. – Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и ...

Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска напладне починал во сопствениот дом во пожар предизвикан од греалка. Веста ја потврдија од СВР Струмица. Оттаму само кратко информираа дека денеска во 12:35 часот на улица „Широк дол“ во Струмица е пријавено дека има починатото лице и дека увидот се уште трае, а повеќе информации полицијата најавува за утре. Според Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), ...

– На 30.12.2024 во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден ...

Времето вечер на новогодишната ноќ ќе биде стабилно, суво и претежно тивко. Такво време, според УХМР не очекува и во првите денови од новата година, до петок. Утринските температури ќе бидат пониски, а по котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа ...

Португалскиот тренер Жозе Мурињо изјави дека требало да ја напушти Рома уште пред да добие отказ од римскиот клуб во јануари. На 16 јануари годинава Мурињо беше отпуштен од тренерската функција на Рома по серијата лоши резултати. Португалскиот стручњак моментално е тренер на Фенербахче. Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Мурињо одговори на прашањето дали жали за нешто во кариерата. „Поради многу работи, ако зборуваме за натпревари. Во врска ...

Во текот на 52. недела од 2024 година – од 23 до 29 декември, во Република Северна Македонија има 221 случај на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот – 59,0 проценти повеќе во споредба со претходната недела, соопштија попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 119 лица се на возраст од 15 до 64 години. Педесет се деца на возраст од пет до 14 години, а 38 до четири години. ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека никој не може да го спречи повторното обединување на Кина со нејзиниот регион Тајван. „Луѓето од двете страни на тајванскиот теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече Си во новогодишниот говор што го емитуваше кинеската државна CCTV. Во својот новогодишен говор минатата година, Си ...

Калифорнискиот производител на најнапредните чипови во светот, Nvidia, го заврши преземањето на израелската компанија за вештачка интелигенција Run:ai за 672 милиони евра, откако Европската комисија спроведе антимонополски мониторинг на оваа трансакција. „Возбудени сме што официјално се придружуваме на тимот на Nvidia. Ова е крај на едно несекојдневно поглавје од патувањето на компанијата Run:ai и почеток на нова возбудлива ера“, објавија ...

За само шест месеци презедовме значајни чекори за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство. Уште од првиот ден се фокусиравме на интензивен процес на ревизија и оптимизација во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државните ресурси, објави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР), Ивица Томовски. Истакна дека ставен е крај на недомаќинското работење, како и ...

Нема да има политичка волја додека јас ја водам Владата и додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Без ВМРО-ДПМНЕ нема да има уставни измени. Вака како што се конципирани, нема да има се додека јас ја водам Владата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан до каде е процесот со внесувањето на Бугарите во Уставот како еден од условите во Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ. Мицкоски порача дека не е „авантурист или ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши со видео-обраќање објавено на неговиот Фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година. Во обраќањето спикерот Гаши посочува дека изминатата 2024-та била година на предизвици и суштински промени, а дека претстојната 2025-та „ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава“. Во пресрет на новогодишните празници, чувствувам дека е совршен момент да рефлектираме за она што го ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува мерката бесплатен превоз за студентите. На денешната прес-конференција, тој појасни дека Владата одлучила да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје за да може мерката да продолжи да се реализира и во 2025 година. Според премиерот, претходната Влада три години не обезбедувала средства за оваа намена и немала донесена ваква одлука. Пред десетина дена, универзитетското ...

Денеска проструи информација дека автобусите на ЈСП Скопје се повлекуваат во базите и повторно нема нафта за да возат. На прашањето дали Владата повторно ќе излезе во пресрет и ќе позајми гориво од државните резерви за јавните градски автобуси, премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема такво барање од Град Скопје. -Од тоа што го добивам како информација е дека раководството на ЈСП Скопје не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не ...

Утринава во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон с.Шум, струшко, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О.(27) од Охрид, излетало од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М.од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР. ...

Од утре 1-ви јануари, личните документи и возачките дозволи со старото име на државата ќе престанат да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. На пунктовите не се забележува метеж и процесот на замена тече без проблеми. Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои сè уште не ги ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на граѓаните им ги честита новогодишните празници, посакувајќи следната година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол една гранка лесно ...

Украинската воена разузнавачка служба во вторникот соопшти дека еден од нејзините поморски беспилотни летала уништил руски хеликоптер и оштетил друг во Црното Море. Во битка во близина на западниот брег на Крим во вторникот, поморски дрон опремен со ракети Магура В5 собори руски хеликоптер Ми-8, соопшти украинската ГУР на „Телеграм“. Оттаму додаваат дека ова е прв пат украински поморски дрон да собори воздушна цел. Ројтерс не може независно да ...

Унгарија трајно ќе го загуби пристапот до пари во износ од околу една милијарда евра од фондовите на ЕУ на 1 јануари, бидејќи споровите меѓу Будимпешта и Брисел го отежнуваат излезот на земјата од рецесијата. Замрзнувањето на фондовите на ЕУ доаѓа во време кога унгарската влада има ограничен фискален простор. Буџетскиот дефицит годинава изнесува повеќе од 4,5 отсто од БДП, што ги зголемува политичките тензии. Економијата на Унгарија се намали за ...

Врховниот суд на Венецуела ја казни платформата TikTok со 10 милиони долари поради непреземање мерки за спречување на вирални видео предизвици кои наводно довеле до смрт на три деца. Судијката Тања Д’Амелио рече дека TikTok бил „небрежен“ и наредил платформата да ја плати казната во рок од осум дена, со обврска да отвори канцеларија во Венецуела за да ја надгледува содржината што ќе биде во согласност со локалните закони, објави АП. Д’Амелио не ...

Од утре, 1-ви јануари започнува зимскиот распуст за учениците во основните и средните училишта. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 21 јануари. Оваа учебна година ќе трае до 10 јуни, а исклучок се учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Во второто полугодие учениците годинава ќе го немаат пролетниот распуст, како што тоа беше случај минатата година и кога учебната година беше продолжена до ...

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември објави дека на својата веб-страница ја става на располагање „целокупната достапна документација и информации собрани во текот на предистражната и истражната постапка“ во врска со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Документацијата, како што се наведува во соопштението, е објавена „признавајќи го легитимниот интерес на јавноста да биде запознаена со споменатата ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
75%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
60%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.34
58%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
78%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
79%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
66%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71