Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат“, изјави пратеничката Јована Мојсоска на денешната седница на Анкетната комисија за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ и смртта на 63 лица. Да не беше упорноста на ...
Портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп верува дека Европа ја водат слабаци, но дека милиони Европејци не се согласуваат со таа изјава и всушност се горди на своите лидери. Доналд Трамп претходно денес за „Политико“ изјави дека Европа е „неуспешна“ група нации, предводена од „слаби“ луѓе. „Многу сме задоволни и благодарни што имаме одлични лидери, почнувајќи од лидерката на ...
Главниот обвинител на Врховниот суд на Грција, Константинос Цавелас, ги повика обвинителите да интервенираат во случаите на кривични дела извршени во врска со протестите на земјоделците и одгледувачите на добиток, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“. Земјоделците што протестираат веќе една недела блокираат патишта, гранични премини, аеродроми и други објекти во транспортната инфраструктура на земјата, што, според главниот ...
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски смета дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија за трагедијата во Кочани, бидејќи како што вели одредени сведоци и докази можат да се компромитираат. Коцевски добил и официјално барање од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши за Анкетната комисија. -Во однос на формирањето на Анкетна комисија имав и официјално барање од претседателот Гаши ...
Фондот за здравство тврди дека има пари за исплата на капитацијата на матичните лекари и парите редовно се исплатуваат. Директорот Сашо Клековски на брифинг со новинарите порача дека нема доцнење во исплатата на капитациите за матичните лекари, кое е зголемено за 33 отсто, а редовно се исплаќа и надоместокот за породилно отсуство. Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека делови од новата безбедносна стратегија на САД се „неприфатливи“ за европските земји. Во својата нова безбедносна стратегија, американската влада ја осудува наводната „цензура на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција“ во Европа и ветува поддршка за десничарските популистички сили, а воедно ја повикува Европа да стави крај на „масовната имиграција“. „Нешто од ова е ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за пристрасниот пристап и сериозните неточни факти пронајдени во учебникот по географија за 7 одделение на албански јазик, објавен од издавачката куќа „Тримакс“ и одобрен од Националната комисија за учебници на 5 август 2025 година. Преку соопштение за медиумите, ДУИ објавува дека овој учебник е пуштен во употреба во текот на учебната 2025 година и содржи формулации што ја ...
По пишувањата и објавите на британските медиуми дека Македонија преговара за да прифати мигранти кои нема да добијат азил во Велика Британија, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ги гледа „гимнастиките на опозицијата на отворена сцена“. Дециден е дека нема да прифаќаме мигранти и вели дека е чудно „во отсуство на било каква идеја за мобилизирање, се фаќаат за тема која е тотален антипод на нивната политика и природно припаѓа на политиката ...
И покрај неодамнешните остри падови на цената на биткоинот, банката од Волстрит – JPMorgan останува цврста во својот целен модел на вредност прилагодена на волатилноста (VAM) за биткоинот во однос на златото, што подразбира теоретска цена од околу 170.000 долари во следните шест до дванаесет месеци. Клучниот двигател на пазарот останува стратегијата прилагодена на моделот (MSTR), а инвеститорите внимателно го следат коефициентот на пазарна ...
Откако „Парамаунт“ испрати таканаречена понуда за „непријателско преземање“ за „Ворнер Брос“ во понеделникot, обидувајќи се да ги спречи плановите за аквизиција на „Нетфликс“, следното прашање е кој е следниот чекор во процесот. Понудата за преземање директно ги поканува акционерите да ги продадат, или „понудат“, своите акции по одредена цена. Тие често се користат кога менаџментот на целната компанија не е подготвен да се вклучи во ова ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека денеска бил присутен на Анкетната комисија за Кочани за да слуша. Вели дека сè она што го слушнал, „горе-долу, го слушнал и порано“. Премиерот додаде дека секој пратеник може до пратениците да достави предлог-амандмани за законски измени по трагедијата, како и за инспекциските служби. Тврди дека досега никој од пратениците не доставил предлог. -Вистинското прашање е зошто се чекаше со ...
Милан Недељковиќ ќе ја преземе функцијата претседател на Управниот одбор на BMW AG на 14 мај 2026 година, одлучи Надзорниот одбор на компанијата. Недељковиќ ќе го наследи Оливер Зипсе на оваа позиција, кој е член на Управниот одбор на BMW AG повеќе од десет години, а негов претседател од август 2019 година. Надзорниот одбор експресно му се заблагодари на Зипсе за неговите одлични услуги за BMW Group. Претседателот на Надзорниот одбор на BMW ...
Пратеникот од ДУИ и коалицијата Европски фронт, Блерим Беџети застана во одбрана на својот партиски колега, екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, кој е еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Беџети потенцира дека ако згрешил некој функционер од нивната партија, треба да одговара, но, како што вели, не поддржуват селективна правда. -Не може министер каде што не ставил потпис, туку само делегирал овластување, да ...
Германските пратеници ќе одобрат 29 договори за воена набавка во вредност од рекордни 52 милијарди евра следната недела, дел од напорите на владата да го трансформира Бундесверот во најсилната конвенционална армија во Европа. Нарачките опфаќаат широк спектар на материјали и услуги, вклучувајќи 22 милијарди евра за основна воена опрема и облека, 4,2 милијарди евра за пешадиски борбени возила „Пума“, 3 милијарди евра за ракетни одбранбени ...
Почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија, Небојша Атанацковиќ, денес изјавил дека дел од потребното гориво за Србија ќе доаѓа од Македонија, а другиот, веројатно поголем дел, од север, првенствено од Унгарија, и дека не треба да очекуваат дека бензинот или дизелот веднаш ќе бидат поскапи од горивото од рафинеријата во Панчево. Атанацковиќ, кој е и сопственик на бензинска пумпа, за „РТС“ изјавил дека е неизвесно какви ќе ...
Сомнителни дронови се забележани над француска воена разузнавачка база во текот на три ноќи минатиот месец, објави Ројтерс. Воздухопловните сили на земјата го соопштија ова по серија упади во чувствителни локации во Франција. Француските обвинители минатата недела отворија истрага за дроновите, за кои се верува дека летале над база на нуклеарни подморници на атлантскиот брег. Летовите на дронови, претежно од непознато потекло, го нарушуваат ...
Првата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, во вторникот изјави дека критиката кон слободите во блокот треба да биде насочена на друго место, „можеби кон Русија“. Нејзините коментари дојдоа како одговор на стратешкиот документ на Белата куќа во кој се критикуваат политиките на ЕУ, објави Ројтерс. „Европската унија е самата суштина на слободата“, изјави Калас пред комитетот на Европскиот парламент. „Критиките кон слободите во ЕУ треба да бидат ...
Во големо интервју за „Политико“, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш јасно стави до знаење дека својата политика кон Европа и Украина ја гледа значително поинаку од повеќето европски лидери и неговите претходници во Белата куќа. „Политико“ го именуваше за највлијателна личност што ја обликува Европа во својата годишна анкета на П28, а Трамп ја искористи можноста да ја нападне европската политика кон војната во Украина, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на GLOBSEC „BELTALKS: Економски разговори во Белград“, денеска изјави дека Србија ќе ги оправда очекувањата на ММФ и Светската банка и по стапката на раст во следните пет години ќе биде една од водечките земји во Европа. „Ги изградивме темелите и столбовите на економскиот раст од 2014 година, кога станав премиер, односот на јавниот долг кон БДП во нашата земја беше 79 проценти, а денес е 43 ...
Осум од 10 Грци, или 83%, веруваат дека феномените на корупција постојат во Грција во голема или прилично голема мера, а повеќе од една третина од анкетираните изјавиле дека се соочиле со корупција во последните 12 месеци, според анкетата објавена денес од компанијата „Palmos Analysis“ за перцепцијата на граѓаните за корупцијата. Резултатите од анкетата, спроведена во име на Националниот орган за транспарентност (НТА), покажаа дека ...
Од таа дата, ништо не е прифатено. Премиере, цинично ми се смеете, но до денес, од вас не добив одговор на тие прашања. Сакам да го видам документот кој ја потпишал акциската контрола. Министерот Панче Тошковски сакам да ми одговори на тоа прашање – кој ја потпишал и наредил полициската контрола во Кочани таа ноќ? Во 12 часот сите од СВР Штип и ОВР Кочани биле пред дискотеката. Во 12 часот, да се почнело со рацијата, децата ќе беа живи, рече ...
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар. Прочитајте повеќе: Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува непромената, односно ...
Berkshire Hathaway објави серија промени на врвот на компанијата во понеделник, откако Ворен Бафет (95) се подготвува да го заврши својот долгорочен мандат на чело на конгломератот. Во писмо до акционерите, Бафет рече дека Тод Комбс, сегашниот извршен директор на осигурителната компанија Geico (во сопственост на Berkshire Hathaway), ја напушта компанијата за да се пресели на „интересна и важна работа“ во JPMorgan Chase, објави CNN. Банката ...
Технолошкиот гигант Google е под истрага од страна на Европската Унија (ЕУ) поради загриженост дека ја злоупотребил својата доминантна позиција користејќи ги сопствените алатки за вештачка интелигенција (ВИ) за да ја истисне конкуренцијата, објави Блумберг. Европската комисија (ЕК) изјави дека ќе испита дали единицата Alphabet ја нарушила конкуренцијата со наметнување нефер услови на креаторите на содржини и давајќи им предност на сопствените ...
Во присуство на родителите, од Левица велат дека на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката од власта, Иванка Василевска, не се воздржаа од, како што истакнуваат, нивниот примитивизам, ароганција, докажување на нивната паника и одлепеност од реалноста. Претседателот на Анкетната комисија, Димитар Апасиев ѝ одговори на пратеничката: „Почитувана колешке, ...
Годишната инфлација, мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти. За споредба, минатиот месец Статистиката измери годишна ...
Лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година предизвика еден од најинтензивните технолошки инвестициски циклуси во последните децении. Инвеститорите го пренасочија капиталот кон компании и сектори позиционирани да профитираат од инфраструктурата на вештачката интелигенција, cloud computing и дигиталните услуги. Инфографикот подолу покажува како се покажал секој голем американски берзански сектор откако ChatGPT дебитираше на 30 ноември ...
Околу темата со мигрантите и обвинувањата дека Македонија ќе добива паричен надомест за секој прифатен мигрант од Велика Британија, поранешниот функционер, Јани Макрадули смета дека „денешната Влада како да пишува римејк на “Печалбари” од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата – сѐ за тие пусти пари“. Според Макрадули, во услови кога, како што вели, економијата пука по сите шавови, освен на прес-конференциите на власта, започната е потрага по ...
Вашингтон оваа недела испрати јасен сигнал до своите европски сојузници во НАТО: Пентагон им кажа на дипломатите во главниот град на САД дека Европа мора да преземе поголем дел од конвенционалните одбранбени капацитети на Алијансата до 2027 година. Тоа вклучува сè освен нуклеарно оружје, од разузнавачки системи и сателитско извидување до копнени сили и логистика. Во спротивно, САД би можеле да се повлечат од клучните механизми за координација ...
И покрај неодамнешните тврдења на рускиот претседател Владимир Путин дека неговите сили го освоиле Покровск, битката за овој клучен град во источна Украина продолжува. Иако украинските сили губат територија и се повлекуваат, тие се решени да докажат дека сè уште можат да се спротивстават на рускиот напредок кон целта за освојување на целиот Донбас, пишува Би-Би-Си. На украинската командна станица, далеку од фронтовската линија, наредбите се ...