Samsung првпат го објави својот Galaxy Ring за време на настанот Unpacked во јануари оваа година, кога ја претстави серијата на телефони Galaxy S24. Прстенот потоа беше прикажан за време на MWC во февруари, за да биде лансиран во јули. Претходно имаше гласини дека Galaxy Ring 2 ќе пристигне порано од неговиот претходник, а сега нов извештај некако го потврдува тоа. Се тврди дека Galaxy Ring 2 официјално ќе биде претставен на 22 јануари, заедно ...

Според најновите информации објавени од блогерот Digital Chat Station на 28 декември, повикувајќи се на тврдења кои доаѓаат од синџирот добавувачи на Apple, потврдено е дека стандардната верзија на телефонот iPhone 17 конечно ќе добие опција со висока стапка на освежување. Ова е прв пат во историјата на Apple стандарден модел да ја добие оваа функција, што претставува значителен напредок и подобрување на секојдневното корисничко искуство. Apple ...

Американскиот актер Бредли Купер, освен глумата, ја сака и гастрономијата во која реши професионално да се испроба во последните денови од оваа година. Го отвори ресторанот Danny&Coop во Њујорк, а концептот на ресторанот е таков што нуди само едно јадење. Тоа е Фили Чизстик – сендвич од тенко исечено печено говедско месо, динстан кромид и топен кашкавал. Веќе пишувавме за овој сендвич од Филаделфија – создаден е во 1930-тите на уличен киоск, ...

Мадридските медиуми продолжуваат да инсистираат дека трансферот на десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид сега може да се смета за сигурен. Откако „Марка“ вчера објави дека играчот веќе ја соопштил својата одлука до раководството на „црвените“, денеска „АС“ тврди дека 90% од работите меѓу него и Реал се веќе договорени. Според изданието, во јануари Александар-Арнолд ќе го стави својот потпис под прелиминарниот договор со ...

Севиља објави дека целосно го распродаде „Рамон Санчез Писхуан“ за прошталната церемонија на нивниот легендарен капитен Хесус Навас, кој стави крај на својата славна кариера. Настанот ќе се одржи утре во 17:00 часот по наше време, а сите навивачи ќе можат да му оддадат почит на својот долгогодишен играч. Последниот натпревар за 39-годишниот Хесус Навас за андалузискиот клуб беше на „Бернабеу“ во поразот од Реал Мадрид со 2:4. Тој играше за ...

Главниот инженер на Формула 1 на Мерцедес, Ендрју Шовлин, откри дека Луис Хамилтон има силен страв од неуспех, што е главната движечка сила зад неговата исклучителна работна етика. Во неговата соработка со Мерцедес, Хамилтон се етаблираше како еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1. Заедно тие освоија шест титули кај возачите, осум титули во конструктори и десетици победи, подиуми и рекорди. Сепак, тоа заврши по последната трка ...

Русин приведен поради организирање патувања за ЛГБТ+ лица е пронајден мртов во истражен затвор, соопшти денеска група за човекови права. Андреј Котов, директор на туристичката агенција Мен Травел, минатиот месец бил обвинет за „екстремистички активности“. Рускиот Врховен суд го забранил, како што го нарекува, „меѓународното ЛГБТ движење“ кон крајот на 2023 година, отворајќи го патот за можност за правна постапка против оние за кои властите ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него. Сепак тврди дека има информации дека Груби е во добра состојба и дека се наоѓа на албанска територија. Лидерот на интегративците оценува дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде ...

Судот во Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност Ненад Нешиќ, директорот на Патишта на Република Српска, Милан Дакиќ и директорот на компанијата „Легенда“ Младен Лучиќ, објавија денеска медиумите во Босна и Херцеговина. Обвинителството на Босна и Херцеговина ги товари Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ за заговор за извршување кривични дела, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп. Притворот им ...

Лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска организирал прием за ветераните на ОВК, на кој изјавил дека ОВК е „најуспешната герила“ во минатиот век, јавува „РТК“. На приемот присуствувал и лидерот на ДУИ и поранешен припадник на ОВК, Али Ахмети. Харадинај порачал дека не е задоволен од статусот на ветераните, ветувајќи промени и изјави дека „ОВК ќе има дом во секоја општина“. Тој додал и дека сака следната ...

„Jeju Airlines“ потврди дека летот 7C2216 се излизгал од пистата на меѓународниот аеродром Муан и сподели детали за моделот на авионот. Бидејќи овој авион, поточно моделот Боинг 737-800, моментално го управуваат повеќето евтини компании, се уште не е утврдена точната причина за несреќата, а вознемиреноста кај корејските патници расте. Според корејските медиуми, моделот 737-800 нема функција за испуштање на горивото во воздухот, предизвикувајќи ...

На само 20-годишна возраст, Марник Вермијл дебитираше за Манчестер Јунајтед против Њукасл во натпревар од Лига купот, но неговата кариера не продолжи да се развива и денес Белгиецот работи како поштар. Вермијл сега има 32 години и реши да направи интересна промена во кариерата. Ги закачи копачките, се прости од фудбалот и работи како поштар. Почетокот на неговата кариера беше ветувачки и веќе во 2010 година се пресели од Стандард Лиеж во ...

179 лица загинаа, а двајца се спасени од авион со 181 лице што се урна во неделата на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, објави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на спасувачките служби, пренесува „Ројтерс“. Летот на компанијата „Jeju Air“ 7C2216, кој доаѓаше од главниот град на Тајланд Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот, се обидел да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата, ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама оценил дека стратешкиот план на неговата земја е членство во Европската унија до 2027 година и дека има конкретни чекори и датуми кои водат до исполнување на оваа цел, пренесува „ВОА“. „Тоа не е моја амбиција, туку тоа е заеднички стратешки план напишан и договорен заедно со Европската комисија. Тоа е конкретен план, со конкретни чекори, со конкретни датуми и е многу амбициозен, но решени сме да го реализираме ...

Четири земјотреси за помалку од 30 минути се регистрирани нешто по 10 часот денеска во близина на грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина. Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 10 часот и 10 минути на 19 километри источно од Крит на длабочина од 25,8 километри, јави Катимерини. Една минута подоцна, два посилни земјотреси со јачина од 4,4 и 4,3 степени според ...

Русија не е задоволна од предлозите на тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за одложување на членството на Украина во НАТО за 20 години и воведување контингент на мировни сили на ЕУ и Велика Британија таму, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руските медиуми. „Судејќи според бројните протекувања (информации во медиумите) и интервјуто на Доналд Трамп за магазинот „Тајм“ на 12 декември, ...

Власта подготвува нов удар врз работниците: укинување на „недела неработен ден“. Овој проект СДСМ го воведе за да им овозможи на стотици илјади работници гарантиран слободен ден, да имаат повеќе време за нив и за нивните семејства, рекоа денеска од најголемата опозициска партија преку соопштение. Според СДСМ, со оваа одлука, премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно го потценуваат трудот на работниците и ја негираат важноста на нивниот ...

Интерпол распиша потерница по водачот на групата „Лев Тахор“, Џонатан Емануел Кардон Кастиљо (23). Кастиљо е баран од Гватемала под обвиненија кои вклучуваат трговија со луѓе, силување и злоупотреба на малолетници, се вели во црвената потерница на меѓународната полициска организација. Седиштето на „Лев Тахор“ е во Гватемала. Околу триесет членови на екстремната еврејска секта „Лев Тахор“ останаа во Босна и Херцеговина на крајот на 2021 и ...

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја искористи шансата и паузата која играчите на Реал Мадрид треба да ја поминат неколку дена во Дубаи, каде го посети ресторанот на познатиот готвач Нусрет. Нусрет стана познат по начинот на кој ги посолува своите специјалитет, поради што го доби прекарот „Salt Bae“, но набрзо стана доста омразен. Почнаа да се појавуваат приказни за ненормални цени во неговите ресторани, а ги изнервира и луѓето за време на ...

Кртот кој им помага на осомничени да бегаат не е во Обвинителството, вели републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Во интервју за РСЕ, Коцевски вели оти не знае каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, но, оти е во тек истрага. Се проверуваат пропустите на полициските службеници. Се прегледуваат снимки од видеокамерите и се сослушуваат сведоци за да се соберат докази за кривичната пријава што ја поднесе МВР. -Во однос на соработката со ...

По уште една одлична партија против Детроит, најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ особено го пофали својот соиграч Џамал Мареј, но истакна и дека не разбира како неговиот тим успеал да победи. Денвер забележа победа по два последователни порази против тимот кој сезонава беше многу подобар од нив. „Не знам како триумфиравме по два порази. Можеби само сме уморни, па наоѓаме начин да се подигнеме и да играме тимски“, бил искрен Јокиќ. Српскиот ...

До 11:30 часот во странство гласале 5.101 гласач, покажуваат податоците на хрватската Државна изборна комисија за денешните претседателски избори. Најголем дел од нив своето право на глас го искористиле во Босна и Херцеговина, 2939, а потоа во Германија каде гласале 1170 луѓе. Во Србија гласале 233 гласачи, во Швајцарија 190, во Австрија 104 на две избирачки места, 67 во Црна Гора, 66 во Унгарија и 62 во Италија. Во Франција гласале 46 гласачи, ...

Бројот на загинати во авионот на „Jeju Air“ кој утринава се лизна од пистата, удри во ѕид и се запали на аеродромот Муан во Јужна Кореја, се искачи на 177. Најмладиот патник имал само три години, а најстариот 78. Во авионот имало 175 патници и шест членови на екипажот. Досега се спасени само две лица – членови на екипажот. Нивната состојба не е објавена. Тие биле пронајдени во опашката на авионот, кој бил единствениот кој останал недопрен по ...

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев објави дека патничкиот авион што се урна во близина на казахстанскиот град Актау бил тешко оштетен од истрели од земја и дека изгубил контрола. Алиев исоопштил дека патничкиот авион кој се урна во Казахстан, при што загинаа 38 лица, бил оштетен со проектил од земја во близина на Грозни, Русија, јави државната телевизија на Азербејџан. Алиев рекол дека жали што „одредени кругови“ во Русија се обиделе да ...

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија. Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Во текот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, заедно со многу други деца, беше евакуирана во Тетово, каде што започна нејзиниот живот во Македонија. Своето образование го заврши на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, по ...

Ненад Бјелица се уште не е сигурен на клупата на Динамо и покрај победата против Вараждин во последното коло од есенскиот дел на хрватската Прва фудбалска лига. Иако се чинеше дека ја има обезбедено тренерската позиција, на „Максимир“ се уште има поделеност околу неговата иднина. Според информациите кои ги објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Динамо размислува за промена на тренерот. Фабио Канаваро е првиот избор на Динамо за ...

Авион на компанијата „PAL Airlines“, на летот „Ер Канада Експрес“ доживеа сериозен инцидент за време на слетувањето на меѓународниот аеродром Стенфилд во Халифакс во сабота, 28 декември 2024 година. Леталото со 73 патници и членови на екипажот, доживеа колапс на опремата за слетување како последица на тешко слетување поради лошите временски услови. Од авиокомпанијата соопштија дека обилните дождови довеле до формирање на лизгав слој на пистата ...

Куќата на Лука Дончиќ во Далас била ограбена, а сега е познат и полицискиот извештај. За среќа, словенечкиот репрезентативец и неговото семејство во моментот на кражбата не биле дома, а бил украден накит вреден 30.000 долари. „Полицијата во Далас добила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот го скршило прозорецот од бањата од куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци запознаени со делото ја потврдиле кражбата. ...

Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека е „верен слуга на Стопанската комора и домашната олигархија“ и го критикува поради, како што велат, најавите за враќање на недела за работен ден. Од Левица потсетуваат дека врз овој удар по грбот на работникот претходат бројни средби помеѓу Мицкоски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. -Левица нема да дозволи рајот на Мицкоски и Азески да биде граден врз пеколот на работниците. ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / -1ᴼ
0.51
72%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.47
88%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
80%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1025
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
80%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1028
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.60279

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71