Утринава во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон с.Шум, струшко, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.О.(27) од Охрид, излетало од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М.од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР. ...

Од утре 1-ви јануари, личните документи и возачките дозволи со старото име на државата ќе престанат да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. На пунктовите не се забележува метеж и процесот на замена тече без проблеми. Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои сè уште не ги ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на граѓаните им ги честита новогодишните празници, посакувајќи следната година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол една гранка лесно ...

Украинската воена разузнавачка служба во вторникот соопшти дека еден од нејзините поморски беспилотни летала уништил руски хеликоптер и оштетил друг во Црното Море. Во битка во близина на западниот брег на Крим во вторникот, поморски дрон опремен со ракети Магура В5 собори руски хеликоптер Ми-8, соопшти украинската ГУР на „Телеграм“. Оттаму додаваат дека ова е прв пат украински поморски дрон да собори воздушна цел. Ројтерс не може независно да ...

Унгарија трајно ќе го загуби пристапот до пари во износ од околу една милијарда евра од фондовите на ЕУ на 1 јануари, бидејќи споровите меѓу Будимпешта и Брисел го отежнуваат излезот на земјата од рецесијата. Замрзнувањето на фондовите на ЕУ доаѓа во време кога унгарската влада има ограничен фискален простор. Буџетскиот дефицит годинава изнесува повеќе од 4,5 отсто од БДП, што ги зголемува политичките тензии. Економијата на Унгарија се намали за ...

Врховниот суд на Венецуела ја казни платформата TikTok со 10 милиони долари поради непреземање мерки за спречување на вирални видео предизвици кои наводно довеле до смрт на три деца. Судијката Тања Д’Амелио рече дека TikTok бил „небрежен“ и наредил платформата да ја плати казната во рок од осум дена, со обврска да отвори канцеларија во Венецуела за да ја надгледува содржината што ќе биде во согласност со локалните закони, објави АП. Д’Амелио не ...

Од утре, 1-ви јануари започнува зимскиот распуст за учениците во основните и средните училишта. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 21 јануари. Оваа учебна година ќе трае до 10 јуни, а исклучок се учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Во второто полугодие учениците годинава ќе го немаат пролетниот распуст, како што тоа беше случај минатата година и кога учебната година беше продолжена до ...

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември објави дека на својата веб-страница ја става на располагање „целокупната достапна документација и информации собрани во текот на предистражната и истражната постапка“ во врска со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Документацијата, како што се наведува во соопштението, е објавена „признавајќи го легитимниот интерес на јавноста да биде запознаена со споменатата ...

Во 2024 година вредноста на златото се зголемила за цели 26 отсто, што претставува најдобар годишен учинок на овој благороден метал во последните 14 години. Како што се наведува, скокот на цената на златото е последица на олабавувањето на монетарната политика во Соединетите Американски Држави и геополитичките тензии во светот, додека централните банки купувале злато во рекордни количини, пишува порталот Trading Economics. Светската цена на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето новогодишно обраќање ги повика граѓаните да не дозволуваат „сопственици на социјални медиуми“ да одлучуваат за исходот на германските избори, откако извршниот директор на X, Илон Маск, постојано ја поддржува екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD). Шолц изјави дека само германските граѓани имаат моќ да одлучат „по кој пат ќе тргне Германија“, по изборите закажани за 23 февруари, ...

Кинески хакери поврзани со државни структури овој месец упаднаа во компјутерските безбедносни системи на американското Министерство за финансии и украдоа вредни документи, што Министерството го нарече „сериозен инцидент“. Информацијата за Ројтерс ја потврдија претставници на Министерството за финансии. Нападот е извршен со компромитирање на трета страна, BeyondTrust, компанија која обезбедува услуги за сајбер безбедност. Според достапните ...

Во Барселона нема мир, сега се е во рацете на Ла Лига и нејзините функционери, кои имаат рок до полноќ да ја проверат документацијата и да го пријават Дани Олмо. Како што е познато, на Барса и беа одбиени две жалби во последните неколку дена, а Жоан Лапорта беше принуден да повлече нови лостови. Барселона одлучи да ги продаде ВИП-ложите на реновираниот „Камп Ноу“ на компанија од Дубаи во следните 20 години, но Ла Лига е претпазлива иако клубот ...

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии – надворешна, внатрешна, економска, информативна, енергија, храна и здравје. Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа!“ што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, ги одразува актуелните ...

Русија и Кина секогаш одат по вистинскиот пат да се воздржат од конфронтации и да таргетираат трети страни, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг во својата новогодишна честитка до рускиот колега Владимир Путин. Си нагласи дека соработката меѓу Кина и Русија, имајќи ја предвид актуелната турбулентна меѓународна ситуација, продолжува да се развива врз принципите на независност и избегнување конфликти со другите земји. Си истакна дека ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишото обраќање на сите граѓани им ја честита Новата 2025 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година. -Изборниот пораз не беше само предупредување, туку и поттик за нас да се смениме, да бидеме подобри и подостапни за секој граѓанин. Покажавме дека умееме да се соочиме со реалноста, да извлечеме поуки и да продолжиме со јасна визија. ...

Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром. Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои добија пакетчиња како дел од новогодишната магија. ...

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Оттаму велат дека следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се ...

Можеби за некого работите не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на доброосмислен план, според кој свесни за вашите очекувања, ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас и тоа за кое не одбравте. Чекор по чекор се реализира патот од 1000 метри и верувајте нема покус пат, туку исправен пат и соодветни чекори, изјави премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети синоќа изјавил дека нема никаков контакт и не знае каде се наоѓа неговиот довчерашен сопартиец и екс-вицепремиер Артан Груби, по кого македонската полиција распиша потерница поради сомнение за злоупотреба на службената положба и проневера во случајот „Државна лотарија“. „Лично немам никаков контакт со Артан Груби и немам детални информации за неговата моментална локација. Мојот ...

Хакер ангажиран од кинеската влада упаднал во системот на американското Министерство за финансии и добил неовластен пристап до компјутерите на вработените и неколку документи кои не се сметаат за доверливи, соопштија во понеделникот американските власти. Нарушувањето на безбедноста се случило на почетокот на декември, за што Министерството со писмо ги известило претставниците во Конгресот. Министерството го опишува како „голем инцидент“ и ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција. Полицијата, на 18 декември, покрај коловозната лента до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, ...

Вчера во Скопје беше оддржан протестен собир на Здружението за едукативен развој „Еквалис“ за солидарност со граѓаните на Србија. Собирот на кој присуствувале 15-лица се одржал пред Амбасадата на Србија во Скопје. Од „Еквалис“ истакнуваат дека протестно застанале во солидарност со српските студенти кои ги блокираат факултетите, барајќи правда, демократија и санкционирање на корупцијата во државата. -Со овој протест се приклучуваме кон следните ...

Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод по осум години, изјави нејзиниот адвокат за медиумите. Адвокатот на Пит не коментирал за случајот, пишува Асошиејтед прес. „Пред повеќе од осум години Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите заеднички имоти“, изјавил адвокатот на актерката Џејмс Сајмон за магазинот „People“, додавајќи дека ова е само еден дел од долгиот процес кој ...

Во ДКСК спроведовме постапка дали членот има судир на интерес во постапување и одлучување на овој предмет. Цвета Ристовска поднесе барање за изземање од постапката во моменти кога пристигна претставката со наводите за сомневања за валидноста на дипломатата од Универзитетот Скопје. Колегиумот, односно мнозинство на членови одлучи оваа одлука да не ја прифати од следниве факти: универзитетот не е предмет на постапување во постапката односно ...

Во првите осум натпревари Рубен Аморим доживеа пет порази во лигата. Тоа е најлошиот старт во последните 103 години во Манчестер Јунајтед. По поразот од Њукасл на Олд Трафорд, Аморим оцени дека тимот кој го води е во тежок момент. „Јасно е дека треба да се бориме. Ова е многу тежок момент, еден од најтешките во историјата на Манчестер Јунајтед и мора да бидеме јасни и искрени за тоа“, изјавил Аморим по последниот натпревар годинава и поразот од ...

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак. Полицијата тогаш пронајде девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција. По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. ...

Светското население ќе се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година, достигнувајќи над 8,09 милијарди луѓе до крајот на годината, покажуваат податоците на Американското биро за попис на населението. Се проценува дека до 1 јануари 2025 година, популацијата ќе достигне 8.092.034.511 луѓе. Процентуално, светското население ќе порасне за речиси 0,9 проценти во 2024 година, што е мало забавување во однос на 2023 година. Тогаш имаше ...

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо внимание на тие теми. Јас сум голем поборник на идејата на зближување на нашите народи, на зацврстување на меѓуетничките односи, така треба сите заедно да работиме во таа насока, изјави вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. Прашан дали според него завршиле лошите сценарија кои се предвидуваат, Гаши во интервју за Канал ...

На патниот правец А4 Радовиш – Струмица, на делницата кај село Василево, сообраќајот е целосно затворен поради сообраќајна незгода. За сите возила, сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Струмица – Василево, информираат надлежните служби. Возачите се повикуваат на внимателност и почитување на поставената сигнализација за да се избегнат дополнителни застои и инциденти. Се очекува нормализирање на сообраќајот по расчистувањето на местото на ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР. – Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ, се наведува во потерницата. ОЈО ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
86%
1029
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
65%
1029
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
68%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.85
63%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
3.13
80%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
84%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
67%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

36.7398

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71