Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...
Украинската влада одобри прв транспарентен механизам за извоз на оружје, потег кој би требало да им помогне на домашните одбранбени компании во одржувањето на бизнисот и долгорочниот развој на индустријата, објави на 1 јули министерот за одбрана Михајло Федоров. Ова е првпат од почетокот на сеопфатната руска инвазија Украина да дозволи извоз на вооружување, пишува „The Kyiv Independent“. „За првпат е воспоставена јасна постапка која дефинира ...
Војната во Украина доведе до два милиони руски и украински воени жртви, вклучувајќи ранети, убиени и исчезнати, соопшти Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон. Москва претрпе најтешки воени загуби, меѓу 400.000 и 450.000 смртни случаи од проценетите вкупно 1,4 милиони жртви (ранети и исчезнати) меѓу своите сили од почетокот на инвазијата врз Украина пред повеќе од четири години, наведе центарот. Од нашата мрежа ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе го номинира сегашниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата. Филипче објави заедничка фотографија со Герасимовски од прославата на 250 години од независноста на САД во Американската амбасада во Скопје. „СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ. Од ...
Преговорите на Албанија за пристапување во Европската Унија се загрозени поради плановите за изградба на луксузно одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, предупредија европратениците. Пратениците во Европскиот парламент ѝ порачаа на албанската влада дека мора да го „промени правецот“ бидејќи предложениот проект на заштитените брегови и подрачја со диви животни ги прекршува еколошките политики на ЕУ. Противењето на ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. ...
Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот воена помош од НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на дипломатски извори. Со ова се доведува во прашање проширувањето на обврските за финансиска поддршка на Киев и за следната година, пишува „The New Voice of Ukraine“. Амбасадорите на земјите членки веќе го усогласија нацртот ...
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ утрово информира дека Општина Центар не се откажува од идејата и школските дворови да може да се даваат под наем на приватници. „Откако претходниот пат советот го отфрли предлогот да може да се изнајмуваат и дворови, скривници и игралишта во школите, а намените за кои се дава под наем просторот во школите да биде и производство, трговија и забава, сега има нов предлог. Во него останува можноста покрај ...
Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари под 72 долари, одразувајќи ја проценката на инвеститорите дека Иран и САД наскоро ќе усогласат рамка за преговори што ќе ги отстрани пречките за нормализација на сообраќајот низ Ормускиот теснец. Барел сирова нафта на лондонскиот пазар во текот на попладнето чинеше 71,89 долари и беше поевтин за 1,06 долари во споредба со вчерашното затворање на тргувањето. Од нашата мрежа ...
По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои, како што велат, носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Од нашата мрежа ...
Гласноговорничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е „извонредна лажга“ поради тврдењата дека Русија наводно одлучила да ја прекине испораката на природен гас за Европа. Захарова смета дека секој граѓанин на ЕУ може да ја тужи претседателката на Комисијата поради таа изјава и да го добие случајот, пишува руски ТАСС. Од нашата мрежа ...
Многу полемика во јавноста предизвика фактот дека универзитетски професори, актуелни пратеници, адвокати, граѓански активисти, лекари, поранешни функционери на СДСМ и актуелен градоначалник вчера учествуваа на првата дебатна средба „Разговори за иднината во 12:05“, која се одржа зад затворени врати и веќе отвори шпекулации за можни нови политички процеси во македонскиот опозициски блок. Веднаш се остава впечатокот дека се формира алтернатива ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик: „Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на ...
Русија во ноќта кон четвртокот изврши голем ракетен напад и напад со беспилотни летала врз Киев, а експлозии со часови одекнуваа низ украинската престолнина. Во нападот загина едно лице, додека повеќе луѓе се повредени. Нападот со балистички и крстосувачки ракети, како и со дронови, ги зафати двете страни на реката Днепар и сите 10 градски окрузи. По првите предупредувања од украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите власти, голем ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше посветеноста на Шпанија кон обврските во рамките на НАТО и изјави дека Куба, по многу децении, се свртува кон САД, потсетувајќи притоа на историјата на Шпанско-американската војна. „Ах, Шпанците. Тие се членки на НАТО, но не се баш добри членки на НАТО“, рече Трамп. Од нашата мрежа 📽️Тилеманс го постигна најдоцниот гол во историјата на завршниците на… 13 минути kontra.mk Зелена ...
ЕУ го менува принципот на распределба на парите за Балканот. Најголем губитник БиХ Европската комисија има намера да ги прераспредели средствата наменети за поттикнување на реформите на Западен Балкан и да ги насочи кон земјите кои предничат во процесот на пристапување во Европската Унија. Како што за „Еуроњуз“ потврдија двајца функционери на ЕУ, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија би требало да добијат поголем дел од финансискиот колач, ...
Алекс Карп, извршниот директор на компанијата Палантир, во средата изјави дека е „извршен директор кој најјавно го поддржува Израел“, но истовремено тврди дека приватно ги критикува израелските функционери за политиките кои не ги поддржува. Во интервју за „Си-Ен-Би-Си“, Карп рече дека верува оти Израел и понатаму е важен американски партнер, дури и ако Вашингтон и Тел Авив не се „целосно усогласени“, пишува „Си-Ен-Би-Си“. „Мислам дека Израел ...
„Државните и локалните институции бараат помош околу дивоградбите од стручната фела само кога има некој инцидент или проблем“, изјави за „Локално“, професорот Јосиф Јосифовски од Гредежниот факултет во Скопје. Според него државата мора да најде начин да се контролира процесот на легализација на оние дивоградби за кои беа одобрени за легализација, како и да се најде решение што ќе се прави со новите кои се појавуваат -Има начини да се фоормира ...
Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој ...
Екс-градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи упати остар одговор до гинекологот Ненад Лазаров, по јавните коментари поврзани со неговата здравствена состојба. „Нека кинат зелени оти тие се потребни зошто прават забава за простаци. За овој господин Ненад Лазаров повеќе пријатели ме известија дека бил доктор. Не само доктор туку специјалист гинеколог! Државата немала потреба од таквите како него па ...
Европската Унија воведе царина од 3 евра за пратките од трети земји, што значи дека производите од „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шеин“ ќе поскапат. Со реформата се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност до 150 евра, па практично сите комерцијални пратки што влегуваат во ЕУ ќе подлежат на царинска постапка. Целта е да се заштити европскиот пазар од напливот на евтини производи од Кина. Според домашните експерти, дел од таа ...
Инфлуенсерката Нара Смит објави дека на нејзината двегодишна ќерка Вимси Лу ѝ е дијагностициран рак. Нара и нејзиниот сопруг, 28-годишниот модел Лаки Блу Смит, дознале за болеста кон крајот на минатата година, но веста ја споделиле со јавноста дури сега во емотивна објава на Инстаграм. Мајчински инстинкт и тешка дијагноза Од нашата мрежа Батон: Хамилтон има шанса да победи во Силверстоун 8 часа kontra.mk Гласнер останува во Премиер лигата 8 ...
Британската актерка Сиена Милер (44) ги објави првите фотографии од своето трето дете, второ што го доби со свршеникот Оли Грин. Актерката во мај дискретно потврди дека се породила, велејќи само: „Се случи. Покрај себе имам мало бебе“. Сега на социјалните мрежи, таа сподели увид во првите недели со новороденчето, со опис „Свет на возрасните“. Првите фотографии со новороденчето Од нашата мрежа Батон: Хамилтон има шанса да победи во ...
Повеќето луѓе се запознаени со остеопорозата, состојба во која густината на коските се намалува до тој степен што дури и помали повреди можат да предизвикаат фрактури. Сепак, малкумина се свесни дека и забите можат да бидат засегнати од истото слабеење. Џвакањето на забите во текот на целиот живот може да ги направи кршливи во подоцнежниот живот, но според стоматолог, млекото не е единствената храна што може да ги зајакне, пишува британски ...
„Има повеќе фактори кои се клучни за дивоградбите – прва и основна е корупција во администрацијата. Многу бавно одат работите и голем дел од луѓето, водејќи се дека имаат егзистенционални прашања, се решаваат да направат дивоградба бидејќи е спора процедурата“, вели архитектот Мартин Пановски за податокот на Државниот завод за статистика дека во текот на 2025 година во државата се регистрирани 911 бесправно изградени објекти. Запрашан колкава ...
Славниот американски актер Дени Гловер (79) соопшти дека му е дијагностицирана Алцхајмерова болест. Актерот од франшизата „Смртоносно оружје“ ја сподели веста во емотивно интервју за емисијата „Тудеј“ на Ен-би-си. На Гловер, кој на 22 јули ќе го прослави 80-тиот роденден, болеста му е дијагностицирана болеста во 2022 година, но дури сега одлучи јавно да зборува за тоа во разговорот со водителот Лестер Холт. Тој вели дека причината за јавното ...
Една од најпопуларните регионални пејачки, Јелена Розга, за првпат отворено проговори за здравствените предизвици со кои се соочува во последните месеци. Во интервју за списанието „Ин Магазин“, таа откри дека ѝ е дијагностицирана инсулинска резистенција, што ја принудило значително да ги промени своите навики во исхраната и начинот на живот. Од нашата мрежа 🎥Англичаните не победиле од 1966 година откако први примиле гол… 38 минути kontra.mk ...
Никој не го гарантира квалитетот на дивоизградените објакти, смета професорот Јосиф Јосифовски од Градежниот факултет во Скопје и порача дека е страшно голема бројката од над 900 нови дивоградби регистрирани лани. Тој за „Локално“ изјави дека голем проблем се и постоечките дивоградби, како и за кои е дозволена легализација, а се изградени до 2011 година. Според него, за нив мора да има некаков вид на стручна контрола, пред да се дозволи ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На ...
„Microsoft“ наскоро се подготвува да објави нов круг на отпуштања на работници како дел од своите напори за контрола на трошоците, се дознава од извори упатени во работењето на компанијата. Се очекува дека отказите ќе засегнат илјадници работни места, вклучувајќи ги одделите за продажба и советување, како и Xbox одделот за видеоигри, пишува Business Insider. Новиот бран отпуштања би требало да биде помал од минатогодишниот. Овој пат со ...