Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју за државната новинска агенција РИА Новости, го коментираше ставот на САД кон продолжувањето на договорот „Нов СТАРТ“, состојбата на преговорите за Украина и можните последици од конфискацијата на замрзнатите руски средства Тој нагласи дека, и покрај бројните отворени прашања, Москва сè уште се смета за подготвена за дијалог – но „без да се откаже од фундаменталните интереси“. ...
Оставам простор до пролет, Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и Андреј Жерновски да бараат мигранти низ Македонија кои што е дел од Договорот со Велика Британија. Ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, тие да ми се извинат на мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Бидејќи тој ја спомна пролетта и сме сакале предвремени избори, па не споредуваше со соседни земји, јас велам тројцата нека шетаат и ...
На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против екс-министерот Оливер Спасовски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. Од МВР велат дека Спасовски додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата ...
За најавите дека владиниот партнер и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити ќе го поддржи петочниот протест за поддршка на екс-лидерите на ОВК, на кои им се суди во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „тоа е изјава на Меџити и треба него да го прашаат“. -Владата не го поддржува и немаме намера. Ќе се погрижиме сето тоа да помине во најдобар ред, да нема инциденти и да не се случи нешто кое што ние граѓаните не сакаме да се случи. ...
„Економијата на креаторите повеќе не само што расте – таа созрева“, вака стои во официјалните податоци со приходи на платформата со видеа со експлицитни содржини, „OnlyFans“. „OnlyGuider“ (најпопуларниот пребарувач на OnlyFans) открива скок на глобалните приходи на 7,2 милијарди долари, во споредба со 6,6 милијарди долари во 2024 година. Според листата на земји и нивните граѓани кои што трошат пари за платформата, Македонија се наоѓа 86-мо ...
„Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот Мицкоски, дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – седница на која зборуваа родителите на трагично загинатите деца од Кочани. Наместо емпатија, обврска и чувство на одговорност, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави работи“, соопштија денеска од Левица. Според ...
„Сакав да предложам ликови кои што ќе персонифицираат промени. Ме прашавте за каков профил сакам – сакам бескромпромисен борец за почитување на законите. Бидејќи јавните обвинители се надлежни за гонење на сторителите на кривични дела, а колку се важни, ќе ви кажам дека во некои земји како во Британија, јавниот обвинител по функција е член на Владата во поширока смисла. Некој кој што ќе биде заколнат борец за владеење на правото и некој кој ...
Вјачеслав Володин, шефот на рускиот парламент, на средба со претседателот на Русија Владимир Путин, го објасни проблемот со непостоечкото законодавство што би ги регулирало роботите и вештачката интелигенција. Застапувајќи се за создавање законска рамка што би била ефикасна од една страна, а од друга страна нема да им наштети на луѓето, тој наведе лажна вест од хрватска веб-страница како пример од праксата. „Денес има предизвици и проблеми. ...
Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на вашите омилени јадења, се донесуваат од алгоритми, разбирањето како тие функционираат станува поважно од кога било претходно. Wolt, водечката платформа за дигитална достава, е една од ретките компании што отворено зборува за тоа. Компанијата, која во Македонија почна со работа од први април годинава, го објави својот Извештај за алгоритамска ...
Во интервју за Политико, објавено вчера, американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше земјите од ЕУ за нивните миграциски политики и војната во Украина, но во исто време изјави дека ќе продолжи да ги поддржува своите врски со политичарите од Стариот континент чии ставови за иднината на Европа се совпаѓаат со неговите. Малку порано во декември, тој ја потпиша Стратегијата за национална безбедност, која за прв пат содржи ...
Еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, министерот без ресор, Шабан Салиу се обрати од судницата на денешното рочиште, при што порача дека 9 години немал никаква фактичка или правна врска со институцијата ДЗС во која тој беше директор во периодот од 2012-2017 година. Вели дека нема вина за трагедијата. Тврди дека обвинението против него е неосновано. -Обвинението против мене е засновано врз претпоставки – можел да знае, требал да ...
Дилемата околу наводните тајни преговори меѓу Македонија и Велика Британија повторно се враќа во фокусот, како риба што ја пушташ во вода, а таа самата ти се враќа во мрежата. Иако Владата категорично уверува дека не постои никаков договор за увоз на мигранти, прашањето упорно се враќа – не само затоа што британските медиуми напишаа дека Лондон разгледува земји надвор од својата територија за формирање центри за обработка на бегалци, туку ...
„Мицкоски и Владата отворија толку голема дупка што нема пари како да се затвори се. Веќе сега, до крајот на годината, има 1 милијарда евра недостаток во Буџетот. Ова што Владата го прави е истото тоа што се случува во Србија – истите шеми на Александар Вучиќ. Таму велеа дека ќе се работи проектот со литиум, понатаму проектот го запреа и се распишаа избори. По изборите, повторно почна со копањето литиум, за да запре откако започнаа ...
„Зошто Шабан Салиу не е виновен? Пред се, отсуството на законската пропишана надлежност како раководно лице на ДЗС, според која, тој не бил дел ниту можел да биде дел од процесите за лиценците, инспекциските надзори, урбанистичките одлуки или од проверките на техничките услови на угостителските објекти. Таквите постапки не спаѓале во негови овластувања и не можат дa се поврзат со неговата финкција. Тој не можел дa делува на пожарот ниту на ...
До 2040 година, ЕУ мора да ги намали своите нето емисии на стакленички гасови за 90% во споредба со нивоата од 1990 година. Ова е предвидено во привремениот договор за измени на Европскиот закон за климата постигнат меѓу земјите-членки и Европскиот парламент. Новата обврзувачка привремена цел се смета за клучен чекор кон конечната климатска неутралност на ЕУ, планирана за 2050 година. Покрај новиот праг, договорот воведува и голем број мерки ...
Пратеникот од коалиција ВЛЕН, Аднан Азизи реагираше на протестите најавени за 13 декември како поддршка на екс-лидерите на поранешната ОВК, на кои им се суди во Судот во Хаг. Тој нагласи дека партијата ДУИ ја злоупотребува каузата на ОВК за политички причини. „Оние кои денес се претставуваат како организатори се носители на политички субјект кој е на власт 22 години, период во кој имало измислени затворања и атентати на команданти. Во никој ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување ...
Сите разговори за оставки и протести ќе се одржат дури откако Бугарија ефикасно ќе влезе во еврозоната по 1 јануари, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Тој потсети дека секогаш ги слушал барањата на демонстрантите, но стратешката цел на земјата е приоритет за владата, чиј мандатен носител е ГЕРБ. „Секогаш ги слушав граѓаните во текот на овие години. Луѓето кои протестираат од која било причина. Со овој буџет со кој започнавме, ги слушав и ...
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека целиот Западен Балкан има место во Европската Унија и дека Црна Гора ќе биде членка на Унијата од 2028 година. На социјалните мрежи синоќа тој изрази согласност со изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека влезот на Западен Балкан како целина во ЕУ е најдобрата идеја и изрази очекување дека Црна Гора ќе го постигне членството веќе во 2028 година. „Се согласувам дека ЕУ треба да ...
Данската воена разузнавачка агенција (FE) во вторник предупреди дека земјата се соочува со повеќе надворешни закани отколку во претходните години. „Големите светски сили сè повеќе ги ставаат своите интереси на прво место и користат сила за да ги постигнат своите цели. Војната во Украина особено го обликува развојот на безбедносната ситуација“, се вели во FE во својот годишен извештај, наведувајќи ги Русија и Кина меѓу земјите што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина не е подготвена да отстапи никаква територија на Русија. „Дефинитивно не сакаме да се откажеме. За ова се бориме. Немаме законско право да го правиме ова според украинскиот закон, нашиот Устав, меѓународното право или, искрено, моралниот закон“, рече Зеленски. Русија инсистираше на територијални отстапки како дел од договорот за прекин на инвазијата на Украина. Првичниот план ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Тој истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари на ...
Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти нешто коешто е својствено за одредени политички партии како и тоа дека Владата нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту пак ќе се градат било какви шатори, кампови или хабови во делот на илегалните ...
СДСМ соопшти дека не се само британските медиуми, туку и многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот. Од партијата наведуваат дека „Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија, а Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија“. -Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти ...
Економски раст од 3,8% за ниско развиена економија како нашата и, на пример за економијата на Словенија, не е исто. Стандардот и воопшто општествениот раст и развој го одржуваме со заеми. Засега , ваквите стапки на раст под 4%, не значат видливо подобрување на животниот стандард. Потребни ни се итни структурни реформи, вели во интервју за „Локално“ професорот Сами Беслими. Статистички точно е дека во третиот кавртал економијата испорача раст ...
„Се плашам дека никој не му верува на претходниот соговорник. Не знам сам дали си верува, но имаме сериозни сомнежи во тоа што се случува. Ние ги цитираме британските медиуми и политичари. Ако сметате дека СДСМ лаже, уште вечерва за тужба за клевета на Тајмс, Гардијан и вашите колеги-лабуристи кои што се на власт и кои што говорат за веќе постигнат договор кој што само Македонија го прифатила, а Косово се чека. Од вашето „Safe Country“ ќе ...
Едното од трите крила на Алијансата Албанците, предводено од Арбен Таравари, ја информира јавноста дека го поддржува протестот организиран во, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на Ослободителната војска на Косово, кои продолжуваат да бидат неправедно притворени во Хаг. Ова стои во соопштението на АА. „Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на ...
Владата на вчерашната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и го достави до Собранието. Портпаролката Марија Митева соопшти дека постапката е продолжена по завршување на изборниот период, кога била привремено стопирана. Според образложението, иницијативата се темели на сериозни професионални пропусти во работењето на Коцевски, меѓу кои неовластено откривање информации од судски предмети, нарушување ...
„Судот во Стразбур неколку пати одлучуваше за пензиите, а исто така ги третира пензиите како имот во согласност со член 1, Протокол 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права“, изјави вчера уставната судијка Добрила Кацарска по прашањето за усогласувањето на пензиите. Кацарска вели дека некој му дал погрешна информација на премиерот Христијан Мицкоски дека таа веќе потпишала пензионерите да мораат да ги враќаат петте илјади денари кои ...
многу несигурни ✅ Зошто не е извесно дека ќе има демографска промена ⚠️ Зошто не треба да се претпоставува „драстична промена“ на демографијата 🔎 Што покажуваат најновите настани и изјави 💡 Што би било потребно за да има вистинска демографска промена За да се размислува сериозно за евентуална демографска промена — би требало: 🧮 Заклучок Во овој момент, прашањето е добар предвидувач — да, теоретски постои шанса дека евентуален трансфер на ...