Пратеничката и генерална секретарка на Левица, Јована Мојсоска во интервју за „Локално“ изјави дека одлуката на нејзината партија да продолжи да делува опозициски се покажа како целосно исправна, затоа што, според неа, емпириски ако ја разгледувате политичката историја на Македонија, кога партија со 5,6 па и 7 пратеници се приклучува кон вакво „комотно“ мнозинство (како што е ДПМНЕ со 58 пратеници), таа целосно се поклопува од страна на ...

Денеска се отвори новиот скијачки центар „Михајлово“. Од општина Кавадарци нагласуваат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина. Покрај природниот снег кој изминатиот период го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на ...

Американскиот милијардер Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида. На свечениот дочек присуствувале и новоизбраниот потпретседател на САД, Џеј Ди Венс и сенаторот Тед Круз. WATCH: Donald Trump and Elon Musk showing moves at Mar-a-Lago on New Year’s Eve. pic.twitter.com/LVl1nKCOkb — Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 1, 2025 Атмосферата била празнична и ...

Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет, соопштија од СДСМ по повод 108 години од раѓањето на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Од партијата ...

Сепаратистичкиот молдавски регион Придњестровје го прекина снабдувањето со греење и топла вода за домаќинствата откако Русија престана да испорачува гас преку Украина. „Нема греење, ниту топла вода“, изјавила телефонски вработена во локалната енергетска компанија Тирастеплоенерго од Тираспол, главниот град на Придњестровје. Таа додала дека не знае до кога ќе трае оваа ситуација. Придњестровје е проруски регион кој се отцепи од остатокот на ...

Се стравува дека повеќе луѓе се мртви откако автомобил влетал во толпа луѓе во Њу Орлеанс, се вели во извештаите. Луѓето ја прославувале Новата година на улица во градот кога возач влетал меѓу нив и ги покосил. Екипите за итни случаи се упатиле на местото на нападот на раскрсницата на улиците Бурбон и Ибервил во францускиот кварт во градот. Полицијата досега потврдила еден смртен случај, но се стравува дека бројката може да биде и до 10. ...

Вчера беше објавено дека се помилувани седум осудени лица, по повод новогодишните празници. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова информираше дека работата е во рацете за Комисијата за помилување, а претходно стигнал предлог од Министерството за правда. Шефицата на државата добила објаснување за сите случаи. -Кога човек ќе чуе помилување, мисли дека некој е целосно е ослободен. Овие помилувања се однесуваат на три месеци и еве изјавувам ...

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје. Овој чин претставува израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија. Делегацијата се ...

Во периодот кога празничните украси го осветлуваат секој дом, а семејствата се собираат во духот на среќата и заедништвото, за многумина овие денови се време на зголемен ризик, страв и изолација. Родово и семејно насилство во празничниот период се „невидливи“ проблеми, кои ретко се дискутираат јавно, а уште поретко се третираат со соодветни мерки. На оваа тема редакцијата на „Локално“ разговараше со „Реактор – Истражување во акција“ – независна ...

Уште едно историско достигнување за Леброн Џејмс во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) на САД и Канада. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс стана првиот играч во историјата кој влегол во лигата како тинејџер и наполнил 40 години како активен кошаркар. Џејмс го прослави својот роденден на 30 декември, а еден ден подоцна постигна 23 поени за Лејкерси во поразот од Кливленд во регуларниот дел од сезоната 110-122. И покрај поразот, Лејкерси ...

Раководството на Реал Мадрид упатило барање до Ливерпул за трансфер на дефанзивецот Трент Александер-Арнолд во јануари, но одговорот од „црвените“ бил негативен, пренесе Sky Sports. Договорот на 26-годишниот англиски репрезентативец со тимот од Мерсисајд истекува на крајот од сезоната и од денеска Реал може слободно да преговара со него за преддоговор кој ќе стапи на сила од летото. Сепак, кралскиот клуб сака да се засили во јануарскиот преоден ...

Златан Ибрахимовиќ, еден од најголемите егоисти на планетата, реши да се извини. Тој го направи тоа за прв пат во животот и многумина беа изненадени. Ибрахимовиќ продолжува да работи како советник за спортски прашања во Милан, но не е тајна дека тој речиси се прашува за се во клубот. Откако Милан ремизираше со Рома (1:1), беше одлучено да се замени Пауло Фонсека. Навивачите сакаа тоа да се случи порано и новиот тренер да има повеќе време да го ...

Унгарија го загуби правото на помош од ЕУ вредна околу една милијарда евра поради кршење на владеењето на правото, бидејќи требаше да ги спроведе реформите до крајот на 2024 година, потврди за ДПА портпаролката на Европската комисија. За да ги ослободи средствата, земјата мораше да спроведе реформи до крајот на 2024 година. Истечените средства, во вредност од 1,04 милијарди евра, беа наменети за Унгарија од програмата за поддршка на структурно ...

Прекинот на транзитот на гас преку Украина за Европа ќе има последици за Европската унија, но нема да ѝ наштети на Русија, смета словачкиот премиер Роберт Фицо. „Ова (прекинот на транзитот на гас преку Украина) ќе има тешки последици за сите нас во Европската унија, но не и за Русија“, рекол Фицо во својата видео порака објавена на социјалните мрежи. Според податоците на Европската мрежа на оператори на системи за транспорт на гас (ENTSOG), ...

Возачките дозволи со старото име на државата од денеска престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна, предупредија од МВР. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. Според податоците на МВР, остануваат уште околу 150 илјади возачки дозволи кои треба да се заменат. Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои сè уште не ...

Винисиус Жуниор трета година по ред е прогласен за најдобар фудбалер на ибероамериканските земји кои настапуваат во шпанската лига, во која се оние од Латинска Америка, Португалија и Шпанија. Наградата ја доделува шпанската агенција „ЕФЕ“, а изборот го прават нејзините спортски новинари. 🏆 @ViniJr receives EFE Trophy for Best Ibero-American Player of 2024!#RealFootball | @EFEnoticias pic.twitter.com/2ufJGHhOkB — Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 ...

Дали Ливерпул може да остане без својот лидер, а англиската Премиер лига да загуби една од своите најголеми ѕвезди? Мохамед Салах влегува во последните шест месеци од договорот со „црвените“ и од денеска е слободен да преговара со други клубови надвор од Англија. Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул по победата од 5:0 над Вест Хем, велејќи дека се уште е далеку од потпишување на нов договор. Тоа сепак зборува за затоплување на односите во ...

Покривање загуби на општините сметам дека е сосема погрешен пристап, кој всушност поттикнува непродуктивност, мерка што ја практикуваше претходната Влада. Оваа Влада, смета дека таквиот модел не е соодветен. Иако е точно дека општините се соочуваат со ограничени буџети, тоа не е оправдување за нивните негативни финансиски резултати, вели во интервју за „Локално“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински запрашан дали унгарскиот кредит ...

Првото новородено бебе во земјава се роди по само една секунда по полноќ. На свет на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство дојде Јаков со тежина 3 килограми и 190 грама, должина од 50 цм. Ова денеска го соопштија здравствените власти. Мајката на бебето била хоспитилизрана на ГАК во 39-та гестациска седмица поради покачен крвен притисок. -Мајката и бебето се во одлична состојба, информираат од Клиниката. Како што појасни ...

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет. Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа. – На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично ...

Барселона не успеа да ги ангажира Дани Олмо и Пау Виктор. Претходно, на Каталонците два пати им беше одбиена регистрацијата на играчите за втората полусезона. Се очекуваше тие да бидат регистрирани во последен момент откако беше одобрен договорот за продажба на ВИП ложи на Камп Ноу. Сепак, управата на Ла Лига излезе со соопштение дека клубот не успеал да ги пријави играчите. „Ла Лига информира дека Барселона од 31 декември не претставила ...

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека политиките што ги спроведува новата Влада на крајот на оваа година да донесат подобри резултати и посилна економија. На својот ФБ профил вели дека крајот на годината и почетокот на Новата е време кога гледаме зад нас што сме направиле и на што сме ја потрошиле нашата енергија и какви очекувања имаме за Новата година. „Испративме година во која се соочивме со многу предизвици. Во ...

Официјалните веб-страници на неколку француски градови беа цел на голем сајбер напад организиран од проруската група NoName05716, која претходно ги нападна веб-страниците на Националното собрание и Сенатот, јавува BFM TV. По Марсеј и Ница, кои беа нападнати на 31 декември, меѓу погодените градови беа и Нант, Авр, Анже, Бордо, Пау, Тарб и Монпеље. Веб-страниците на сите овие градови станаа недостапни по нападот, а хакерите го зголемија бројот на ...

Европската комисија (ЕК) објави дека е очекувано денешното стопирање на испораките на руски гас за Европа преку Украина и дека ЕУ се подготвила за тоа. Портпаролот на ЕК рече дека европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за да обезбеди гас од други земји освен Русија до Централна и Источна Европа преку алтернативни рути. Портпаролот истакна дека Европа е зајакната со значителни нови капацитети за увоз на течен природен гас (LNG) од ...

Сајбер безбедноста е практика на заштита на системи, мрежи и програми од дигитални напади. Ваквите сајбер напади обично имаат за цел пристап, менување или уништување чувствителни информации и изнудување пари од корисниците или нарушување на нормалните деловни процеси. Спроведувањето на ефективни мерки за сајбер безбедност денес е особено предизвик бидејќи во моментов има повеќе уреди од луѓе во светот, а напаѓачите стануваат сè поиновативни. Во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година. – Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден за подарок, но ќе направиме се за да ја запреме Русија и да ставиме крај на војната, рече тој во својот говор објавен на социјалните мрежи. Зеленски додаде дека Украина треба да се ...

Дури и во новогодишната ноќ, Русија се грижи само да и наштети на Украина. 111 нападни беспилотни летала беа лансирани против нашите градови. Благодарение на нашите системи за противвоздушна одбрана, мобилните противпожарни групи и тимовите за електронско војување, повеќето од нив не успеаја да стигнат до своите цели, истакна претседателот на земјата, Володомир Зеленски на својот Фејсбук профил. За жал, вели тој, во овој момент се знае дека едно ...

Чувствував огромна одговорност пред самата себе, но и пред сите граѓани и иднината на државата дека ако сакам работите да се променат мора да бидам активен чинител во процесот, а не само пасивен набљудувач и коментатор од страна. Во крајна линија, за што ќе бидеме ние од нашата генерација одговорни пред нашите деца, ако сите кои знаат, умееат и имаат личен и професионален интегритет, бегаат од партиско политичкото организирање и од директно ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посетил дел од полициските службеници кои биле на терен за време на новогодишната ноќ. Како што информира Министерството за внатрешни работи, Тошковски порачал дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедни и да ја поминат новогодишната ноќ во пријатна атмосфера, мирно и достоинствено и дека полицијата е присутна и будно ќе ја следи состојбата во насока на одржување на јавниот ред и мир. ...

„Првиот претседател на државата Киро Глигоров е еден од најголемите великани на современата македонска историја. Тој беше државник, визионер којшто ја водеше Македонија со многу ум, трезвено, најзаслужен за тоа што бевме единствени од сите поранешни републики на Југославија кои без војна и крвопролевање се изборивме за независност и меѓународно признавање”, истакнува градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод одбележување на ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1028
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
59%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.87
59%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
78%
1025
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
78%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
66%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71